17/11/2021
Драги играорци и драги родители,
Ова беше нашата последна групна фотографија пред 2 години кога сите заедно на сцена со прекрасни кореографии го одбележавме 5 годишниот јубилеј на КУД „Гоце Маркоски“.
Со пандемијата од КОВИД-19 светот застана, застанавме и ние.
Но не се откажуваме. Ни недостasuvaat пробите, дружењата, кавгите, солзите, изненадувањата, концертите, турнеите, јубилеите, бината, лисабон..ни недостига фолклорот..
Сакам зимово да останете дома, да го чувате вашето здравје за да од пролет во април излеземе на бина и повторно да го вратиме животот на бината, џагорот на играорците и звуците на кореографиите...
Некои наши колеги работат, во ред на нивна одговорност. Јас како доктор ја следам ситуацијата со вас како мои пациенти, ученици, средночколци и студенти. Во последниов период се зголеми бројот на ново заразени со КОВИД како и на возрасни но повеќе ме загрижува што се повеќе ученици добиваат позитивни КОВИД тестови.
Затоа да се стрпиме оваа зима и со добра мисла, надеж и нова сила да започнеме со редовните проби напролет надвор на бина.
Ве сакаме сите и ни недостасувате