SmartyKids Радишани - детски едукативен центар

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • SmartyKids Радишани - детски едукативен центар

SmartyKids Радишани - детски едукативен центар „Едукативен центар за деца од 4 до 12 години: ментална аритметика, почетна математика, развој на моторни вештини и логика низ игра и забава.

🔬 НОВА ПРОГРАМА ВО SMARTYKIDS – РАДИШАНИ: „МАЛИ ИСТРАЖУВАЧИ“ 🌿Оваа учебна година отвораме врата кон еден возбудлив свет ...
20/08/2026

🔬 НОВА ПРОГРАМА ВО SMARTYKIDS – РАДИШАНИ: „МАЛИ ИСТРАЖУВАЧИ“ 🌿

Оваа учебна година отвораме врата кон еден возбудлив свет на прашања, експерименти и детски откритија!

Програмата „Мали истражувачи“ е наменета за деца на возраст од 6 до 10 години кои сакаат да набљудуваат, да истражуваат и постојано да прашуваат: „Како?“, „Зошто?“ и „Што ќе се случи ако…?“

На часовите нема само да зборуваме за науката – ќе ја доживуваме преку практични истражувања, модели, експерименти и инженерски предизвици.

Ќе создаваме модели преку кои ќе набљудуваме како работат срцето и белите дробови. Отпорот на воздухот и гравитацијата ќе ги истражуваме преку изработка и летање минијатурни падобрани, хартиени авиони и воздушни ракети, а за температурата и начинот на кој работи термометарот ќе учиме создавајќи сопствен едноставен термометар.

Ќе изработуваме ветерници и воденици, ќе создаваме рампи и автомобили придвижувани со балон и ќе откриваме како воздухот, водата и силите можат да предизвикаат движење.

Учениците ќе работат и во тимови: ќе градат што повисока кула од шпагети и брод од алуминиумска фолија што треба да понесе што поголема тежина. Потоа ќе ги набљудуваат резултатите, ќе ги анализираат своите решенија и повторно ќе ги подобруваат – токму како вистински мали научници и инженери.

Наместо сложени дефиниции и учење напамет, научните поими ќе ги откриваме преку:

🔍 набљудување и поставување прашања;
🧪 водени експерименти;
🛠️ градење, тестирање и подобрување модели;
🤝 тимска работа и заедничко решавање предизвици;
💡 поврзување на наученото со секојдневниот живот.

Нашата цел е децата не само да стекнат нови знаења, туку и да развиваат љубопитност, логичко и критичко размислување, истрајност и храброст самостојно да истражуваат и да доаѓаат до заклучоци.

НАБЉУДУВАМЕ • ИСТРАЖУВАМЕ • ОТКРИВАМЕ • ПРИМЕНУВАМЕ

📌 Уписите се во тек.
📅 Започнуваме на 15 септември.
👧🧒 Возраст: од 6 до 9 години
📍 SmartyKids – Радишани
📞 078 438 206

Пишете ни за повеќе информации и навреме резервирајте место за вашиот мал истражувач. 💚

ПОГЛЕДНЕТЕ КОИ ПРОГРАМИ МУ ГИ НУДИМЕ НА ВАШЕТО ДЕТЕ ОВАА УЧЕБНА ГОДИНА! ✨🔢 Смартиматика – за деца од 3 до 6 години🧮 Мент...
16/08/2026

ПОГЛЕДНЕТЕ КОИ ПРОГРАМИ МУ ГИ НУДИМЕ НА ВАШЕТО ДЕТЕ ОВАА УЧЕБНА ГОДИНА! ✨

🔢 Смартиматика – за деца од 3 до 6 години
🧮 Ментална аритметика – за деца од 6 до 10 години
🔬 Мали истражувачи – за деца од 6 до 9 години
📚 Асистенција за ученици во одделенска настава

Новост оваа година е програмата „Мали истражувачи“, на која особено ѝ се радуваме! 🔬🌱🪐

Преку експерименти, набљудување, создавање модели и практична работа, децата ќе го истражуваат светот околу нас, ќе поставуваат прашања и самостојно ќе доаѓаат до нови откритија.

📅 Стартуваме од 15.09
👧🧒 Работиме во мали групи со ограничен број места.

За повеќе информации за програмите, термините и пријавувањето, пишете ни во порака. 💙

Се вративме од одмор – одморени, полни со енергија и подготвени за нови Smarty авантури! 💙📣 Уписите за редовните програм...
13/08/2026

Се вративме од одмор – одморени, полни со енергија и подготвени за нови Smarty авантури! 💙

📣 Уписите за редовните програми во SmartyKids Радишани се отворени, а со часовите започнуваме на 15 септември!

Доколку сакате да дознаете повеќе за програмите, возраста, термините и начинот на работа, слободно пишете ни. Подготвени сме да одговориме на сите ваши прашања и заедно да ја избереме програмата што најмногу му одговара на вашето дете.

Бројот на места во групите е ограничен, затоа резервирајте го местото за вашето дете навреме. ✨

📩 Пишете ни во порака или јавете се на 078 438 206.

Со нетрпение ги очекуваме новите и добро познатите Smarty дечиња! 💙

🌿 Лето со SmartyKids  #3Науката започнува со едно „Зошто?“Летото е најубавото време децата да ја истражуваат природата.Б...
24/07/2026

🌿 Лето со SmartyKids #3
Науката започнува со едно „Зошто?“

Летото е најубавото време децата да ја истражуваат природата.

Без разлика дали сте на плажа, на планина, на пикник или едноставно во дворот пред домот, природата постојано нуди можности за откривање и учење.

Многу родители мислат дека за да го доближиме детето до науката ни се потребни скапи експерименти или специјална опрема.

Но, вистината е многу поедноставна.

Науката започнува во моментот кога детето ќе праша:

„Зошто?“

Тогаш започнува и научното размислување.

Кога го поттикнуваме детето да набљудува, да поставува прашања, да претпоставува што ќе се случи и потоа да го провери својот одговор, ние всушност го воведуваме во основите на научниот метод.

Во продолжение ви споделуваме неколку едноставни активности што лесно можете да ги реализирате во природа. Не брзајте да му го дадете точниот одговор. Наместо тоа, прашајте:

💚 „Што мислиш ти?“

Понекогаш токму тоа едно прашање е почеток на најголемите откритија.

🌞 Лето со SmartyKids  #2 | Анимирани книги – мост до читањетоЕдна од работите што најчесто ги користиме на нашите часови...
21/07/2026

🌞 Лето со SmartyKids #2 | Анимирани книги – мост до читањето

Една од работите што најчесто ги користиме на нашите часови се анимираните приказни. Не затоа што сакаме децата да поминуваат повеќе време пред екран, туку затоа што понекогаш токму тие се најдобриот мост кон книгата.

Посебно ги сакаме приказните на Џулија Доналдсон. Добрата вест е што дел од нив се достапни и на македонски јазик.

Нашата препорака е едноставна:
🎥 Прво погледнете ја анимираната приказна заедно со детето.
📚 Потоа земете ја книгата и прочитајте ја повторно – овојпат без екран.

Ќе забележите дека детето веќе ги препознава ликовите, ја очекува приказната, ги забележува деталите на илустрациите и многу полесно останува фокусирано. Наместо книгата да му биде нешто ново и непознато, таа станува продолжение на едно убаво доживување.

Токму така ги користиме и во SmartyKids. Приказната е вовед, а потоа преку неа развиваме слушање со разбирање, логичко размислување, математички вештини, говор, збогатување на речникот и многу креативни активности.

📚 На крај, би сакала да ги спомнам и книгите на Ерик Карл, особено The Very Hungry Caterpillar и The Tiny Seed. Иако моментално не можам да најдам македонски изданија, тие се одлични сликовници за предучилишна возраст. Преку нив децата природно ги учат броевите, деновите во неделата, боите, редоследот на настаните и животниот циклус на пеперутката. Вреди да ги имате дома, дури и на англиски јазик, бидејќи приказната можете лесно да ја раскажувате и на македонски. Книгите на Ерик Карл биле преведувани на десетици јазици, а некои изданија со текот на времето повеќе не се достапни.

🎥 Еве неколку прекрасни анимирани приказни:

🔗 https://www.youtube.com/watch?v=6DacRKDASqg&t=384s

🔗 https://www.youtube.com/watch?v=QhhUE1qe3GA

🔗 https://www.youtube.com/watch?v=wfAsZdCtHOc

❤️ Ако ви се допадне овој начин на читање, топло ви го препорачувам и YouTube каналот Vooks Storybooks, каде ќе најдете голем избор на прекрасно анимирани сликовници.

А вие, дали вашето дете има омилена приказна што секогаш бара да ја слушне повторно? 💛

by Julia Donaldson (Author), Axel Scheffler (Illustrator)Publisher...

🌿 Лето со SmartyKids  #1Игри во домашни услови за развој на графомоторикатаКога ќе се спомне графомоторика, повеќето род...
17/07/2026

🌿 Лето со SmartyKids #1
Игри во домашни услови за развој на графомоториката

Кога ќе се спомне графомоторика, повеќето родители прво помислуваат на правилното држење на моливот. Но, тоа е само мал дел од приказната.

Пред детето да започне да пишува букви, неговото тело и мозок постепено треба да научат да контролираат различни движења на раката, како што се:

✏️ вертикални и хоризонтални линии, криви, лакови и едноставни форми
✏️ поврзување точки
✏️ следење патеки без излегување од нив
✏️ движење на раката одлево надесно и одгоре надолу.

Современите сознанија покажуваат дека подготвеноста за пишување не зависи само од силата на прстите. Таа вклучува и координација око–рака, визуелна перцепција, моторно планирање и добра контрола на движењата.

Затоа, најдобрата подготовка за пишување не се состои само од активности за фина моторика. Најдобри резултати се постигнуваат кога тие се комбинираат со предграфички форми, цртање и игра.

🌿 Со други зборови, подготовката за пишување не започнува на работен лист. Таа започнува додека детето игра, моделира, црта, истражува и создава.

Во овој пост ви подготвивме неколку едноставни активности што лесно можете да ги реализирате дома, а истовремено ќе ги развиваат токму овие важни вештини.

💛 И уште нешто што не треба да го заборавиме...

Со ваквите активности не ги подготвуваме децата само за пишување. Им покажуваме дека учењето може да биде игра, истражување и радост.

Кога детето расте со вакви искуства, кај него се создава љубопитност и позитивен однос кон учењето. Така, тргнувањето на училиште не го доживува како непозната обврска, туку како нова авантура што со нетрпение ја очекува.

Токму тоа е нашата цел во SmartyKids – да не ги подготвиме децата само за училиште, туку да им помогнеме да го засакаат учењето. 💚

☀️ Летна пауза за децата, но не и за идеите во SmartyKids!Во моментов нашите ученици уживаат во заслужениот летен распус...
16/07/2026

☀️ Летна пауза за децата, но не и за идеите во SmartyKids!

Во моментов нашите ученици уживаат во заслужениот летен распуст, а во едукативниот центар нема редовни часови и детски активности.

Но, дали тимот на SmartyKids – Радишани одмора?

Не баш. 😊

Зад затворените врати се планира, истражува, пишува, осмислува и подготвува со полна пареа. Во изминатиот период работиме на развивање на две сосема нови едукативни програми, а паралелно подготвуваме и уште една нова серија тематски работилници.

Сето тоа го создаваме со многу внимание, љубов и јасна цел – да им понудиме на децата уште повеќе можности за учење преку игра, истражување и вистински детски доживувања.

Наскоро ќе ви откриеме за кои програми станува збор, за која возраст се наменети, како ќе изгледаат новите работилници и какви активности ќе донесат во нашиот центар. ✨

А додека ги подготвуваме новите авантури, не застануваме со поддршката за родителите.

Во следните недели започнуваме со нашиот летен серијал:

🌿 „Лето со SmartyKids – мали идеи за големи детски откритија“

Двапати неделно ќе споделуваме едноставни и практични предлози што можете да ги примените дома, во природа или на одмор:

✏️ игри за развој на графомоториката
📚 нашите омилени анимирани книги
🌳 математички игри во природа
🧠 активности за развој на фокусот и концентрацијата
🍂 креативни идеи со природни материјали
🎨 совети поврзани со детското цртање и творештво
📖 препораки за литература за родители

Затоа, останете со нас. Летото можеби носи кратка пауза од часовите, но љубопитноста, учењето и идеите во SmartyKids никогаш не заминуваат на распуст. 💛

А веднаш по најавата на летниот серијал, ќе започнеме да ви ги откриваме и новите програми, работилници и активности што ги подготвуваме за следната сезона. 🌱

🔬 На 30.06 нашата Луда лабораторија се претвори во вистински научен центар исполнет со љубопитност, откритија и многу „у...
02/07/2026

🔬 На 30.06 нашата Луда лабораторија се претвори во вистински научен центар исполнет со љубопитност, откритија и многу „уааау!“ моменти!

Работилницата ја започнавме со нашата заклетва на научниците, а потоа сите заедно облековме замислени лабораториски мантили и се впуштивме во светот на науката.

Во текот на авантурата:
🌈 со хроматографија откривме дека една боја може да крие повеќе различни бои;
🌋 создадовме вулкан кој спектакуларно еруптираше;
🫧 направивме впечатлива слонова паста и научивме што ја предизвикува реакцијата;
✍️ напишавме тајни пораки со невидливо мастило и ги откривме како вистински детективи;
🐍 а за големото финале следуваше експериментот „Црна змија“, кој ги остави сите без здив!

Но, најважно од сè беше што децата не беа само набљудувачи – тие поставуваа прашања, претпоставуваа што ќе се случи, внимателно набљудуваа и самите учествуваа во експериментите, чекор по чекор следејќи го научниот метод.

Ви благодариме на сите мали научници за љубопитноста, ентузијазмот и насмевките. Со нетрпение ја очекуваме следната заедничка авантура! 💙✨

📚✨ Дојдете на едно магично читање каде страниците оживуваат, а приказната станува вистинска авантура!„Антон и баба на дн...
27/06/2026

📚✨ Дојдете на едно магично читање каде страниците оживуваат, а приказната станува вистинска авантура!

„Антон и баба на дното на морето“ е една од моите омилени детски книги – топла, забавна и полна со фантазија. Токму затоа со огромна љубов ја избрав за оваа работилница, затоа што верувам дека најубавиот начин да се роди љубов кон книгите е кога децата ќе почувствуваат дека навистина влегуваат во светот на приказната.

Заедно ќе нурнеме во морските длабочини, ќе решаваме мисии, ќе ги сретнеме јунаците и ќе откриеме дека читањето може да биде најмагичната авантура.

Ве очекуваме! 💙🌊

🧪 Имаме мала промена во распоредот! За да им овозможиме на што повеќе мали научници да ни се придружат, работилницата „Л...
26/06/2026

🧪 Имаме мала промена во распоредот! За да им овозможиме на што повеќе мали научници да ни се придружат, работилницата „Луда лабораторија“ ќе се одржи во нов термин. Погледнете го ажурираниот постер и резервирајте го вашето место. 💙

Address

Улица „Радишанска бр. 2„/Радишани
Skopje
1115

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when SmartyKids Радишани - детски едукативен центар posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share