Karate Klub Metalurg

Karate Klub Metalurg Карате клубот Металург е основан во 1969 година и е еден од најстарите карате клубови во Македонија.

Визија:
Каратето е првенствено боречка вештина која ги учи децата на самоодбрана и на разни техники кои детето ги совладува, но во исто време како придобивка од учењето на оваа боречка вештина е потикнувањето на психовизичкиот развој и раст на детето. Преку вежбањето на карате детето учи што е самостојност, истрајност, упорност. најголеми добивки од оваа боречка вештина се почитта, дисциплината и

самодовербата кое детето ги добива со вежбање и учење на оваа вештина и секако ги развива и во социјалниот живот, односно во неговото опкружување. Освен што каратето е боречка вештина истотака е и спортска дисциплина со кое детето учи како се работи во тим, го потикнува натпреварувачкиот дух кај детето и една од најважните придобивки од вежбањето на карате е секако подобрување на здравјето на секое дете, односно квалитетот на животот со овозможување на зголемување на физичката подготвеност, односно физичка кондиција кај детето. Во денешно време се соочуваме со секакви негативни појави во општеството како пушење цигари, дрога, насилство, видеоигри, мобилни телефони и сл. а децата се најголемиот ризик да посегнат по овие работи. Затоа треба на време да се реагира и да му се покажат на детето позитивните работи во животот, а една од поважните позитивни работи е спортувањето. Преку спортот покажуваме дека има и убави работи во животот за кои вреди да се вежба, да се труди и секако бенефитите од вежбањето се непроценливи.

Членови од нашиот тим нè претставуваа на Еразмус+ проектот „Online Smart: Create, Engage, Protect“, кој се одржа од 3 до...
09/03/2026

Членови од нашиот тим нè претставуваа на Еразмус+ проектот „Online Smart: Create, Engage, Protect“, кој се одржа од 3 до 11 јануари 2026 година во Остерхолц-Шармбек, Германија 🇩🇪. Заедно со нив, во активностите учествуваа вкупно 36 млади од Германија, Северна Македонија, Шпанија, Турција и Бугарија 🌍.

Проектот имаше за цел да ги охрабри младите свесно, креативно и одговорно да ги користат телефоните и дигиталните алатки, претворајќи ги од пасивни корисници во активни дигитални креатори 📱💡.

Преку практични работилници и интерактивни активности, учесниците учеа како да ги користат телефоните за мобилна фотографија, истражување и дигитална соработка, како и како да создаваат едукативна и креативна содржина за социјалните мрежи 🎥📷.

Проектот исто така придонесе за развој на дигиталната писменост и безбедното однесување на интернет, при што учесниците научија како критички да ги проценуваат информациите онлајн, да ја заштитат својата приватност и да одржуваат баланс помеѓу дигиталниот и офлајн живот 🧠🔐.

Преку тимска работа и интеркултурна размена, младите развија кампањи на социјалните мрежи, со цел да ја користат технологијата за позитивно влијание во своите заедници 📲✨. Во рамки на проектот, учесниците се запознаа и со можностите што ги нуди програмата Erasmus+ за младите во Европа 🇪🇺.

13/02/2026

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари прием со младите македонски каратисти кои постигнаа извонреден успех на Европското првенство за кадети, јуниори и по....

10/02/2026
10/02/2026

www.javisejuzna.mk е веб портал кој ја презентира македонската сцена и публика.

Денес тргнува нашиот натпреварувач Немања Младеновиќ со македонската репрезентација во КИПАР да ја претставува Македониј...
03/02/2026

Денес тргнува нашиот натпреварувач Немања Младеновиќ со македонската репрезентација во КИПАР да ја претставува Македонија на 53то Европско карате првенство… им посакуваме успех на сите натпреварувачи и дечки борете се за кого??????
За нашата татковина, за нашата земја, за нашата МАКЕДОНИЈАААА 🇲🇰

Address

881, Avtokomanda
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 19:00 - 21:00
Tuesday 19:00 - 21:00
Wednesday 19:00 - 21:00
Thursday 19:00 - 21:00
Friday 18:30 - 21:00

Telephone

+38971674148

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Karate Klub Metalurg posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share