22/05/2026
Со огромна тага и неверување ја примивме веста за трагичната загуба на Ристе Велков, како и на нашите поранешни ученици Адам Велков и Марко Ѓорѓиевски.
Ристе Велков не беше само врвен уметник и оперски првенец, туку и човек кој остави посебна трага и во нашето училиште. Пред неколку месеци, преку својот настап во ООУ „Петар Поп Арсов“, на нашите ученици им подари незаборавно музичко доживување исполнето со емоција, уметност и топлина.
Во овие тешки и болни моменти, изразуваме најискрено сочувство до семејствата, блиските и пријателите.
Нема зборови што можат да ја опишат болката и тагата што ја чувствуваме.
Нека почиваат во мир. 🕊️
22/05/2026
Учениците од Активот на петто одделение на 20.5.2026 година, беа во посета на по повод „Недела на музеите“, но и со цел повторување, визуелизирање и утврдување на знаењата по предметот Историја и општество. 📚🏛️
Учениците имаа можност да се запознаат со богатото културно и историско наследство преку различните музејски поставки: 🔹 Праисториска археологија – фасцинантни неолитски предмети и фигури
🔹 Античка и средновековна археологија – статуи, оружје, шлемови и надгробни споменици откриени во Стоби, Скупи и други локалитети
🔹 Нумизматичка поставка – околу 2.500 ретки монети од злато, сребро и бронза
🔹 Антропологија и Лапидариум – камени споменици со натписи на грчки и латински јазик
Голема благодарност до вработените во музејот за топлиот пречек, интересните објаснувања и трпеливоста со која им одговараа на љубопитните детски прашања. 😊
Исполнети со нови знаења, убави впечатоци и насмевки, им препорачуваме на сите да го посетат музејот! 📙📘✨
20/05/2026
На ден 19.05.2026 година беше реализирано едукативно предавање на тема „Фосили и фосилен запис“, во реализација на палеонтологот м-р Биљана Гаревска. Преку интересно и стручно презентирање, учениците имаа можност да се запознаат со значењето на фосилите, начинот на нивното настанување и нивната важност за проучување на минатото на Земјата и развојот на живиот свет.
Во рамки на предавањето, учениците разгледаа и богата збирка на фосили, што дополнително го збогати нивното искуство и ја поттикна нивната љубопитност. Следуваше интересна дискусија, при што учениците активно поставуваа прашања и покажаа голем интерес за светот на палеонтологијата.
Ова предавање претставуваше значајна можност за проширување на знаењата и поттикнување на научниот дух кај учениците на часот по биологија во 8 одделение.
20/05/2026
Со особена гордост и радост го споделуваме успехот на нашите ученички Ксенија Дабеска и Ема Маџоска од VIII-2 одделение, кои освоија трето место на литературниот конкурс во организација на библиотеката , по повод празникот Св. Кирил и Методиј.
На тема „Мојот разговор со омилен лик од книга“, тие преку својата креативност, литературен талент и љубов кон книгата создадоа впечатлива творба што заслужено беше наградена.
Ученичките работеа под менторство на Марија Таневска, предметен наставник по македонски јазик.
Им честитаме за овој прекрасен успех и им посакуваме уште многу инспиративни моменти, награди и успеси! 📖✨
19/05/2026
🚲🌿 Шарен велосипедски свет во ООУ „Петар Поп Арсов“!
Од идеја до акција –вторачињата од нашето училиште преку креативна работилница за декорација на велосипедски паркинзи, покажаа како изгледа кога циркуларната економија станува дел од секојдневието.
Голема благодарност до Еко Логик за донацијата на „Вело-Буре паркинг“ и секако прекрасната дружба.
Една идеја. Еден паркинг. Илјадници бои на промена. 🚲
18/05/2026
💻🔒 На 14.5.2026 година успешната едукативна активност продолжи и со учениците од трето и четврто одделение. Студентите од Универзитет Американ Колеџ Скопје одржаа интересна и поучна презентација на тема „Сајбер безбедност – Како да бидеме безбедни на интернет?“.
Преку интерактивна дискусија и практични примери, учениците се запознаа со опасностите кои демнат на интернет, различни видови сајбер напади и начини за заштита на личните податоци. Посебно внимание беше посветено на phishing напади, malware и лажни профили на социјалните мрежи, како и на препознавање сомнителни пораки и линкови.
Учениците научија како да креираат безбедни лозинки, зошто е важно да не споделуваат лични информации со непознати лица и како одговорно и безбедно да ги користат дигиталните технологии.
Активноста предизвика голем интерес, активно учество и многу прашања од страна на учениците, а нејзината цел беше да се подигне свеста за важноста на дигиталната безбедност уште од најрана возраст.
👏 Голема благодарност до Универзитет Американ Колеџ Скопје за соработката и поддршката во реализацијата на вакви едукативни активности, кои придонесуваат за развојот на дигиталната писменост и безбедност кај учениците.
14/05/2026
✨ Другарството е богатство ✨
Како и секоја година, и оваа година на 10.5.2026 год. (недела), нашето училиште со две кореографии даде свој придонес на манифестацијата „Повторно заедно“, која се одржа на Школка во Градскиот парк, во организација на Аутизам-МК, под мотото „Другарството е богатство“. 💙
Учениците од трето и четврто одделение, како и учениците од осмо и деветто одделение, со победничката кореографија „Од традиционална до модерна Турција“, учествуваа на настанот и дадоа силна поддршка на лицата со атипичен развој, испраќајќи порака за меѓусебно прифаќање, почитување и еднаквост. 🤝
Преку оваа активност уште еднаш покажавме дека различностите треба да се прифаќаат и почитуваат, затоа што сите заедно можеме да изградиме поинклузивно, похумано и посреќно општество. 🌍💫
Горди сме на нашите ученици за нивната енергија, креативност и хуманост! ❤️
14/05/2026
🏃♂️🏃♀️ По повод Денот на спортот, на 11.5.2026 год. со учениците од второ одделение беа реализирани интересни и едукативни активности во соработка со студентите од Американ Колеџ и нивниот професор, нашиот родител Елене Бундалевска.
Учениците имаа можност да учествуваат во квиз-игра, да проследат презентација на тема „Здрави навики“, како и активно да се вклучат во спортски и игровни активности исполнети со дружење, тимска работа и позитивна енергија. ⚽🏀🎯
Преку игра, забава и движење, децата уште еднаш ја согледаа важноста на здравиот начин на живот и спортот во секојдневието. 💙💪
14/05/2026
🚒 На 6.5.2026 година учениците од второ одделение реализираа едукативна посета на Бригадата за противпожарна заштита и спасување – Автокоманда, во соработка со родителот Јулијана Стошиќ.
Учениците имаа можност одблиску да се запознаат со професијата пожарникар, противпожарните возила и опремата која се користи при спасување и гаснење пожари. Со голем интерес и внимание децата слушаа за секојдневните задачи и предизвици со кои се соочуваат пожарникарите и дознаа колку е важна, хумана и одговорна оваа професија.
Голема благодарност до сите пожарникари за топлиот прием и прекрасното дружење со нашите ученици, а особено до пожарникарот-едукатор Дарко Биберко за интересната и поучна презентација. 👩🚒👨🚒🔥
14/05/2026
📚✨ Љубовта кон книгата започнува уште од најмала возраст! ✨📚
На 28.04.2026 година учениците од трето и четврто одделение, заедно со своите наставнички и образовни асистенти, го посетија Саемот на книга во Скопје.
Учениците имаа можност да разгледаат богат избор на книги од различни издавачи, да се запознаат со нови наслови и автори и да ја поттикнат својата љубов кон читањето и знаењето. 📖💡
Посетата беше уште поинтересна бидејќи нашите ученици беа специјални гости на штандовите на Академска книга и Арс Ламина, каде уживаа во прекрасната атмосфера исполнета со книги, креативност и детска љубопитност.
Оваа активност претставуваше прекрасно едукативно и културно искуство кое кај учениците дополнително ја развива љубовта кон читањето, учењето и пишаниот збор. ❤️📚
13/05/2026
Со голема гордост споделуваме уште еден успех на нашето училиште! 🎉
На републичкиот конкурс „Македонски паничар“, нашата ученичка Аника Патаракоска освои 🥇 прво место!
Со својот талент, креативност и посветеност, Аника постигна извонреден успех и достојно го претстави нашето училиште. 👏
Честитки за Аника, како и за сите наставници и родители кои ја поддржуваат на патот кон нови успеси!
Продолжуваме да се гордееме со нашите ученици! ❤️📚