IThink е прва воведна Академија за деца од областа на технологијата чија основна цел е нејзина афирмација меѓу младите преку логично и креативно решавање предизвици и проблеми со помош на технологија.
Програмата е склоп на 5 модули:
1. Вовед во ИТ
2. Ајде да дизајнираме
3. Мистериите на интернетот
4. Забавно програмирање
5. Сакам роботи
Комбинацијата на модули е наше уникатно дело, а внатре с
екој од модулите комбинира конкретни стандардизирани препознатливи методологии, како на пример Микрософтовите програми за деца, потоа специјализирани софтверски алатки за дизајн и програми и хардверски сетови (роботи) за роботика и уште многу други изненадувања.
Без намера да звучиме претенциозно, со овој проект сакаме на децата да им обезбедиме иднина, знаејќи дека забрзано доаѓа ера на ИТ професионалци. Но, поважно е дека и оние кои нема да ја изберат оваа област ќе мора да ги познаваат техннологиите и нивната употреба.
Академијата е наменета за деца од 8 до 14 години
Наставата се одвива во групи по 15 деца
Специфични цели на IThink Академијата:
• Поттикнува АНАЛИТИЧКО размислување;
• Стимулира РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ и ПРЕДИЗВИЦИ;
• Покажува дека учењето со технологија е ЗАБАВНО;
• Ги воведува децата во информациската технологија како НАЧИН НА ЖИВОТ;
• Развива идеи низ ИГРИ и ЗАБАВА;
• Креира атмосфера на ИНТЕРАКТИВНО И САМО-МОТИВИРАЧКО учење;
• Развива интерес за КОНТИНУИТЕТ на учењето за технологијата и дома;
• Ги поттикнува децата да изберат МЕТОД за решавање конкретен ПРОБЛЕМ;
• Поттикнува ТИМСКА РАБОТА и ја зголемува САМОДОВЕРБАТА.