EQ Minds

EQ Minds Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from EQ Minds, Education, Vasil Stefanovski br. 3a (Kaj Katolichka Crkva), Skopje.

Преку интеграција на SEL програмата (Социјално Емоционално Учење), во EQ Minds сме посветени на развивање на самосвеста, самоконтролата и интерперсоналните вештини на децата кои се од витално значење за успех во училиштето, работата и животот.

Децата не се раѓаат со вештини за справување со емоциите, конфликти и предизвици, тие се учат. Преку нашата баучно базир...
16/08/2026

Децата не се раѓаат со вештини за справување со емоциите, конфликти и предизвици, тие се учат.

Преку нашата баучно базирана и иновативна програма за SEL (социјално-емоционално учење), децата развиваат:

✨ самодоверба и самосвест
✨ подобра регулација на емоциите
✨ емпатија и разбирање на другите
✨ подобри односи со другите
✨ фокус и концентрација
✨ вештини за носење одговорни одлуки

Во EQ Minds, учиме преку разговор, игра, приказни, докажани SEL техники, активности и ситуации од секојдневниот живот на начин кој е природен и интересен за децата.

👧 5–7 години | 👦 8–11 години
📍 Центар, Скопје – кај Католичка црква
📩 Уписи во тек

За повеќе информации и пријавување, пишете ни во порака или јавете се на 071 296 069.

Кога ги учиме децата да ги препознаат и изразат своите емоции, тие полесно се справуваат со стресот, побрзо решаваат кон...
08/08/2026

Кога ги учиме децата да ги препознаат и изразат своите емоции, тие полесно се справуваат со стресот, побрзо решаваат конфликти и градат стабилна самодоверба.

Програмата на EQ Minds за социјално-емоционално учење им помага на децата да ги развијат овие клучни вештини преку игра и интерактивни активности.

31/07/2026
Повремени несогласувања помеѓу браќата и сестрите се нормални, но кога децата се дома подолго време, особено кога немаат...
27/07/2026

Повремени несогласувања помеѓу браќата и сестрите се нормални, но кога децата се дома подолго време, особено кога немаат многу активности или мораат да поминуваат повеќе време заедно, конфликтите стануваат почести, а родителите често се прашуваат: Да се вмешам или да ги оставам сами да го решат проблемот?

Најдобро е да не се обидувате да ја спречите секоја кавга. Наместо тоа, помогнете им да научат како да се справат со конфликтот.

🗣️ Наместо: „Престанете веднаш да се карате!“
👉 Кажете: „Гледам дека двајцата сте лути. Ајде прво да се смириме, па секој ќе каже што се случи.“

🗣️ Наместо: „Кој почна?“
👉 Прашајте: „Што ти пречеше и што можеш да направиш поинаку следниот пат?“

🗣️ Наместо: „Ти си постар/а, треба да попуштиш.“
👉 Кажете: „И двајцата имате право да бидете лути, но немате право да се навредувате или повредувате.“

Кога децата се постојано заедно, не очекувајте да поминуваат цел ден без конфликти. На секое дете му е потребно и свое време, свој простор и можност за самостојна игра.

Можете да воведете едноставно правило:

„Кога проблемот можете да го решите сами, обидете се. Ако има викање, навреди или физичко повредување, тогаш мама и тато се вклучуваат.“

И запомнете: браќата и сестрите не мора секогаш да се согласуваат, да делат сè или постојано да си играат заедно. Здравиот однос не значи отсуство на конфликти, туку начин како децата да се вратат еден кон друг по конфликтот.

Нашата задача како родители не е да бидеме судија кој одлучува кој е во право. Нашата задача е да ги научиме децата како да комуницираат, да поставуваат граници, да се слушаат и да ги регулираат своите емоции.

20/07/2026

☀️ Лето е совршено време за растење и без училиште! 🌈Не мора секој ден да биде исполнет со планови. Понекогаш највреднит...
19/07/2026

☀️ Лето е совршено време за растење и без училиште! 🌈

Не мора секој ден да биде исполнет со планови. Понекогаш највредните моменти се оние во кои децата едноставно играат, истражуваат, разговараат и создаваат.

Eве некои идеи за летните жешки денови:

👧🧒 За деца до 12 години:
🎨 Направете креативен проект од материјали што ги имате дома
🌱 Засадете растение и грижете се за него заедно
🔍 Организирајте „лов на богатство“ или пак пикник, прошетка во природа
🍪 Гответе или печете нешто заедно
📚 Изберете книга и направете свој стрип според неа
🃏Играјте карти или други друштвени игри
💭 Играјте игри со прашања: „Што би направил/а ако…?“

🧑‍🦱 За тинејџери:
🎧 Направете заедничка музичка плејлиста за летото
📸 Предизвикајте ги да направат фото-приказна од еден летен ден
🍳 Нека подготват самостојно еден оброк за семејството
💬 Разговарајте за нивните соништа, пријателства и планови, но без осудување и непотребни совети
📵 Одберете еден ден или неколку часа без телефони и поминете го заедно
🌍 Охрабрете ги да научат нешто ново што самите го избрале (пливање, свирење на инструмент и сл.)

💛 А најважната летна активност?

Да им дадеме простор да бидат деца. Да им дозволиме да им биде досадно. Да ги слушаме. И да создадеме спомени заедно.

Затоа што летото не мора да биде совршено испланирано за да биде прекрасно. ☀️🌿

Секое дете може да биде жртва, сведок или насилник. Затоа, наместо да ги учиме децата само „да се бранат“, потребно е да...
07/07/2026

Секое дете може да биде жртва, сведок или насилник. Затоа, наместо да ги учиме децата само „да се бранат“, потребно е да ги научиме да препознаваат емоции, да покажуваат емпатија и да ги решаваат конфликтите со почит.

Како родителите можат да помогнат?

1. Создадете доверба.
Одвојте време секој ден за разговор без телефони и без осудување. Детето треба да знае дека секогаш може да ви се довери.

2.Разговарајте за емоциите.
Помогнете му да ги препознава и именува своите чувства, но и чувствата на другите. Емоционалната писменост е основа за емпатија.

3. Научете го што е, а што не е прифатливо однесување.
Навредување, исмевање, ширење гласини, исклучување од група или понижување, сето тоа е врсничко насилство, дури и кога нема физички контакт.

4. Вежбајте социјални вештини дома.
Како да каже „не“, како мирно да реши конфликт, како да побара помош и како да застане во одбрана на некого без да биде агресивно.

5. Бидете пример.
Децата учат од нас. Начинот на кој зборуваме за другите, начинот на кој ги решаваме конфликтите и како покажуваме почит станува нивен модел на однесување.

6. Соработувајте со училиштето.
Редовната комуникација со наставниците и стручните служби овозможува навремено препознавање и решавање на проблемите.

Превенцијата започнува дома. Кога ги развиваме емпатијата, самодовербата, самоконтролата и комуникациските вештини, не ги штитиме само нашите деца од насилство, ги подготвуваме да градат здрави и позитивни односи во текот на целиот живот.

Социјално-емоционалните вештини не се „додаток“ во воспитувањето, тие се темел на безбедно детство и здраво општество.

#ВрсничкоНасилство #СоцијалноЕмоционалноУчење #ЕмоционалнаИнтелигенција #Родителство

01/07/2026

🎉 Последен час со дел од дечињата за оваа учебна година! 💛

На последниот час ги повторувавме и ги вежбавме техниките за емоционална регулација што децата ги усвоија во текот на годината.

Разговаравме и за активности кои можат да ги практикуваат во текот на летото, а кои го поддржуваат нивниот социјално-емоционален развој преку игра, разговор, поврзување и заеднички моменти со семејството.

Часот го заокруживме со креативна изработка и цртање, а секое дете доби сертификат за успешно завршена година. 🏅

Горди сме на секој чекор што го направија, на секоја емоција што научија да ја препознаат и изразат, и на секој нова социјален вештина што ја развија.

Ви посакуваме прекрасно, безгрижно и исполнето лето! ☀️🌊

#СоцијалноЕмоционалноУчење #ЕмоционалнаРегулација #ДетскиРазвој

25/06/2026

Денешниот СЕЛ час беше посветен на емоционалната регулација и справувањето со силните емоции.

Преку интерактивни вежби, разговори и креативни активности вежбавме како:
✨ да ги препознаеме и именуваме нашите емоции,
✨ да разбереме што ни порачуваат чувствата,
✨ да користиме стратегии за смирување кога сме лути, тажни, вознемирени или фрустрирани,
✨ да ги изразуваме емоциите на здрав и соодветен начин.

Децата вежбаа техники како длабоко дишење, кратки физички активности, позитивен внатрешен говор и користење „јас-пораки“ за подобра комуникација.

Кога децата учат да ги препознаваат и регулираат своите емоции, тие развиваат поголема самодоверба, подобри односи со другите и поголема отпорност кон секојдневните предизвици.

#СоцијалноЕмоционалноУчење #ЕмоционалнаРегулација #РазвојНаДеца #ЖивотниВештини #Емоции

24/06/2026

На денешните часови, преку креативни активности, приказни и разговори, повторувавме за емоциите , односно како да ги препознаеме, именуваме и разбереме.

Заедно учевме:
✨ како да ги регулираме силните емоции,
✨ како да ги изразиме на соодветен начин преку „ЈАС пораки“,
✨ и како да се справуваме со различни емоционални ситуации во секојдневниот живот.

Низ игра, цртање и споделување искуства, децата вежбаа важни вештини за емоционална писменост и самоконтрола.

#ЕмоционалнаРегулација #СоцијалноЕмоционалноУчење #ЈасПораки #ЕмоцииКајДеца #развојнавештини

Address

Vasil Stefanovski Br. 3a (Kaj Katolichka Crkva)
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 13:00 - 20:00
Tuesday 13:00 - 20:00
Wednesday 13:00 - 20:00
Thursday 13:00 - 20:00
Friday 13:00 - 20:00
Saturday 10:00 - 15:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when EQ Minds posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category