10/06/2026
Орце Георгиевски
♥️ За првпат досега, лаптопи за првенците на генерацијата – признание за трудот, знаењето и посветеноста!
✔️ Вечерва, на манифестацијата „Првенец на генерација“, Градот Скопје им оддаде признание на најдобрите ученици од средните училишта во нашиот град.
🫵 Ова е признание за дисциплина, карактер, упорност и љубов кон знаењето.
Да се биде првенец на генерација значи да се биде пример за своите врсници, гордост за семејството и инспирација за сите што доаѓаат потоа.
🖥️ Оваа година, за првпат, секој првенец на генерација добива и лаптоп - алатка што ќе им помогне да продолжат да учат, истражуваат, создаваат и да ги развиваат своите таленти.
Ова е порака дека нивниот труд се вреднува, нивниот успех се почитува и дека Градот Скопје верува во нивната иднина и секогаш ќе биде нивна поддршка.
🧑🎓 Образованието е најсилната инвестиција во иднината.
Токму преку знаењето, трудот и воспитувањето се градат генерации кои утре ќе ја водат Македонија напред со идеи, со чесност, со работа и со љубов кон својата земја.
🫡 Нашата поддршка за образованието продолжува и преку организирање на научно-наставен камп, летување за талентирани ученици и ученици од социјално загрозени семејства, бесплатни униформи, современи лаборатории, подобри услови во училиштата, уредени дворови, нова урбана опрема, спортски комплекси, топлотни пумпи, фотоволтаици итн.
Силно вложуваме во образованието, затоа што иднината на Скопје и Македонија започнува токму од училишните клупи.
♥️ Драги ученици,
Вашиот успех е само почеток.
Пред вас се нови предизвици, нови можности и уште поголеми достигнувања.
Следете го својот сон, верувајте во себе и никогаш не се откажувајте од она што ве движи напред. Секој голем успех започнува со храброст да се сонува и со упорност тој сон да се оствари.
🫡 Верувам дека меѓу вас се идните професори, лекари, инженери, уметници, спортисти, научници, претприемачи и лидери кои ќе ја градат иднината на Скопје и на Македонија.
🫵 Бидете горди на себе, но останете скромни. Бидете амбициозни, но останете луѓе.
Продолжете да учите, да сонувате и да чекорите храбро напред.
Честитки до сите првенци на генерацијата, до нивните родители и наставници.
♥️ Ви посакувам многу успеси во иднина и убав, радосен и заслужен летен одмор!