СУГС„Шаип Јусуф“

СУГС„Шаип Јусуф“ Официјална страна на
Средно Училиште на Град Скопје - „Шаип Јусуф“

ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАЗа првенец на генерацијата 2023-2026 година од СУГС „Шаип Јусуф“- Скопје се избира ...
10/06/2026

ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА
За првенец на генерацијата 2023-2026 година од СУГС „Шаип Јусуф“- Скопје се избира ТАМАРА ФЕТА.
По претходно спроведена постапка од страна на училиштата, на вчерашната свечена манифестација Градоначалникот на Град Скопје Г-дин. Орце Ѓеорѓиевски ги прогласи првенците на генерација од сите средни училишта и им додели награди. Помеѓу многуте наградени беше и нашата ученичка Тамара Фета матурантка од тригодишното средно стручно образование од квалификацијата (профил) фризер.
Тамара Фета во текот на своето средно образование остваруваше континуиран одличен успех и примерно поведение. Покрај наставните активности, активно учествуваше во работата на ученичкиот совет, младински иницијативи, проекти, обуки, работилници, хуманитарни акции и училишни настани, со што даде значаен придонес во животот на училиштето. Особено се истакна во областа на фризерството и естетиката, освојувајќи повеќе награди и признанија, меѓу кои први, втори и трети места на натпревари по женска фризура, креативно обликување на коса, како и промоција и маркетинг на фризерски услуги.
ЧЕСТИТКИ И МНОГУ УСПЕСИ ВО ИДНИНА!

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ОТВОРЕН ДЕН НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕОтворениот ден беше реализиран на 5 јуни во просториите на нашето учили...
07/06/2026

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ОТВОРЕН ДЕН НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ
Отворениот ден беше реализиран на 5 јуни во просториите на нашето училиште и беа поставени информативни штандови на кои можеа полуматурантите да се запознаат со можностите за продолжување на своето образование во училиштето, со активностите, работата на училиштето и достигнувањата на нашите ученици. Дополнително имаа можност да ги посетат кабинетите и да ги видат можностите за реализирање на кабинетска настава во средното стручно образование.
Имаше одлична атмосфера, многу игри, дружба, забава и запознавање.

🎓 ТУКА ЗАПОЧНУВА ТВОЈОТ УСПЕХ!Избери образование кое отвора врати кон успешна кариера и сигурна иднина. СУГС „Шаип Јусуф...
02/06/2026

🎓 ТУКА ЗАПОЧНУВА ТВОЈОТ УСПЕХ!
Избери образование кое отвора врати кон успешна кариера и сигурна иднина. СУГС „Шаип Јусуф“ ги отвора вратите за новата генерација средношколци!
✅ Квалитетно образование
✅ Практична настава
✅ Стручни и посветени наставници
✅ Можности за личен и професионален развој
📌 Запиши се и биди дел од нашето успешно училишно семејство!

#Уписи2026 #СУГСШаипЈусуф #ТвојотИзборТвојатаИднина

✅Директорот на СУГС „Шаип Јусуф“ – Скопје заедно со група ученици учествуваше на Меѓународниот форум за економски училиш...
21/05/2026

✅Директорот на СУГС „Шаип Јусуф“ – Скопје заедно со група ученици учествуваше на Меѓународниот форум за економски училишта „ЕКОНОМИУМ“, кој се одржа во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ во Прилеп.

✅На форумот директорот имаше свое излагање на тема:„Инвестираме во човечки капитал: Вештините како најсилна валута на нашите ученици“.

✅Особено интересен и инспиративен е фактот што денес на овој настан учествуваше како директор, а некогаш бил ученик токму во ова училиште.

✅Размената на искуства, идеи и добри практики помеѓу училиштата е од огромно значење за развојот на современото стручно образование и за создавање успешни млади генерации.

#СУГСШаипЈусуф #ЕКОНОМИУМ #СтручноОбразование #ВештиниЗаИднината

Во рамки на големата еко активност - Генерелака викенд, учениците со предметните наставници по хемија и биологија реализ...
12/05/2026

Во рамки на големата еко активност - Генерелака викенд, учениците со предметните наставници по хемија и биологија реализираа креативни и интересни експерименти. Ваквата активност беше реализирана на 8 мај 2026 година.
Во прилог назив на експериментите и слики од нивното изведување:
- Експеримент бр1: Добивање на природни бои растворливи во вода;
- Експеримент бр 2:Биопластика од кора од портокал;
- Експеримент бр 3: Јадливо пакување од лушпа од банана.
#екочас2026 #шаипјусуф

🌿✨ Екскурзија што се памети – ден исполнет со природа, историја и емоции! На 04 мај 2026, ден со посебно значење за наша...
06/05/2026

🌿✨ Екскурзија што се памети – ден исполнет со природа, историја и емоции!

На 04 мај 2026, ден со посебно значење за нашата историја, нашите ученици реализираа еднодневна екскурзија исполнета со знаење, дружење и незаборавни моменти.

📍 Матка – уживавме во природната убавина, свежиот воздух и магијата на кањонот.
🏛️ Стара Скопска чаршија – прошетка низ традицијата, културата и богатото минато.
🇲🇰 Но највпечатливиот момент беше посетата на гробот на Гоце Делчев, токму на денот на неговото загинување – 4 мај.

Наставникот по историја одржа инспиративно излагање зa животот, делото и значењето на Гоце Делчев, а учениците и вработените со достоинство и почит му оддадоа чест на еден од најголемите македонски револуционери.
Ова не беше само екскурзија –
👉 беше час по историја на вистинско место
👉 беше лекција за почит, идентитет и вредности
👉 беше ден исполнет со пријателство, насмевки и заедништво!
Во продолжение – дел од прекрасната атмосфера.
#Екскурзија2026 #4Мај #ГоцеДелчев #Матка #СтараЧаршија #УчимеИПатуваме #НашетоУчилиште

РАСПОРЕД ЗА ДЕЖУРСТВА ВО СУГС „ШАИП ЈУСУФ“-СКОПЈЕ.
30/04/2026

РАСПОРЕД ЗА ДЕЖУРСТВА ВО СУГС „ШАИП ЈУСУФ“-СКОПЈЕ.

НАШЕТО УЧИЛИШТЕ – ЕДНО ОД НАЈНАГРАДУВАНИТЕ УЧИЛИШТА ОД СКОПЈЕ НА МАССУМ 2026! На републичките натпревари во рамки на Обр...
27/04/2026

НАШЕТО УЧИЛИШТЕ – ЕДНО ОД НАЈНАГРАДУВАНИТЕ УЧИЛИШТА ОД СКОПЈЕ НА МАССУМ 2026!

На републичките натпревари во рамки на Образовното рандеву МАССУМ 2026 година, учениците од СУГС „Шаип Јусуф“ – Скопје остварија врвни резултати:

🥈 2 место – Најдобра поетска творба
Ученик: Сали Јакуп | Ментор: Ана Костадиновска

🥈 2 место – Најдобра драмска претстава
Ученици: Јаша Х., Сали Ј., Елмедин И., Исмаил И., Шехерезаде Б., Хавни Р., Субија Д., Јадиѓар У., Сунај А., Сафет Ш., Стефано П., Ибраим Б.
Ментори: Доан Сулејманоски, Весна Александрова, Лазе Стерјовски (во соработка со Театар „Сенки и Облаци“)

🥈 2 место – Најдобра модна ревија
Ученици: Амина Р., Емша Х., Тамара Ф., Субија Д., Акиле Б., Лифа С., Јаша З., Антонела У., Сагбер А., Анџела Џ., Реџеп А., Ди Анџело Е., Џемаил И.
Ментори: Пере Петков, Василка Настеска, Ангела Лазаревска, Аница Андревска, Кети Стојанческа, Јулијана Смилевска

🥉 3 место – Најдобро интервју за работа
Ученик: Мирсада Керим | Ментор: Доан Сулејманоски

🥉 3 место – Најдобар штанд
Ученици: Лоида В., Сафет С., Мерван К., Ерсина Х., Рухмихан К., Наташа Х., Леон Архимед С., Бурхан Б., Мирсад И., Рушан Д., Јеремија Ф., Рубен С.
Ментори: Хатија Ариф, Ивона Јакимовска, Драгана Стојановска, Василка Белчев, Мариче Спасевска

УЧЕСТВО ВО 8 КАТЕГОРИИ – ВО 5 КАТЕГОРИИ НАГРАДИ! 🔥

ЧЕСТИТКИ И ЗА УЧЕНИЦИТЕ КОИ ДОСТОЈНО ГО ПРЕТСТАВИЈА УЧИЛИШТЕТО ВО ОСТАНАТИТЕ КАТЕГОРИИ.

ЧЕСТИТКИ ДО СИТЕ УЧЕСНИЦИ И МЕНТОРИТЕ.
ГОРДОСТ, РАБОТА И УСПЕХ – БРАВО! 💪

ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА ЗА УЧЕБНАТА 2026/27 ГОДИНАИзберете СУГС„Шаип Јусуф“ -Скопје!
14/04/2026

ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА ЗА УЧЕБНАТА 2026/27 ГОДИНА
Изберете СУГС„Шаип Јусуф“ -Скопје!

Address

Вашингтонска бр. 44, Шуто Оризари
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 16:00
Wednesday 09:00 - 16:00
Thursday 09:00 - 16:00
Friday 09:00 - 16:00

Telephone

+38922600332

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СУГС„Шаип Јусуф“ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category