КРЕАЦИЈА ПРВА ДООЕЛ Скопје е компанија која на пазарот во Македонија делува повеќе од 1 година а во фокусот на нејзиното делување е работата со деца во насока на едукација, воспитување и како главен приоритет развој на креативноста кај децата. Од почетокот на своето постоење го основавме Првиот Креативен Центар за деца познат кај родителите и децата како „Мали Креативци“
Мали Креативци родителите
и децата го препознаваат по уникатните и единствени креативни работилници кои ги организираме во нашиот простор како и креативните работилници кои ги организираме по нај различни настани.
Во овој момент, чест и задоволство ни е да го најавиме нашиот нај нов проект, Дневен Креативен Престој „Мали Креативци“ повторно наменет за децата и повторно во фокусот на нашето внимание се вредностите кои секој родител ги посакува за своето дете.
Дневниот креативен престој е услуга креирана за потребите на задоволните родители кои веќе подолг период го посетуваат КЦ Мали Креативци и за сите оние родители кои сакаат нивните деца креативно да се развивааат и да ја совладаат националната предучилишна програма за развој и едукација на еден поинаков начин, на начин кој нуди многу креативност, многу едукација а сето тоа низ креативна забава за секое дете.
Мали Креативци - Дневен Креативен Престој е концепт на предучилишна едукација на децата на возраст од 4 до 5 години каде што на децата им се нуди комплетна дневна грижа со обезбедени редовни оброци (појадок и ручек) и обезбедени 2 ужинки во текот на денот.
Секое дете во прекрасна атмосфера и грижа од страна на професионалци во својата област (предучилишна едукација, педагогија и психологија) ќе има можност да се развива во насока на дете кое ги познава вредностите на културно однесување, вредностите на креативно изразување, вредностите на меѓусебно почитување и уште многу други вредности кои се дела од правилниот развој на секое дете.
ЦЕЛОДНЕВЕН КРЕАТИВЕН ПРЕСТОЈ ЗА ДЕЦА НА 4 И 5 ГОДИШНА ВОЗРАСТ
КРЕАТИВНА ПЕДАГОГИЈА
Децата се тие кои често, ненамерно и слободно ја покажуваат тенденцијата кон креативна имагинација, самите по себе по својата природа се креативни. Го истражуваат она што ги опкружува, експериментираат и често доаѓаат до заклучоци или комбинации кои се некогаш необични за возрасните.
Во Мали Креативци децата ги поттикнуваме да ги согледуваат и решаваат проблемите на нов, поинаков, сопствен начин. Така се оспособуваат да создадат необичен и изненадувачки производ кој сам по себе е уникатен и креативен.
Вие како родители а и ние како едукатори потребно е на детето да му обезбедиме доволно време за игра и експериментирање со материјали и идеи, треба да им дозволиме простор за истражувања кои одат надвор од оквирот кој возрасните го сметаат за важен.
СРЕЌНИ, САКАНИ И ЗДРАВИ ДЕЦА
Среќните, сакани и здрави деца е она кое што сакаме да го гледаме пред нашите очи. Таквите деца се повеќе склони кон имагинација, фантазија и креативност. Детската фантазија и имагинација им се неопходни на децата токму поради нивната исклучителна посветеност во барање на вистината.
Од еволуциона перспектива, децата се дизајнирани да учат, а детството е специфичен период на заштитена незрелост. Луѓето имаат подолг период на незрелост, по долг период на детство, од било кој друг вид, тоа им дава време на малите интуитивни научници во заштитени, сигурни околности, низ креативна игра и фантазија да ги учат и совладуваат работите кои ќе им бидат потребни понатаму во светот на возрасните. Сведоци на денешниот образовен систем онаков каков што е доаѓаме до заклучок дека на истото и те како му е потребна трансформација. Клучот на оваа трансформација не е образованието да се стандардизира, туку да се персонализира, да се поттикне откривање на поединечните таленти кај секое дете, детето да се воведе во една стимулативна средина во која ќе се чувствува сакано среќно и заштитено.
Целта е да се создаде средина во која тоа дете ќе наиде на поволни услови за поактивен физички и психички развој, како и да му се даде слобода за движење и изразување на творечките потенцијали. И покрај настојувањата да се има спонтаност, слобода на избор, почитување на индивидуалноста, (на детето сѐ му е игра), ништо не се одвива импровизирано, туку следува смислена организација, планирање и системска работа на воспитувачот и на другите стручни соработници.
КРЕАТИВЕН КУРИКУЛУМ
Моделот на воспитно - образовната програма кој го креиравме во Мали Креативци е наменет за предучилишни деца кој се реализира во нашата установа, во нашето катче скроено за развој на децата. Методите по кои се работи, претставуваат основа во воспитно - образовните програми во демократските земји. Во неа се соединети најдобрите сознанија и искуства од работа со деца на предучилишна возраст ширум светот, почитувајќи ги сознанијата, традицијата и културните вредности од нашата земја а секако и додадени високи вредности од позитивните искуства на воспитен третман ширум светот.
Програмата го почитува и практикува индивидуалниот пристап кон секое дете во зависност од неговите можности, потреби и афинитети. Стручниот тим на воспитувачи создаваат услови децата да растат и да се развиваат по свое сопствено темпо.
Просторот и активностите се организирани според развојното ниво на секое дете со тоа што квантумот и обемот на знаење предвиден со курикулумот се реализира и усвојува со огромен акцент и потенцирање на креативната природа на детето (доминираат креативни игри и работилници).
На тој начин програмата излегува во пресрет на природната потреба на децата постојано да бидат активни, да создаваат, да истражуваат, да учат на начин на кој тие сами ќе го одберат.
При тематското планирање на активностите се тргнува од детските можности и интереси, од детското специфично доживување на реалноста која се обидува да ја опфати во најширок можен начин со тоа што детето се става во центарот на воспитно – образовниот процес - од планирањето до реализацијата.
СОЗДАВАМЕ КРЕАТИВЕН ПОЕДИНЕЦ КОЈ Е ТИМСКИ ИГРАЧ
Детето како личност со креативна природа го насочуваме кон креативна продуктивност, развиваме специфични црти на личноста со трајно значење и далекосежно влијание на понатамошното образование и живот.
Развиваме
- флексибилност во размислувањето и однесувањето,
- способност за продукција на голем број идеи т.н. дивергентно мислење како и
- комбинирање на идеите со цел добивање на најдобар резултат, односно конвергентно размислување,
- цврсто чувство на независност на личното мислење,
- способност за справување со неодредени и нејасни ситуации,
- неконвенционалност на ставовите, начинот на мислење или личниот стил,
- висок степен на самодисциплина,
- внатрешно чувство на посебна важност на она што е предмет на моменталната преокупација,
- градење на слика за себе како имагинативна и оригинална личност различна од другите.
ИНТЕГРИРАНА ПРОГРАМА ЗА РАНО ИЗУЧУВАЊЕ НА АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК
Раното детство е од особена важност за целокупниот развој на личноста. Теориите и истражувањата (Хант, Брунер, Блум, Пијаже, Ериксон, Виготски и др.) укажуваат на значењето на раното детство за интелектуалниот, емоционалниот и социјалниот развој, а со тоа и на важноста на организирано создавање на услови за тој развој.
Скоро 90% од детскиот мозок се развива со навршување на 5-тата година од животот и со самото тоа се наметнува потребата максимално да се искористи овој период преку активно залагање на родителите, воспитно - образовните работници и целокупното општество со цел да се обезбеди најдобар можен старт во животот.
Од овде овој период е “оптимален” и “критичен” од аспект на целокупниот психички развој и во него се втемелуваат сите способности кои го поттикнуваат процесот на создавање на квалитетни особини на една личност.
Ова е посебно значајно кога зборуваме за развој на јазичните способности и учење на јазик различен од мајчиниот. Критичен период за развој на говорот е периодот од 18-24 месеци, со тоа што веќе од втората година од животот на детето започнува осетливост за развој на говорот кој трае се до пубертетот. Особините својствени на детската природа изразени преку потребата за истражување и откривање на нови работи, иницијативност, отвореност, љубопитност... одат во прилог на секое учење па така и на учењето на странски јазик.
Децата всушност странскиот јазик го усвојуваат на еден природен начин, исто како што го усвојуваат мајчиниот и со самото тоа приодот кон изучувањето е далеку различен од оној кај возрасните.
Децата ја имаат таа предност странскиот јазик да го усвојат по принципите на усвојување на мајчиниот јазик. Децата во себе носат предиспозиција за учење на сите светски јазици, единствено важно е да почнат на време и на адекватен начин.
За таа цел, тргнувајќи од хуманистичко - развојната концепција, официјалната програма за воспитно - образовна работа со деца на предучилишна возраст, одлучивме програмата на нашиот центар да ја збогатиме со интегрирана програма за рано учење и усвојување на англискиот јазик.
ЦЕЛ на оваа програма е создавање на можности и средина за запознавање на англискиот јазик и постепено воведување во комуникација преку истиот така што раното учење на англискиот јазик ќе се реализира низ секојденевно практично животен ситуациски пристап на работа со децата. На тој начин ќе се овозможи создавање на квалитетни основи за континуитет на изучување на англискиот јазик, како и развој на позитивни ставови и трајни мотивации за изучување на истиот.
РЕЖИМ НА ДЕН ВО КРЕАТИВНИОТ ЦЕНТАР
Работно време на центарот кој нуди креативен целодневен престој за предучилишни деца е секој работен ден од 07.30 – 17.00 часот
- 07.30 – 08.30 – прифаќање на децата
- 08.30 – 09.30 – подготовка за појадок и реализација на појадокот
- 09.30 – 10.00 – заедничко планирање на дневните активности
- 10.00 – 12.00 – реализација на креативни активности
- 12.00 – 12.30 – подготовка за ужина и ужина
- 12.30 – 13.00 – англиски јазик
- 13.00 – 14.00 – подготовка за ручек и ручек
- 14.00 – 15.00 – време за слободни активности и креативни игри
- 15.00 – 16.00 – подготовка за ужина и ужина
- 16.00 – 17.00 – испраќање на децата
ИСХРАНА
Детската исхрана во центарот се реализира во соработка со кујната на предучилишната установа ПРОЛЕТ од нас. Козле и е под постојан надзор на овластен нутриционист. Согласно приложената дневна програма за грижа на децата во текот на престојот за децата се предвидени 4 оброци (појадок, ручек и две ужини)
08/10/2022
Дојдете да се дружиме 🪴😊
КБ Прво пензиско друштво
Адреса: ул. Митрополит Теодосиј Гологанов Бр. 6, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
11/12/2020
🎅❤️🎅❤️🎅
🎅💌 Букирајте го вашиот видео повик❗️
Иако има многу дечиња пријавени, сепак мојата специјалност е да бидам на повеќе места истовремено ❣️
08/12/2020
🎅❤️🎅❤️
🎅Здраво другарчиња❗️
Бидејќи оваа година не можам да патувам, џуџињата ми го подготвија компјутерот и можам да имам видео повик со вас❗️
Одвај чекам❗️🎅
💌 Букирајте си термин на време‼️ ❤️❄️
23/11/2020
😍
Тадааам еве ги сите нови дизајни на пакетчиња 🤗
Сакате да изненадите некого?!?
Ако да, тогаш пишете ни во инбокс да ви дадеме целосна понуда🌟🌟🌟🎁🎅🏻🤶🏻🎄🌟🌟🌟
24/03/2020
❤️
19/04/2019
Потсетување за денешната велигденска работилница :)
17/12/2017
Уште малку време за супер креативни пакетчиња ;)
Неодолива понуда за НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА за групи од градинка и одделенија 🎁
👌Искористете супер попуст!
💌 За целосна понуда пишете ни во инбокс ;)
14/12/2017
Остана уште малку време, побрзајте! :)
Неодолива понуда за НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА за групи од градинка и одделенија 🎁
👌Искористете супер попуст!
💌 За целосна понуда пишете ни во инбокс ;)
28/11/2017
Пишете му на Дедо Мраз за понуда ;)
18/05/2017
Супер понуда само за МАТУРАНТИ и ПОЛУМАТУРАНТИ⭐️
Изнајмете магично огледало и
добијте ГРАТИС рамка за фотографирање со дизајн по избор ;)
📸 Во пакетот добивате:
-Изнајмување на интерактивно огледало (време и локација по избор).
-Печатени фотографии ВЕДНАШ (без доплата вклучени во цената).
-Рамка за на фотографиите по избор (дата, податоци за генерација, клас...).
-Линк до сите фотографии за понатамошна употреба.
-ГРАТИС рамка од форекс со дизајн по избор.
✔️ДА, за незаборавни фотографии
💌Инфо и резервација во инбокс или на 📞070/606-782
03/03/2017
Убава идеа за уникатна детска роденденска забава ;)