Што е доџо?
Доџото е минијатурен космос каде што правиме контакт со самите себе – со нашите стравови, грижи, реакции и навики. Доџото е арена на ограничени конфликти каде што се соочуваме со противникот, кој не ни е непријател. Тоа е борилиште каде конфронтацијата со опонентот не е конфронтација со непријател туку со партнер кој ни помага целосно да се запознаеме самите себеси.
Високо квалитетни т
ренинзи по 4 боречки вештини:
Karate – Do
Ju – Jitsu
Iai – Do
Ken – Do
Примена на традиционални тренинг методи и духовни аспекти на Јапонските боречки вештини.
Вештост
Гипкост
Брзина на реакција
Филозофија на вештината
Зен на боречките вештини
Субјективниот пат на ученикот
Изучување на Боречките Вештини не само поради нивно осознавање и натамошно имплементирање во надворешниот свет и спортот, туку и поради осознавање на она што значи ПАТ , филозофија на живеењето, чист ум и имплементација на вештините како придобивка во креативноста на сопствениот живот, истрајноста, самоконтролата, самопочитта, почитта, контрола на емоциите, умереноста, стабилноста, концетрацијата, духот.
Создавање сопствена енергија и моќ која натаму ќе биде водач кон организираноста и контролата на животниот пат.
Ширење на Јапонската култура во Македонија како култура на мир и толеранција.