01/09/2026
🎒📚 Добре дојде и посакавме на новата училишна година! 📚🎒
Денес повторно ги отворивме вратите на нашето училиште, кое се исполни со детска насмевки, радост, возбуда и безброј нови очекувања. 💙
Првиот училишен ден е посебен за сите нас – за учениците кои со љубопитност чекорат кон нови знаења, за наставниците кои со љубов и посветеност ќе ги водат низ новите предизвици и за родителите чии срца денес се полни со гордост.
Особено топло им посакуваме добредојде на нашите првачиња! 🌈🎈
Нека нивниот прв чекор во училишниот свет биде почеток на едно прекрасно патување исполнето со другарства, знаења, успех и незаборавни спомени.
На сите ученици им посакуваме учебна година исполнета со многу петки, нови знаења, искрени пријателства, смели соништа и уште поголеми успеси! ⭐
А на нашите наставници – многу енергија, трпение, инспирација и радост во секој нов училишен ден. ❤️
Нека и оваа учебна година во ООУ „Страшо Пинџур“ биде година на заедништво, растење, учење и успеси!
🎒💙 ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 💙🎒
По повод почетокот на новата учебна година, упатуваме искрена и голема благодарност до градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, за неговата грижа, поддршка и посветеност кон најмладите членови на нашата заедница.
Со обезбедувањето на училишен ранец и училишен прибор за секое прваче, како и еднократна финансиска помош во износ од 3.000 денари, Општина Ѓорче Петров испраќа силна порака дека образованието, децата и нивната иднина се вистински приоритет.
Среќен прв училишен ден! 🎓📖✨
Заедно создаваме спомени што траат засекогаш! 💙