Трудово право / Правен факултет Јустинијан I

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Трудово право / Правен факултет Јустинијан I

Трудово право / Правен факултет Јустинијан I Катедра:
проф. д-р Тодор Каламатиев
проф. д-р Лазар Јовевски
проф. д-р Александар Ристовски

Предметот трудово право претставува дел од редовните предмети во циклусот на додипломски студии што се изучува како задолжителен предмет за студентите од II година / 4 семестар на правни студии.Научната дисциплина трудово право како интегрален дел на универзитетскиот предмет на проучување трудово право со сигурност може да се констатира дека е една од подинамичните и поразвиените правни дисциплини.Станува збор за релативно млада дисциплина чиј што развој се бележи во период нешто подолг од едно столетие, исполнет со турбулентна еволуција и низа промени во предметот и содржината на неговото проучување.Тоа е правна дисциплина, која е во полна експанзија, што многу добро се манифестира како на субјектите на кои се однесуваат нејзините начела и норми, така и на односите кои таа ги уредува, а особено на нејзиниот предмет.Трудовото право има мултиколоритно и широкоградо значење кое започнува од заштитничката мисија во однос на поединечни категории на работници, пред се жени и деца во текот на ΧΙΧ век , за денес со слободност да може да се констатира фактот дека трудовото право се еманира со сиот свој раскош врз милиони вработени лица уредувајќи широк корпус на прашања поврзани со нивните работни и животни услови.Трудовото право се јавува како еден вид регулатор на материјалната и социјалната егзистенција на секој вработен човек, меѓутоа комплексноста на предметот и содржината на оваа дисциплина не ретко посредно или непосредно задира и во одредени интердисциплинарни корпуси прашања со економски, социјален или политички курс.Конечно, предмет на проучување и уредување на трудовото право, претставуваат спектарот на прашања кои што фундираат во работниот однос, при тоа опфаќајќи го галиматијасот на правни ситуации кои хронолошки се воспоставуваат: засновање на работен однос, права и обврски во текот на работниот однос, престанок на работниот однос. Составен дел од содржината на трудовото право сфатена во корелација со основниот предмет на проучување на трудовото право, се и: Заштита при работа ( Општа и посебна ) , Проблематиката на вработувањето, одредени органи, организации и институции од областа на трудот ( синдикати, инспекција на трудот, соодветни органи на управата ), како и одредени принципи, категории и институции ( колективни договори, општи акти на работодавач ).Ова се само генерални и генерички нотирани институти и институции составен дел на предметот и содржината на трудовото право. За секој од нив, следи поединечна методска единица, при што студентот темелно ќе се запознае со секоја интелектуална клетка составен дел на трудовото право.

13/02/2026

Резултати од дополнителна сесија (10 февруари, 2026) и известување за увид и земање оценки кај проф. д-р Лазар Јовевски

Испитот по предметот трудово право во дополнителната февруарска сесија 2026 кај проф. д-р Лазар Јовевски го положија студентите со број на индекс: 49264-7; 46614 -7; 49290 - 6.
Дополнително на увид да се јават студентите со бр. на индекс: 49345; 49181; 48118; 48967; 49326; 49093; 49324; 49314; 49311; 49172.

Увидот и земањето на оцени од јануарско/февруарската испитна сесија 2026 ќе може да се направи на 16.02.2026 година во 09:30 часот.

Срдечно,
проф. д-р Лазар Јовевски

12/02/2026

Резултати од полагањето во дополнителната испитна сесија (10.2.2026) и термин за земање оцени и остварување увид кај проф. Александар Ристовски

Испитот по предметот трудово право кај проф. д-р Александар Ристовски во дополнителната испитна сесија - 10 февруари, 2026 година го положија студентите со број на индекс:

49207 - 8 (осум)
49189 - 7 (седум)
48973 - 6 (шест)
49180 - 6 (шест)

На дополнителен увид, можат да се јават студентите со следните броеви на индекс: 48615, 49165, 49032, 49164, 49338, 48915.

Оцените од писменото полагање во сите претходни декади можат да се подигнат на 13.2.2026 (петок), во 9.30 часот.
Студентите, посочени за дополнителен увид, увидот можат да го остварат на 13.2.2026 (петок), во 10.00 часот

09/02/2026

Почитувани студенти, во прилог Распоред за полагање на испитот по предметот трудово право на додипломски студии во дополнителната сесија во февруари, 2026 (10.2.2026 - вторник) кај проф. д-р Aлександар Ристовски. Испитот се полага писмено и започнува во 10.00 часот, во амф.4

09/02/2026

Почитувани студенти, во прилог Распоред за полагање на испитот по предметот трудово право на додипломски студии во дополнителната сесија во февруари, 2026 (10.2.2026 - вторник) кај проф. д-р Лазар Јовевски. Испитот се полага писмено и започнува во 10.00 часот, во амф.4

02/02/2026

Резултати од полагањето во првата декада од јануарската испитна сесија кај проф. Лазар Јовевски
Испитот по предметот трудово право кај проф. д-р Лазар Јовевски во втората испитна сесија - 30 јануари, 2026 година го положи студентот со број на индекс 49011

02/02/2026

Резултати од полагањето во првата декада од јануарската испитна сесија кај проф. Александар Ристовски
Испитот по предметот трудово право кај проф. д-р Александар Ристовски во втората испитна сесија - 30 јануари, 2026 година го положија студентите со број на индекс:

48999 - 6 (шест)
49233 - 6 (шест)
49184 - 6 (шест)
49248 - 6 (шест)

21/01/2026

Резултати од полагањето во првата декада од јануарската испитна сесија кај проф. Александар Ристовски

Испитот по предметот трудово право кај проф. д-р Александар Ристовски во првата испитна сесија - 16 јануари, 2026 година го положија студентите со број на индекс:

49323 - 8 (осум)
49340 - 7 (седум)
48959 - 6 (шест)
49258 - 6 (шест)
49273 - 6 (шест)
48974 - 6 (шест)

21/01/2026

Резултати од полагањето во првата декада од јануарската испитна сесија кај проф. Лазар Јовевски

Испитот по предметот трудово право кај проф. д-р Лазар Јовевски во првата испитна сесија - 16 јануари, 2026 година го положија студентите со број на индекс:

49356 - 7
49335 - 6
49259 - 6
49282 - 6
49279 - 6
49301 - 6

09/01/2026

Почитувани студенти, во прилог Распоред за полагање на испитот по предметот трудово право на додипломски студии во двете декади од јануарската испитна сесија (16.1.2026 - петок/прва декада и 30.1.2026 - петок/втора декада) кај проф. д-р Лазар Јовевски. Испитот се полага писмено и започнува во 10.00 часот, во амф.4

09/01/2026

Почитувани студенти, во прилог Распоред за полагање на испитот по предметот трудово право на додипломски студии во двете декади од јануарската испитна сесија (16.1.2026 - петок/прва декада и 30.1.2026 - петок/втора декада) кај проф. д-р Александар Ристовски. Испитот се полага писмено и започнува во 10.00 часот, во амф.4

Почитувани студенти,Меѓународната организација на трудот (МОТ), организира бесплатен онлајн курс за обука на тема „Human...
04/11/2025

Почитувани студенти,

Меѓународната организација на трудот (МОТ), организира бесплатен онлајн курс за обука на тема „Human Rights Due Diligence for Decent Work” што ќе се одржи од 1-12 декември 2025 година.
Курсот е отворен за регистрација до 30 ноември, 2025.
Повеќе детали за курсот, пронајдете на следниот линк:

The 2025 edition of the Massive Open Online Course (MOOC) “Human Rights Due Diligence for Decent Work” will share the latest insights on how principles of international labour standards relate to company operations, how those principles can be most effectively promoted and implemented at enterpr...

04/10/2025

Термин за земање оцени кај проф. д-р Лазар Јовевски

Студентите со положен писмен испит по трудово право, можат да ги земат оценките во понеделник (6 октомври, 2025), во 13.00 часот, во кабинетот на проф. д-р Лазар Јовевски

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Трудово право / Правен факултет Јустинијан I posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Трудово право / Правен факултет Јустинијан I:

Shortcuts

Share