07/05/2025
Пролетта ја донесовме во Сити Мол – со крила и насмевки! 🦋
На нашите креативни работилници по повод пролетта, дечињата изработуваа волшебни пеперутки со механизам за летање – и да, навистина „летнаа”! 😃
Два дена исполнети со радост, смеа, креативност и мнооогу мали рачиња што не запираа!
Секое дете си замина со свое крилесто дело и со голема насмевка – и токму тоа ни е најголемата награда. 💕
Пролетта ја започнавме најубаво – шарено, весело и со љубов!
Благодарност до сите што беа дел од оваа пролетна авантура со Мали Креативци! 💕