31/10/2019
Првиот дел од проектот Еко Театар се случи во ОУ Војдан Чернодрински. Среќни сме што 15 прекрасни и преталентирани деца се иднината на овој град и ова општество. Благодариме Општина Карпош за поддршката.
Едукативен центар за креативни работилници- Играј и Учи
Играј и Учи е Здружение за Едукативно Креативни Детски Работилници кои го поттикнуваат развојот и истакнувањето на креативноста кај учениците преку учење, игра и претстава. Здружението работи на проекти финансирани од донации кои ги добива од фондации, компании, граѓани, здруженија...
Овие работилници овозможуваат многубројни разновидни активности за истражување и развивање на техники и теленти к
31/10/2019
Првиот дел од проектот Еко Театар се случи во ОУ Војдан Чернодрински. Среќни сме што 15 прекрасни и преталентирани деца се иднината на овој град и ова општество. Благодариме Општина Карпош за поддршката.
30/12/2018
Многу радости, убавини и добрина во 2019
20/09/2018
🎭 Драмското студио на ИГРАЈ И УЧИ врши уписи.
🎟️ Бидете дел од најзабавната и најкреативната дружина во градот.
🏫 Локациите се Центар и Карпош 4 од 1 Октомври.
☎️ Пријавување и информирање на 078 455 421.
05/07/2014
31/03/2014
Се подготвувавме за утрешниот час со маски. Ви посакуваме убав ден и многу насмевки :) :) :)
26/03/2014
По повод 5000 likes, на најбрзите тројца, кој ќе остават Име и Презиме на своето дете во порака, доделуваме гратис едномесечна посета на драмското студио.
10/03/2014
Уписите во драмското студио на „Играј и учи“ за деца на возраст од 6 до 10 години се во тек.
Јавете се и резервирајте место за вашето дете на часовите испонети со смеа, забава и креативност.
Контакт телефон: 078 455 421
17/02/2014
СВЕТЛО, КАМЕРА, АКЦИЈА ...... е проект за млади вљубеници во филмот на возраст од 14 до 18 години. Проектот ќе трае четири месеци т.е ќе започне во Март а ќе заврши во Јуни. Учесниците ќе се поделат во неколку групи од по 7 млади, а секоја група ќе сними по еден краткометражен филм. Нашата цел е да ги научиме младите на основните филмски закони и начела, да работат тимски како еден, да им презентираме како изгледа еден професионален пристап на снимање филм и конечно да се забавуваат правејќи го сето тоа, но и да покажеме дека младите се иднината и доколку нивната креативност, енергија и посветеност правилно се насочат ќе се добијат прекрасни резултати. Во групите сите ќе работат заедно но поединечно секој ќе биде носител на по една позиција, или:
• Режија
• Асс. Режија
• Камера
• Тон
• Монтажа
• Сценарио
• Продукција
За секоја од позициите учесниците ќе добијат соодветна обука иако за време на целиот проект, во секоја фаза со нив ќе бидат предавачите. Кога групите ќе ги завршат филмовите, секој ќе биде испратен на многуте филмски фестивали низ Европа и Светот.
Контакт: 077 895 838, 078 455 421
27/01/2014
Драмската работилница во „Играј и учи“ прима нови членови од 5 до 17 години. Работилниците продолжува со работа од 3.02.2014 во нашиот центар близу Основното училиште “Јохан Хајнрих-Песталоци“ - Скопје. Сите заинтересирани може да се запишат или информираат на нашиоt facebook или на следниот Контакт телефон: 078 455 421.
Со Почит, тимот на „Играј и учи“
31/12/2013
***** СРЕЌНА НОВА ГОДИНА 2014 *****
30/12/2013
*