Бизнис симулатор на Сеавус едукативен и развоен центар е уникатен напреден модел за практично професионално усовршување на студентите во специјална тренинг програма преку нивно директно поставување на конкретна позиција – улога во симулиран бизнис процес под менторство на ИТ компанија.
За разлика од вообичаените модели на пракса, бизнис симулацијата на учесниците им нуди повисок степен на само
стојност, иновативност, но и изложеност на реален ризик и одговорност за реализираните проекти, а во исто време внимателно и дедицирано менторство и професионален предизвик.
Моделот е развиен врз основа на петгодишна опсервација и анализа на ефикасноста на различни тренинг програми на центарот и компаративна студија на успешни меѓународни тренинг центри и технолошки паркови кои применуваат слични концепти.
Бизнис симулаторот функционира како фаза во рамките на 10 месечните програми на Академиите на Сеавус Едукативен и развоен Центар каде учесниците, организирани во функционални тимови влегуваат во систем на бизнис симулација на конкретен проектен циклус под менторство на една од вклучените ИТ компании. Комплексноста на проектите, степенот на независност и динамиката за следење на напредокот ги одредува компанијата- ментор, а континуирана консултативна, административна и логистичка поддршка обезбедува Сеавус едукативен и развоен центар.
Како поддржувачи на овој проект чиј носител е SEAVUS ЕДУКАТИВЕН И РАЗВОЕН ЦЕНТАР, се јавуваат Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability - IME) на Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од Swisscontact, Швајцарска фондација за техничка соработка во партнерство со ПРЕДА Плус.
Со овој проект, Сеавус едукативен и развоен центар и Сеавус Александрија, уште еднаш потврдуваат дека се лидери во ИТ едукацијата во Македонија.