Машински Факултет Скопје

Машински Факултет Скопје

Share

Официјална Facebook страница на Машински факултет - Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Машинскиот факултет во Скопје нуди образование кое одговара на последните трендови на Европската Област за Високо Образование, како ЕКТС и постулатите на Болоњската декларација. Студиските програми се согласно потребите за производство на кадар кој ќе одговори на барањата за развој на индустриските гранки во Република Македонија, кадар кој ќе одговара на потребите на светски познатите компании.

Н

18/05/2026

🏆 ЗАЧУВАЈТЕ ГО ДАТУМОТ: 22.05.2026! 🗓️

Дојдете и бидете дел од возбудата – време е да дознаеме кој ќе победи на Teamwin 4 🚀

По неколкумесечна напорна работа, посветеност и многу креативност, нашите студенти се подготвени да застанат на сцената. Имаа задача да развијат иновативни решенија, а сега е моментот да ги презентираат своите финални проекти пред сите нас! 💡✨

📍 Што ве очекува?
Иновативни студентски решенија кои ги поместуваат границите.
Натпреварувачки дух и многу позитивна енергија.
Прогласување на победниците на Teamwin 4!

👋 Ве очекуваме! Дојдете да ги поддржоте вашите колеги и колешки и да го прославиме нивниот труд.

Photos from Машински Факултет Скопје's post 12/05/2026

🌳НАТПРЕВАР ЗА НАЈДОБАР БИЗНИС КОНЦЕПТ ЗА ЗЕЛЕНИ ИНОВАЦИИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА 2026 🌳

🏆 Во Кавадарци, во M6 едукацискиот центар во винаријата Тиквеш на 07 Мај 2026 се одржа финалето на Натпреварот за најдобар бизнис концепт за зелени иновации во средните училишта 2026.

👏Искрени честитки за сите учениците и нивните ментори-професори учесници во Натпреварот – сите вие сте победници👏

Сепак, најголемо БРАВО за најдобрите:

🥇1-во место: GrowHub - ДСУ РЦСОО „Никола Карев", Струмица
🥈2-ро место: Pepper Waste - СОУ „Јосиф Јосифовски", Гевгелија
🥉3-тото место го делат: Eco Charge Bike - СУГСГ „Раде Јовчевски - Корчагин", Скопје и Malesh Air - ОСУ „Ацо Русковски", Берово
🏅4-то место рамноправно го поделија: 2warm - СОУ „Богданци“, Боданци; Atelier - СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, Скопје; BioSoap Paper - СОЕПТУ „Кузман Јосифовски Питу“, Прилеп; и DropHarvest - СОУ „Љупчо Сантов“, Кочани

Изразуваме голема благодарност до министерката г-а Сања Божиновска и Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини за покровителството на Натпреварот.

Воедно голема благодарност и до сите партнери, организатори и членови на жирито:
M6 Едукациски центар Скопје, ХАЛКБАНК АД Скопје, EVN Македонија, ОКТА АД Скопје,
Центар за управување со знаење, и домаќините: Центар за извонредност во зелени иновации на Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.

Натпреварот е поддржан и од проектот "Choose Science! Building Up Society Through Research and Innovation", финансиран од програмата HORIZON-MSCA-2025-CITIZENS-01 (CHOOSE SCIENCE-ИЗБЕРИ НАУКА!)

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

09/05/2026

🚀 Ви претставуваме иновативни студентски идеи!

Ве покануваме да присуствувате на презентацијата на студентските проекти креирани во рамки на Project HUB 3 📚✨

📅 14.5.2026
🕛 12:00 часот
📍 Хол пред библиотеката
(Главна зграда на Машински факултет - Скопје)

Настанот е отворен за сите заинтересирани — дојдете да ги поддржиме младите креативци и нивните идеи! 🙌

#СтудентскиПроекти #МашинскиФакултет #Иновации #Студенти Настан Презентација

Photos from Машински Факултет Скопје's post 26/04/2026

✨ОТВОРЕН ДЕН 25.4.26✨
Во одлична атмосфера помина уште еден отворен ден на Машинскиот факултет во Скопје!

Заинтересираните средношколци имаа можност одблиску да ги погледнат лабораториите на факултетот и да видат на што работат нашите студенти.

Им благодариме на сите кои не посетија и покажаа интерес за нашите студиски програми.
Се гледаме во октомври на МФС!

Благодарност до наставниот кадар и студенти кои помогнаа во реализацијата на овој настан и достојното претставување на факултетот пред идните студенти!

mfs

Photos from Машински Факултет Скопје's post 23/04/2026

Со големо задоволство ја објавуваме информацијата за потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу ЕВН Македонија АД Скопје и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Ова партнерство воспоставува силна рамка за соработка во областите на истражување, иновации и развој на нови производи и услуги, и предвидува зајакнување на сегментот на образованието преку создавање на инженерски профили способни да се справат со сите предизвици кои ги носи иднината, со фокус на зелена и праведна транзиција.

Ваквиот начин на соработка е клучен за создавање на релевантен и динамичен образовен екосистем, кој одговара на реалните потреби на пазарот на труд. Очекуваме оваа соработка да овозможи трансфер на знаење и технологии, побрза комерцијализација на научните истражувања, како и развој на практични вештини кај студентите преку директна изложеност на индустриски предизвици. Ваквиот синергетски пристап придонесува за поттикнување на иновативниот начин на размислување, зголемување на конкурентноста на компаниите и создавање кадар подготвен за современите технолошки предизвици, што е од суштинско значење за постигнување на одржлив економски развој.

Првиот конкретен чекор за соработка е веќе тука ЕВН Македонија АД Скопје е силен партнер и поддржувач на нашиот Национален натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации за средните училишта 2026!

20/04/2026

Отворен ден на Машински факултет – Скопје – 25.04.2026

Го отвораме факултетот за сите идни студенти, соработници и љубители на инженерството! Дојдете да ги запознаете нашите лаборатории и да дознаете повеќе за студиските програми и можностите што ги нудиме.

📅 Сабота, 25 април 2026 г.
📍 Машински факултет – Скопје

🔹 10:00 ч.
Отворање на Натпреварот за најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2026 со обраќање на:
• г-ѓа Сања Божиновска, Министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
• проф. д-р Златко Петрески, Декан на Машински факултет - Скопје

🔹 Посета на лаборатории и кампус
Изберете термин што ви одговара:
🕥 10:30 ч.
🕧 12:30 ч.

Ќе имате можност да:
✔ ги разгледате современите лаборатории
✔ се запознаете со студентски проекти и истражувања
✔ разговарате со професори и студенти
✔ дознаете како изгледа студирањето на Машински факултет

Ве очекуваме!

15/04/2026

Искрени честитки за сите 42 пријавени тимови (ученици и наставници-ментори) за учеството на Натпреварот „Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2026 година“. 🌱

Ви благодариме за вложениот труд, одличните идеи и квалитетно развиени концепти. Секој од вас покажа посветеност, креативност и знаење, и сите сте победници!

Секој од аплицираните концепти имаше одредена специфичност и тимовите се потрудиле и го дале својот максимум во развојот на своите идеи. Сепак, согласно правилата и критериумите на натпреварот, во полуфиналето влез обезбедија само најдобрите 20 тимови и нивните бизнис концепти. 👏

Полуфиналниот натпревар ќе се одржи на
🗓️ 25.04.2026, (сабота)
🕙 10:00 часот
📍Машински факултет Скопје (голем амфитеатар).

✨Секој од тимовите може да донесе и до 5 соученици кои ќе присуствуваат во публиката. Подетални информации ќе следат наскоро.

Со почит,
Машински факултет - Скопје
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје UKIM - УКИМ
ЦИЗИ и НЦРИПУ Скопје

15/04/2026

Искрени честитки за сите 42 пријавени тимови (ученици и наставници-ментори) за учеството на Натпреварот „Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2026 година“. 🌱

Ви благодариме за вложениот труд, одличните идеи и квалитетно развиени концепти. Секој од вас покажа посветеност, креативност и знаење, и сите сте победници!

Секој од аплицираните концепти имаше одредена специфичност и тимовите се потрудиле и го дале својот максимум во развојот на своите идеи. Сепак, согласно правилата и критериумите на натпреварот, во полуфиналето влез обезбедија само најдобрите 20 тимови и нивните бизнис концепти. 👏

Полуфиналниот натпревар ќе се одржи на
🗓️ 25.04.2026, (сабота)
🕙 10:00 часот
📍Машински факултет Скопје (голем амфитеатар).

✨Секој од тимовите може да донесе и до 5 соученици кои ќе присуствуваат во публиката. Подетални информации ќе следат наскоро.

Со почит,
Машински Факултет Скопје
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
ЦИЗИ и НЦРИПУ Скопје

13/04/2026

📢Компанијата ОКТА АД – Скопје продолжува со својата долгорочна посветеност за поддршка на образованието и развојот на млади професионалци.

Во рамки на Програмата за стипендии на ОКТА АД – Скопје, членка на Групацијата HELLENiQ ENERGY, и оваа година ќе бидат доделени две стипендии за редовни постдипломски студии, со максимално времетраење од две години.

✨Оваа година, можноста за аплицирање е проширена на кандидати од различен спектар на академски области:
📍 инженерство и енергетика,
📍 дигитална трансформација,
📍 животна средина,
📍 економија и менаџмент.

Дополнително, програмата за стипендирање за оваа година, отвора можност и за покривање на дел од трошоците за живот во согласност со однапред определени критериуми.

📌Апликациите се поднесуваат онлајн, преку платформата: https://scholarships.helleniqenergy.gr/rnm , каде може да се најдат сите информации и критериуми поврзани со Програмата за стипендии за втор циклус на студии.
📅Крајниот рок за поднесување на апликациите е 18 мај 2026 година.

Photos from Машински Факултет Скопје's post 03/04/2026

Од теорија до конкретни чекори за Скопје! 🏛️✨

Горди сме на придонесот на нашиот кадар од Машинскиот факултет - Скопје; доц. д-р Марија Лазаревиќ, дол. д-р Моника Улер-Зефиќ, доц. д-р Симона Домазетовска - Марковска и доц. д-р Маја Аначкова под водство на координаторот проф. д-р Зоран Марков; во спроведувањето на Националната развојна стратегија 2024–2044.
Заедно со глобални експерти, работеа на моделирање на квалитетот на воздухот – тема која е од витално значење за сите нас.

Што значи ова во пракса?
✅ Подобро разбирање на дисперзијата на загадувањето.
✅ Прецизно лоцирање на изворите на загадување.
✅ Директна примена на науката во јавните политики.

Особено ни е драго што и студентите беа дел од овој процес, учејќи како изгледаат реалните чекори напред. Науката е нашиот најсилен сојузник во борбата за почиста животна средина! 📈🌍

Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Address


Karposh II Bb
Skopje
1000