24/09/2018
Следејќи ги глобалните процеси на технолошкиот развој и потребите на пазарот на труд, Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје прави исчекор напред во својот напредок и развој, со отворање на нов факултет за информатика. Студиите по софтверско инженерство опфаќаат можност за студирање на тригодишни и четиригодишни програми за прв циклус и едногодишни и двегодишни програми за втор циклус на студии.
Тим од докажани професори со долгогодишно академско искуство, од државните и приватните Универзитети, ги обединија своите знаења и добри практики и, заедно со докажаниот квалитет во наставата на Универзитетот, ги вградија во овие студиски програми со кои се профилираат најценетите стручњаци - програмери во областа на компјутерските науки.
Со најдобрите програмерски фирми државата, кои главно работат проекти за странски компании, се направени договори за остварување на континуираната практика и обука, со можност за вработување.
Визијата на овој факултет е уште во првите години на постоење да се етаблира како водечка институција за информатика во сферата на високото приватно образование. За таа цел се обезбедени сите предуслови:
• Квалитетни студиски програми
• Врвен академски кадар
• Компјутерска инфраструктура
• Електронски изданија на целокупната литература
• Програмерска практика во компаниите
• Студентска мобилност
• Можност за вработување уште во текот на студиите
Уписот за сите нови студенти, но и трансфери од други факултети е отворен.