28/02/2019
Десет рани знаци на аутизам
(претставени од едно семејство со три аутистични деца)
1. Изразено мавтање со рацете - ова е вообичаена и нормална детска реакција на возбуденост, но ако мавтањето е премногу често во текот на денот, може да биде знак за загриженост.
2. Одење на прсти - иако е нормален дел од детското себеистражување, овој начин на одење може да укажува на проблем ако е префериран подолго време.
3. Удирање со глава - овој начин на себесмирување е сериозен аларм.
4. Постојан немир и врескање на јавни места - тантрумот вообичаено се смирува кога детето ќе добие што сака, а сензорната преосетливост доведува до очајно плачење од пресилните дразби, таканаречено „топење“ (meltdown). Откако детето ќе биде оддалечено од дразбите, не значи дека брзо ќе се смири, слично како што на нас главата се` уште ни „брмчи“ долго време откако сме излегле од диско-клуб.
5. Повторувачко однесување - кога една иста, релативно едноставна „игра“ се повторува со часови, секој ден, истата па истата. На пример, претурање течност, редење предмети во линија, вртење предмети...
6. Претерана агресија или самоагресија - честата насилност кон себе, другите лица и предмети, при што доаѓа и до самоповредување, е знак за силна внатрешна вознемиреност.
7. Недостаток на одговор при вербално обраќање - слично како нормалната „недостапност“ на некои деца кога гледаат цртани филмови или се поинаку окупирани, кај аутизмот ваквата отсутност е нагласена и без видлива окупираност.
8. Недостаток на контакт со очи - недостатокот на овој базичен социјален контакт е сериозен показател за аутистично нарушување.
9. Недостаток на говор и комуникација - иако честопати говорот се развива со потешкотии, клучот е во недостатокот на комуникација.
10. Проблеми со текстури на храна и облека - одбива да јаде одредена храна или јаде исклучиво само храна со конкретни својства: само мека, само тврда, само црвена, итн.
If you or your child would like to work with an ASD life coach via Skype check out http://onlineasdlearning.com/register to schedule a free consultation. E: ...