05/06/2026
Каде се парите? #S04E36 | Наумоски: Ни треба економска "лудост"! Во сенка на дневнополитичките препукувања околу задолжувањата изгла...
Our vision: Offering formal executive DUAL education with implementation of practical oriented certi
GOALS
• Realization of second and third cycle postgraduate study programs in partnership with respectable international higher-degree educational institutions, and implementation of scientific research in the areas of: banking, finance, controlling, business and information technologies;
• Realization of domestic and international seminars and conferences in partnership with the German institute “
05/06/2026
Каде се парите? #S04E36 | Наумоски: Ни треба економска "лудост"! Во сенка на дневнополитичките препукувања околу задолжувањата изгла...
27/05/2026
🎓 Денес на Хајделберг бизнис школа-факултет во Скопје се одржа обуката на тема
„Современиот наставник применува техники за современа настава и развива критичко мислење кај учениците“.
Наставници, стручни соработници и директори имаа можност преку практични примери, интерактивни вежби и споделување искуства да дискутираат за важноста на критичкото размислување во современото образование. 📚
👨🏫 Предавач на обуката беше проф. д-р Константин Петковски, а завршен говор одржа проф. д-р Мирјана Алексова.
💡 Преку реални ситуации и современи наставни техники, учесниците работеа на методи кои ја прават наставата поразбирлива, поинтересна и поприменлива за учениците.
Благодарност до сите учесници за активното учество и инспиративната атмосфера. ✨
06/05/2026
🎓 Како да развиеме критичко мислење кај учениците?
Како наставата да стане поразбирлива, поинтересна и применлива?
📚 Затоа ја организираме обуката:
„Современиот наставник применува техники за современа настава и развива критичко мислење кај учениците“
👩🏫 Наменета за:
✔ наставници
✔ стручни соработници
✔ директори на училишта
➡️ Зошто да се пријавите?
Бидејќи критичкото мислење е основа за учење со разбирање, а токму тоа недостасува кај голем дел од учениците денес.
📍 Обуката ќе се реализира регионално
📌 Скопје - термини:
🗓 21.05.2026 (четврток)
🗓 27.05.2026 (среда)
🕘 09:30 часот
📍 Хајделберг факултет
⏳ Краен рок за пријава: 15.05.2026
📩 Резервирајте го вашето место уште денес - пишете ни во порака
23/04/2026
🎓Центарот за обука при Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг Скопје организира онлајн обука на тема:
„Потребни компетенции на членовите на училишните одбори за подобрување на нивната ефикасност и ефективност во работењето“
📅 28 април 2026
⏰ 18:00 часот
💻 Online (ZOOM)
Обука наменета за сите членови на училишни одбори кои сакаат да донесуваат поквалитетни одлуки и да придонесат за поефикасно функционирање во средните училиштата.
09/04/2026
💡 Инфлација, цени, неизвесност... што нè очекува?
💬 проф. д-р Синиша Наумоски открива:
👉 Кои се главните економски удари од кризата
👉 Зошто растат цените на нафтата и храната
👉 Колку време ќе треба за враќање во нормала
🎥 Одговорите се во видеото👇
Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор Follow Sitel Televizija on...• WEB: http://sitel.com.mk/• FB: https://www.facebook.com/sitelmk• IG: https://www.instagram.com/sitel.tv/• Tw: https://twitter....
01/04/2026
✨Хајделберг Факултет во Скопје беше дел од значајната меѓународна тркалезна маса посветена на практичното разбирање на ризиците од трговија со луѓе и улогата на финансиските институции, организирана од GIZ, UNDP и Управата за финансиско разузнавање.
🎙️Во рамки на настанот, проф. д-р Синиша Наумоски, претставник на Хајделберг Факултет, учествуваше како модератор на Панел 2 и Панел 3, каде што се отворија клучни прашања поврзани со справувањето со финансискиот криминал и размената на меѓународни искуства.
✨На Панел 2, посветен на справувањето со финансискиот криминал во Северна Македонија, свои излагања имаа:
Глигор Пандиловски, Стопанска банка АД Скопје и Македонска банкарска асоцијација
Фидан Ќерими, Western Union
проф. д-р Орце Симов, експерт за дигитализација и информатички технологии
✨Панел 3 беше фокусиран на размена на искуства и добри практики на меѓународно ниво, со учество на:
Ангела Бораниева, директор на MARRI
Маја Андреевска-Блажевска, раководител на Одделот за усогласеност за финансиски криминал и Офицер за известување за перење пари (MLRO), Finance Incorporated Limited, Малта
Жана Келава, раководител на Одделот за глобални разузнавачки истраги во Deutsche Bank и раководител на работниот тек на EFIPPP за трговија со луѓе во Европол
🎯Настанот овозможи длабинска дискусија за улогата на финансиските институции во препознавање на ризиците, идентификување на сомнителни трансакции и зајакнување на меѓуинституционалната соработка во борбата против финансискиот криминал.
24/12/2025
🤖 AI во HR – тренд или вистинска револуција?
На 23.12, на Факултетот Хајделберг во Скопје, се одржа инспиративна дискусија посветена на улогата на вештачката интелигенција во трансформацијата на човечките ресурси.
Експерти од областа споделија конкретни примери и реални податоци за тоа како AI:
✔️ го подобрува процесот на регрутација
✔️ ја намалува пристрасноста при вработување
✔️ овозможува персонализиран развој на кариера
✔️ ја зголемува ангажираноста и задржувањето на вработените
📊 Фактите зборуваат сами:
• 80% од компаниите ќе користат AI за workforce planning
• до 50% помала пристрасност при регрутација
• до 20% поголема задржаност на вработените
Иднината на HR не е утре - таа веќе се случува. Благодарност до сите учесници кои беа дел од оваа значајна дискусија и придонесоа кон разговорот за иднината на работата.
| Monday | 09:00 - 19:00 |
| Tuesday | 09:00 - 19:00 |
| Wednesday | 09:00 - 19:00 |
| Thursday | 09:00 - 19:00 |
| Friday | 09:00 - 19:00 |