Драмско Студио „ДКЦ“

Драмско Студио „ДКЦ“ Драмското студио се наоѓа во Младински Културен Центар - на вториот кат, во Детски креативен центар. Едукативни и креативни театарски работилници за деца.

🎭 ОТВОРЕН ПОВИК ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ! 🎭 Драмското студио НАШ МАЛ ТЕАТАР од февруари (21.02.) СЕКОЈА САБОТА ПРОДОЛЖУВА со редо...
26/01/2026

🎭 ОТВОРЕН ПОВИК ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ! 🎭

Драмското студио НАШ МАЛ ТЕАТАР од февруари (21.02.) СЕКОЈА САБОТА ПРОДОЛЖУВА со редовни часови за деца од 7 до 12 години, поделени во две групи. Студиото кое долги години работеше во МКЦ, се сели на нова локација - Јавна соба/Public room Скопје!
Public Room

♥️ Мала група (7 - 9год) 11:00 - 12:30ч.
♥️ Голема група (10 - 12год) 13:00 - 14 :30ч

🪁 Уписите траат до 20.02. (петок) а
ЧАСОВИТЕ ЗАПОЧНУВААТ НА 21.02. (сабота).
Часовите ќе се одржуваат секоја сабота во Јавна соба/Public room, Скопје.

🎈Часовите во нашето Драмско студио се забавни и едукативни. Нашата програма нуди квалитетно исполнето време во кое преку игри, забава и креативност ги запознаваме децата со театарската уметност. Нашиот принцип на работа, пред се' го става фокусот на работата со секое дете и неговиот социјален и емоционален развој, поттикнување на креативноста, ослободување на фантазијата, подобрување на јазичните вештини, подобро изразување, збогатување на личниот вокабулар, подобрување на самодовербата, контролирање на агресивноста, трпение, како и работа на когнитивниот и физички развој.

📖 Едукатори на часовите се дипломирани актерки Нина Максимова и Јанка Лефкова.

📍 Драмското студио НАШ МАЛ ТЕАТАР се наоѓа во просториите на Јавна соба, Скопје, со адреса: 50та Дивизија 22, Скопје, позади Лимак, Diamond mall.

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЛИНКОТ:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdIn0lYmTBwMpP5A1DRP7aeMgoXoMxfRVh4-bEHjnGhUNmcXA/viewform

или на броевите:
078832595
076526256

Линк од Јавна соба: https://publicroom.org/

🌳🐛🦋✨
04/11/2025

🌳🐛🦋✨

Во недела, на 02.11. 2025 во два термини, од 18:00ч и 19:00ч во Џебно кино, МКЦ Скопје се изиграа репризи на претставата...
04/11/2025

Во недела, на 02.11. 2025 во два термини, од 18:00ч и 19:00ч во Џебно кино, МКЦ Скопје се изиграа репризи на претставата со сенки „Осаменото дрво“ - театарска претстава со сенки во изведба на деца од 6 до 12 години.

ИГРААТ:
Ведран Ристовски
Елена Стојаноска
Стефан Михајлов
Саша Зиковска
Стефан Велковски
Илина Велковска
Ирина Ѓорѓевиќ
Милица Ѓорѓевиќ
Фросина Патчева
Бисера Каеска

Режија и организација: Нина Максимова, Јанка Лефкова, Благојчо Стојанов

Текст и драматизација: Нина Максимова

Преставата е резултат на проектот „Осаменото дрво“ – креативни театарски работилници за деца кои оваа година се реализираа во Детскиот креативен центар. Децата - учесници на возраст од 6 до 12 год, водени од едукаторите (Благојчо Стојанов, Јанка Лефкова и Нина Максимова - едукатори во Драмско студио ДКЦ) имаа можност да искусат театарски истражувачки процес во кој се бараат различни форми на изразување и толкување на конкретно литературно дело - "Осаменото дрво" од Нина Максимова. Работилниците се одвиваа во неколку фази, а завршија со театарска претстава со рачно изработени сенки и кукли, како и со изложба на цртежи.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Р. С. Македонија.

01/11/2025

„ОСАМЕНОТО ДРВО“ - театарска претстава со сенки во изведба на деца од 6 до 12 години

02.11. 2025 (недела) во два термини
18:00ч и 19:00ч во Џебно кино, МКЦ Скопје

ИГРААТ:
Ведран Ристовски
Елена Стојаноска
Стефан Михајлов
Саша Зиковска
Стефан Велковски
Илина Велковска
Ирина Ѓорѓевиќ
Милица Ѓорѓевиќ
Фросина Патчева
Бисера Каеска

Режија и организација: Нина Максимова, Јанка Лефкова, Благојчо Стојанов

Текст и драматизација: Нина Максимова

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Р. С. Македонија.

ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН.

За резервации на било кој од понудените термини пишете на Viber на бројот 076526257.
#мкц #драмскостудиодкц #театар #театарнасенки #скопје #деца #театарзадеца #сенки #осаменотодрво #нашмалтеатар

Повелете на претстава, оваа недела 02.10. во Џебно кино, МКЦ Скопје, 18:00ч и 19:00ч.
29/10/2025

Повелете на претстава, оваа недела 02.10. во Џебно кино, МКЦ Скопје, 18:00ч и 19:00ч.

🌳 Сликовницата „Осаменото дрво“ од Нина Максимова, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше инспирација за новата детска театарска претстава на Детскиот креативен центар при МКЦ. 🎭

Проектот, создаден од театарски работилници со деца (6–12 години), ќе биде изведен на 2 ноември (недела) во Џебното кино на МКЦ, во два термини – 18:00 и 19:00 ч. 🌟

Работилниците се одвиваа во неколку фази и завршија со театарска претстава со рачно изработени сенки и кукли, како и со изложба на детски цртежи. 💚

#ОсаменотоДрво #Либи #АрсЛамина #МКЦ #детскатеатар #новибајкиодМакедонија

„ОСАМЕНОТО ДРВО“ - театарска претстава со сенки во изведба на деца од 6 до 12 години 02.11. 2025 (недела) во ДВА термини...
27/10/2025

„ОСАМЕНОТО ДРВО“ - театарска претстава со сенки во изведба на деца од 6 до 12 години

02.11. 2025 (недела) во ДВА термини
18:00ч и 19:00ч во Џебно кино, МКЦ Скопје

ИГРААТ:
Ведран Ристовски
Елена Стојаноска
Стефан Михајлов
Саша Зиковска
Стефан Велковски
Илина Велковска
Ирина Ѓорѓевиќ
Милица Ѓорѓевиќ
Фросина Патчева
Бисера Каеска

Режија и организација: Нина Максимова, Јанка Лефкова, Благојчо Стојанов

Текст и драматизација: Нина Максимова

Во Детскиот креативен центар во МКЦ Скопје се реализираше проектот „Осаменото дрво“ – креативни театарски работилници за деца. Децата - учесници на возраст од 6 до 12 год, водени од едукаторите (Благојчо Стојанов, Јанка Лефкова и Нина Максимова - едукатори во Драмско студио ДКЦ) имаа можност да искусат театарски истражувачки процес во кој се бараат различни форми на изразување и толкување на конкретно литературно дело - "Осаменото дрво" од Нина Максимова. Работилниците се одвиваа во неколку фази, а завршија со театарска претстава со рачно изработени сенки и кукли, како и со изложба на цртежи.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Р. С. Македонија.

ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН.

За резервации на било кој од понудените термини пишете на Viber на бројот 076526257.

РЕАКЦИЈА - ЧАО МКЦ - ДО НЕКОИ ПОДОБРИ ВРЕМИЊА Ние, едукаторите на Драмското студио ДКЦ, како долгогодишни соработници на...
20/09/2025

РЕАКЦИЈА - ЧАО МКЦ - ДО НЕКОИ ПОДОБРИ ВРЕМИЊА

Ние, едукаторите на Драмското студио ДКЦ, како долгогодишни соработници на МКЦ, во изминатиов период се соочивме со неверојатни предизвици да ја задржиме работата и животот на студиото кое беше дел од Детскиот креативен центар (заедно со други работилници: ликовно, планетариум, боречки вештини, музички работилници).

За жал, тие предизвици на крај резултираа со ПРЕКИН НА РАБОТАТА НА ДРАМСКОТО СТУДИО ДКЦ во МКЦ, Скопје.

После девет години посветена работа и одржување на Драмското студио, ние сме принудени да си одиме и да го напуштиме МКЦ, што за нас воопшто не е лесно и не нѝ е сеедно.

Тимот на Драмското студио ДКЦ работеше посветено и професионално, со максимално вложен труд и организација, и успеа да го изгради имиџот и квалитетот на сериозна едукативна и креативна секција во која поминаа неколку генерации на деца. Овој тим самоорганизирано креаираше и истражуваше концепти и програми, и покрај редовната програма за драмското студио, реализираше и едукативни и креативни проекти - театарски претстави со деца, аудиовизуелни проекти, различни работилници и настани поврзани со театарска едукација за деца. Едукативната програма која се прекинува е на штета на нашите ученици, а најмногу на штета на МКЦ кој останува без програма за најмладите.

Дел од активностите на Драмското студио ДКЦ, покрај редовната програма на часовите:

- „Да ја спасиме шумата“- театарска претстава, 2017
- „ Со игра до театар“ - театарски работилници и претстава, 2018
- „ Моето другарче од планетата Грашок“ - театарска претстава, 2018
- „ Волшебникот од Оз“ - театарска претстава, 2019
- „ Играј со светлината“ - работилници со театар на сенки, соработка на Драмско и Ликовно студио, 2020
- „ Кога ќе пораснам“ - аудиовизуелен проект, 2021
- „ Книгата со која патувам низ цел свет“ - театарски работилници и претстава, 2022
- „ Учиме, рециклираме, креираме театар“ - креативни и едукативни работилници, 2023
- „Касни порасни“ - креативни театарски работници и претстава со сенки на големо платно, 2024
- „Чудни новогодишни приказни“ - театарска претстава, 2024
- „Осаменото дрво“ - креативни театарски работници и претстава со сенки на големо платно, 2025

Овој тим, во сопствена организација и без финансиска поддршка од МКЦ, минатата година (2024та) го однесе Драмското студио ДКЦ на театарски фестивал за деца - „Малиот принц“ во Штип. Претставата „Касни порасни“, како дел од програмата, беше изведена од нашите млади актери - децата пред многубројната детска публика. Ова е за прв пат Детскиот креативен центар да биде учесник на таков фестивал.

МКЦ, нас нѝ беше чест, уживавме во секој момент, ти благодариме на сите овие убави моменти и искуства, се надеваме дека пак ќе се видиме!

А до тогаш… ЧАО МКЦ, ДО НЕКОИ ПОДОБРИ ВРЕМИЊА.

Со почит,
Нина Максимова
Јанка Лефкова
Благојчо Стојанов

Address

Skopje
1000

Opening Hours

13:00 - 14:30

Telephone

+38978832595

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Драмско Студио „ДКЦ“ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category