ОOУ „Стив Наумов“

ОOУ „Стив Наумов“ Основно општинско училиште „Стив Наумов“

Основното училиште ,,Стив Наумов,, - Скопје е сместено во источниот дел на град Скопје, во тн. индустриска зона на градот, со многу претпријатија во населбата Автокоманда, на ул. ,,Лазар Поп Трајков,, бр. 28, општина Гази Баба. Во 1948 година во Скопје беше изградена нова населба ,,Автокоманда,,. Тоа беше почеток на развојот на воспитно - образовната установа, Основното училиште ,,Стив Наумов ,, Скопје. Развојниот пат на училиштето може да се каже дека минува низ четири етапи и тоа: првата од 1948 - 1955 година, втората од 1955 - 1963 година, третата од 1963 - 1991 година и четвртата од 1991 година па до денес. Во 1979 година, училиштето го добива високото признание со Указ на Јосип Броз - Орден на трудот со златен венец. Истата година ја добива 13 Ноемвриската награда за особени резултати во образовно - воспитната дејност во основното образование и воспитание. Во 1980 и 1986 година, Извршниот одбор на Собранието на Меѓуопштинската самоуправна заедница за предучилишнито и основно образование донесе Одлука да се додели признание на ОУ ,,Стив Наумов ,, Скопје, за вонредни резултати во воспитно - оразовната работа. Основното училиште ,,Стив Наумов,, - Скопје, работи во еден објект.

Address

Улица Лазар Поп Трајков бр. 28
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ОOУ „Стив Наумов“ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to ОOУ „Стив Наумов“:

Shortcuts

Share