Никулец Креатива е здружение на граѓани за едукација и креативност на деца и млади основано во 2012 година, чија цел е да се откријат нови и различни приоди кон научните и културно-образовните истражувања, да се признае, афирмира и промовира неформалното образование и да се подигне свеста кај младите за потребата од лично надградување.
За таа цел формирана е и веб страната www.nikulecedu.com каде
што можат да се најдат вежби, задачи и интересни едукативни и забавни активности за деца од сечија возраст, но и за родители.
Целна група се сите ученици од основно образование кои сакаат да дознаат и научат повеќе од рамките на секојдневниот образовен систем.
Приватна детска градинка - НИКУЛЕЦ КРЕАТИВА 2020
Покрај своите многубројни проекти реализирани во текот на годините, Здружението во 2020 година ја основа Приватната установа за деца - детска градинка „Никулец Креатива 2020“ за деца од 3 до 6 год, чија цел е љубов кон природата и формирање позитивен однос кон растенијата, животните и луѓето.
Никулец Креатива 2020 е регистрирана приватна детска градинка која според проценките на Министерстството за труд и социјална политика ги исполнува сите стандарди и нормативи за работа. Тимот на Никулец Креатива поседува лиценци за работа со деца.
Рабитиме по Програма за рано учење и развој, базирана врз стандардите за рано учење и развој на УНИЦЕФ. Инспирирани сме од повеќе извори на знаење, вклучувајќи познати уметници и научници, како што се Валдорф, Монтесори, извидничкото движење, PBL, Gardner Intelligences и други. Овие теории и фасцинантни луѓе ја осветлуваат нашата креативност и претходните искуства и не поттикнуваат да создаваме нови животни авантури. Од секои од нив избравме специфични методи, филозофии и техники кои веруваме дека ќе им помогнат на нашите деца да создааваат здрави меѓусебни односи, и поисполнет живот.
Програмата е структурирана околу четири области наведени во рамките за рано учење:
- Благосостојба и припадност
- Истражување и креативност
- Јазик и литература
- Социјална одговорност и разновидност
- Музика, спорт, уметност
Во нашата градинка се негува индивидуалноста на детето. Ова се постигнува со работа во мали групи, се забележува секое дете и се следи неговиот развој во соработка помеѓу родителите и воспитувачите, методологијата е прилагодена на индивидуата и групата, што не значи дека структурата не постои. Постои уреден ритам на работа, кој му обезбедува на детето сигурност, но во рамките на ритамот, планот и програмата се обликуваат врз основа на потребите на детето. Исто така, детето има можност да испроба разни уметнички и работни активности (везење, плетење, цртање, сликање, вајарство, обработка на дрва, одгледување растенија, домашни работи, свирење инструменти за предучилишна возраст), за да може да открива што го интересира, во што е добар.
Детските активности се осмислени да го ангажираат детето на сите нивоа - физичко, ментално, емоционално, духовно, слично на ангажирањето на сите видови интелигенција според д-р Хауард Гарднер (Howard Earl Gardner).
Акцентот во нашата градинка е ставен на природата и надворешниот свет. Децата се надвор секој ден и се во контакт со природата, независно на временските услови (во лето во сенка, на есен во дождливи мантили и чизми, во зима со топли шалови, ракавици и капи). Надвор, во „реалниот живот“, е местото каде децата најдобро учат. Таму ги користат сите сетила со гледање, слушање, чувствување, мирисање, вкусување. Природата ја поттикнува љубопитноста, креативноста и соработката, ги ангажира емоциите и ги тера да се грижат за околина, за природата и за другите.
25/03/2026
Оваа недела љубопитните Никулци имаа посебен гостин – Ана од 🌱
Научивме како растат микро зеленчуците и заедно засадивме брокула и крес салата 🥦🌿
Секое зрнце – нова лекција, секое растение – нова радост 💚
25/10/2025
Есенска магија, шарени лисја и креативни рачиња 🍁🍂
Ви благодариме на сите што бевте дел од есенската креативна работилница 😊🌱
10/10/2025
🌿🌱 Насмевки, трчање и радост!
Никулците се најсреќни на Водно! ☘️🍂💚