09/11/2017
Нови успеси на нашите ученици!!!
Алдин Рамчиловиќ, младиот истражувач и ученик во International High School го освои 1-то место на 53-тиот државен натпревар на младите истражувачи во Македонија во областа Географија, во организација на Сојузот на млади техничари и природници и Народна техника на Македонија. На државниот натпревар одржан оваа година во Мај,учествуваа 220 ученици од средното образование кои имаа можност да ги презентираат своите научно-истражувачки резултати од разни области.Победниците беа поканети да гостуваат во емисијата “Голем Одмор“ на МРТ, каде уште еднаш ги презентираа своите научни достигнувања.