01/06/2026
На 01и 02 јуни, 2026 година се одржува Втората заедничка годишната конференција на кампусот Општествени науки и дел од Хуманистички науки. Конференцијата е дел од заедничката годишна конференција на докторски студии, летен семестар 2025/2026 година, која во организација на Универзитетска школа за докторски студии се одржува на сите кампуси во перидот 26 мај – 5 јуни, 2026 година за сите докторски студенти на УКИМ.
Домаќин на докторската конференција на кампусот Општествени науки и дел од Хуманистички науки и оваа година е Економскиот факултет- Скопје. Конференцијата која се одвива во 2 паралелни сесии ја отвори деканот на Економски факултет-Скопје, проф. д-р Мијалче Санта, а со неа претседаваа членовите на Универзитетската школа за докторски студии, проф. д-р Климентина Попоска, проф. д-р Тони Милески и проф. д-р Трена Јорданоска. На конференцијата земаа учество 105 докторски студенти со своите ментори и раководителите на 29 студиски програми.
На овој начин се зголемува видливоста на резултатите од истражувањето на докторските студенти, се обезбедува интердисциплинарност и вмрежување меѓу докторските студенти и наставниот кадар од различни студиски програми.
Програмата за заедничката годишна конференција за докторандите, летен семестар 2025/2026 година, е поставена на веб-страницата на УКИМ:https://ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2026/05/programazagodisnikonferencii-letensemestar-2025-2026.pdf