23/05/2026
Во ООУ „Јоаким Крчоски“ – Крива Паланка се реализираше интерактивна презентација за родители во рамки на проектот „Заедно во приказната: превенција од насилство преку инклузивен драма-образовен пристап“.
Средбата беше посветена на насилството како поширок општествен и мултигенерациски проблем, кој не се однесува само на училиштето, туку и на начинот на кој комуницираме, воспитуваме и реагираме како заедница. Наместо еднонасочно предавање, родителите активно се вклучија во дискусијата и споделија лични искуства, дилеми и предизвици поврзани со врсничкото насилство, комуникацијата со децата и влијанието на средината врз нивниот развој.
Проектот се реализира со поддршка од Министерството за образование и наука.
Во ООУ „Јоаким Крчоски“ – Крива Паланка се реализираше интерактивна презентација за родители во рамки на проектот „Заедно во приказната: превенција од насилств....