24/12/2024
Драги колеги ~ студенти,
Со радост ве известуваме дека од понеделник (23.12) започнува нашата хуманитарна недела, каде секој од вас ќе има можност да донира разни видови нерасиплива храна. 🎁
Подетални информации:
📆 Кога: 23.12 - 27.12
⏱️ Време: 09:00 - 16:00 секој ден
📍 Каде: Аулата на Филозофскиот факултет
🎄 Акцијата ја организираме во координација со Црвениот крст на Македонија, кои, по завршувањето, ќе ги преземат донациите и ќе ги подарат на бездомните лица.
🎁 Што може да донирате?
Нерасиплива храна: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супи, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје, палента.
Да ја покажеме нашата хуманост на дело и да бидеме причина за нечија насмевка.
Ве очекуваме! ✨
27/07/2024
Конкурсот за упис е веќе распишан! Имаш уште малку време да одлучиш зошто да го избереш Филозофскиот факултет во Скопје.
Зошто Филозофскиот факултет?
*Разновидни студиски програми
*Врвни професори
*Практични искуства и проекти
*Меѓународни можности
Не пропуштај ја шансата! Запиши се сега и гради ја својата иднина со нас!
11/07/2024
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2024/2025 година.
👇
https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/nastava/Konkurs_I_ciklus_%202024-25.pdf
Ве очекуваме на Филозофскиот факултет!
13/05/2024
‼ Традицијата продолжува 👇
💢Со особено задоволство Ве покануваме заеднички да го одбележиме Меѓународниот ден на семејството 👨👩👦👦
📅15.05.2024
📍Филозофски факултет, Скопје
11/05/2024
Откријте зошто Филозофскиот Факултет е вашата најдобра опција за студии!
Дали сте пред избор на факултет? Не знаете каде да продолжите со вашето образование? Зашто да не го истражите Филозофскиот Факултет? 🎓
🌟 Мозаик од 12 Институти: Филозофскиот Факултет нуди богат избор на програми, за да ги задоволи вашите академски интереси.
🎓 Стимулативна средина за учење: Филозофскиот Факултет е збир од интелектуална стимулација и поддршка од професорите, што ги подобрува студентските резултати.
🤝 Можности за дружење и заеднички активности: Освен учење, Филозофскиот Факултет нуди можност за изградба на пријателства и вклучување во студентски клубови и настани.
🌍 Филозофскиот Факултет создава култура на размислување и размена на идеи.
Изберете го Филозофски Факултет за учење, забава и непрекината лична и академска надоградба!
🚀 #ФилозофскиФакултет #Студии #Универзитет
08/05/2024
📢📜Пријавувањето за Летната Школа “Европско и балканско културно наследство“ е во тек. Местата се ограничени. Теоретска и теренска настава. Професори од Филозофскиот факултет во Белград и Скопје. Ве очекуваме!
🗓️📌10-14 Јуни 2024, Скопје
🔎🌐 http://fzf.ukim.edu.mk/повик-за-учество-на-2-летна-школа-ев/
07/05/2024
Со огромно задоволство ја објавуваме програмата на 11. Студентска конференција на тема "Филозофија на јазикот", на која има рекорден број на пријавени ученици!
Ве покануваме да присуствувате и да уживате во презентациите на нашите студенти!
12/04/2024
Ги охрабруваме и другите студенти да ги користат можностите кои ги нуди факултетот за програмите за меѓународна размена.