Советувалиште за студенти по медицина

Советувалиште за студенти по медицина

Share

Место каде што можете добиете совет како да го негувате своето ментално здравје.

Сепак, тоа е само усен испит… 09/02/2026

И покрај неколкуте повторувани постирања на овој текст, мислам дека има потреба да се потсетиме на него уште еднаш, затоа што оваа јануарска сесија е прва за некои нови студенти и втора за некои други.
Азбуката и таблицата за множење (ДЕФИНИЦИИТЕ) се основата! Без нив ништо не правиме.
Дефиницијата е формална, прецизна изјава што го објаснува точното значење на збор, фраза или концепт. Таа ги утврдува основните својства или критериуми што дефинираат нешто. Клучните синоними вклучуваат објаснување, толкување, опис и разјаснување.
Со среќа на сите!.
Да ја издржиме последната недела од оваа јануарска сесија.
П.С. Фотографијата е едно од моите најубави сеќавања на професионалните настани од годините што поминаа и доказ дека секој труд се исплаќа кога ќе дојде вистинското време!
Благодарана сум за тоа.

Сепак, тоа е само усен испит… Сесијата е при крај. Усните испити знаат да бидат силен предизвик, а не мора да е така. Сесијата уште трае. За некои предмети може да речеме дека само што почна. Уснит....

22/01/2026

Јануарска сесија, пак и пак и пак...
И постојано е истото: напорно, исцрпувачко и се помалку гратифицирачко.
Веќе не се смешни лапсусите, погрешните тврдења и информациите од општа култура што се читаат на писмените тестови... Можеби до искуството и до амортизацијата на материјалот е...
Но, уште, длабоко погодува случајна средба на испит со студент со сериозна здравствена состојба (болест), кој се труди да не ги „замара другите со својата состојба“, да ја сокрие, за да не го „сожалуваат“. Пуста стигма... Кој знае дали некој го обавестил дека има право да побара и да добие од факултетот поинакви услови за себе во однос на студиите врз основа на медицинската документација за неговата дијагноза...
Искривеното огледало во тој момент карикатурално ја рефлектира паралелната реалност на давање и обезбедување силна помош на студенти кои немаат сериозна здравствена состојба...
Тешка е јануарската сесија...
Со среќа, со здравје и со успех за сите!

26/12/2025

Дванаесет години Советувалиште за студентите по медицина, катче на Медицинскиот факултет при УКИМ, во кое, тие што влегле се чувствувале безбедно, разбрано, неосудено и поддржано. За целата академска средина трошка, но за тие што им требало -цел свет во еден миг.
Во ова турбулентно време, кога постои сериозна егзистенцијална несигурност на сите општества, глобално во светот, од големо значење е академската средина да биде поддржувачка, а не само оценувачка.
Но, поддржувачка во суштинска смисла: да обезбеди лесно достапни читални, лесно достапни различни извори на знаења и начини на негово стекнување, индивидуална академска поддршка (менторства, туторства, врсничко водство), пристојна, културна и рамноправна комуникација меѓу професорите и студентите. Потоа, пристојни услови за живот, простории и можности за организирана спортска активност и релаксација на студентите, лесно достапна психолошка помош, телефонски СОС линии итн.
Колегијалноста меѓу студентите треба да се јакне со поддршка и прифаќање на презапишувачите, со нивно внесување во сите канали на комуникацијата што се остварува меѓу студентите од регуларната година, а не со нивно отфрлање, игнорирање и потценување. Бидејќи буквално на секого може да му се случи да се сопне и да го изгуби чекорот во одреден момент од животот.
Знаеме дека ова звучи како бајка, но никој не може да ни забрани да имаме сон и да тежнееме да го оствариме.
Среќни празници!
СЗСПМ

Photos from EMSA - Macedonia ReBorn's post 20/12/2025

🤍

18/12/2025

Кон третата колоквиумска недела на Медицинскиот факултет

Оваа колоквиумска недела е најнапорна од сите.
Ентузијазмот, мотивацијата, силите на умот и на телото се прилично истрошени, а поставените цели чекаат да бидат исполнети.
Се ближат празници, а поставените цели чекаат да бидат исполнети.
А материјалот обемен, тежок или не, бара време да се запомни и да остане во главата.
Што да се прави?
Да се погледне ситуацијата реално, понекогаш со помош на некој од надвор, кој не е емотивно инволвиран во ситуацијата туку може да процени објективно „што држи вода, а што не“.
Потоа да се направи листа на приоритети (според тежината и значењето), потоа да се разреши чувството на вина ако не се отиде на сите колоквиуми, потоа да се фокусира умот на најважното и да се учи во соработка со колегите, бидејќи сите се во истата каша, помалку или повеќе и да се полага.
Па што биде –тоа!
Со среќа и со успех!

24/11/2025

„Како помина на колоквиумот?“
Како и да си поминал/а, тоа е завршено, останува позади.
Издиши длабоко и силно, погали си ја душата на кратко со ситна награда, одмори, земи силно воздух и уште денес види што е следното за полагање и до кај си со тоа!
Трчаш маратон, а не спринт!
Со среќа и со успех во колоквиумскава недела!

16/10/2025

ОД ДНЕВНИКОТ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА 4

Прирачник за антиколега

Добра вечер! Денес беше прекрасен ден! Го фатив уште од пет часот, во рани зори. Ги отворив сите списоци за полагања од септемвриската сесија и научив напамет 10-тина нови индекси. Останатите 200 веќе ги знам напамет. Точно видов кој кај кого полагал оваа сесија. Сега се’ прави логика. Ми стана јасно кој кому му е врска и дури се осудив да направам шема во главата како е таа врска фатена. Се’ тоа уредно е вметнато во табела. До секој студент, покрај основните информации, како: име, презиме, број на индекс, град во кој е роден, што работат неговите\нејзините и дали е докторско дете, или не, ги допишав и новооткриените факти-преку кого е фатена врската, колку студентот вистина знаел, дали оценката му се соодвестува со поените на тестот и колку прашања одговорил. Веднаш тоа го споделив со моите најблиски колеги во групата, кои верувале Вие, или не, го правеле истото тоа! Каква коинциденција. За многу од инфото што го споделив, не бев сигурен, ама што има врска? Важно да се врти муабет на факс. Па, дали врската е преку мајка, или баба, важно не е се’ чесно, така? Не може сите со врски, а јас ќор човек немам да му се обратам. Добро, не е баш така, имам една тетка што ги знае пола од професорите, ама нема врска, од кај ќе знаат другите? Јас за мене ќе си оставам поинаква слика. Отидов во осум на предавање. Бевме 10-тина колеги. Професорката немаше да пушти список и да почне да ги навредува колегите кои не се на предавањето, ама јас се погрижив за тоа и ја потсетив да пушти список, уште пред таа да ја отвори презентацијата. Од таму, со полно срце право на вежби. Ни рекоа дека мора секој да носи ракавици, во спротивно нема да може да присуствува. Двајца колеги немаа, ама цела среќа јас имав со мене резервни два пара. Ниеден не им дадов, ги избркаа. Денов не може да биде подобар. Од вежби, директно на кафе. Ги изоговарав сите, од колеги, до асистенти и професори, уште Деканатот ни остана, ама ајде тоа од утре. Додадов и нешто свое во приказната. Вечерта видов пуштиле список за полагање. Избришав двајца колеги, се пишав на нивно место, бидејќи првите 10 кои ќе се пишат обично се паѓаат кај најдобриот професор. Непосредно пред да си легнам видов дека ми пишале за да им пратам белешки од денешното предавање. Секако, се направив дека не сум видел и си легнав, затоа што утре имам нови индекси за учење.

Не биди ваков колега! Одиграј поинаку! Направи го спротивниот чекор! Креирај опкружување, какво што сакаш другите да креираат за тебе! Стани добар човек, за да можеш да бидеш добар доктор!

СЗСПМ

10/10/2025

10. Октомври - Светски ден на менталното здравје.

Да се зачува менталното здравје во денешниот свет на огромна нееднаквост, нестабилност, несигурност и секојдневно соочување со неброени апсурдни, неразумни и етички несфатливи настани е храбро дело и луксуз што ретко кој веќе може да си го овозможи.
Сепак: да си го чуваме внатрешниот мир, да се држиме до сопствениот систем на вредности, да се опкружиме со луѓе со кои делиме ист или сличен систем на вредности, да си најдеме хоби, кое ни ги полни батериите, да бидеме благодарни за тоа што го имаме и сме го постигнале...
Не само денес...

08/10/2025

Почитувани и драги, стари и нови студенти на Медицинскиот факултет,
Во просториите на советувалиштето во Институтот за физиологија, место во Големата сала на деканатот, на 9. Октомври (четврток) со почеток во 15 часот ќе се одржи најавената работилница.
Ќе позборуваме за психолошкиот товар на привилегираностa и отсуството на привилегираност, за синдромот на натрапник, за справувањето со пораз, за тоа како подолго време да се заштитиме од психичка и физичка прегореност. Или пак за нешто друго што ќе излезе на површина откако ќе се запознаеме и кога ќе почнеме да работиме. Секако, ќе оставиме многу материјал и за следни видувања и следни настани.
Дојдете со вашата енергија, да се дружиме и да споделуваме!

30/09/2025

Почитувани и драги, стари и нови студенти на Медицинскиот факултет,
Советувалиштето за студенти по медицина срдечно Ве поканува да ни се придружите на претстојната Работилница, прва во новата академска година.
Дојдете со вашата енергија, да се дружиме и да споделуваме!
🤎
Ве молиме да го регистрирате вашето присуство на следниот линк!
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScrxvE2MyTIEVxu3K-P_qiTAeLaqaWm2-pFRM0cPux2LjFdKg/viewform?usp=header

10/09/2025

10. Септември - светски ден на превенција на самоубиствата.
Почетокот на разговорот е најголемиот чекор, после полека, полека кон излезот од тунелот - заедно...

Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Address


UKIM, Medicinski Fakultet, 50. Divizija Br 6
Skopje
1000

Opening Hours

Tuesday 12:00 - 14:00
Thursday 12:00 - 14:00