Студентско Собрание - ПФСКО

Студентско Собрание - ПФСКО Официјална фејсбук страна на ФСС на ПФСКО

06/08/2026
Искрени честитки до сите апсолвенти за успешно завршеното академско патување 2025/2026🎓Горди сме на сите апсолвенти кои ...
18/07/2026

Искрени честитки до сите апсолвенти за успешно завршеното академско патување 2025/2026🎓
Горди сме на сите апсолвенти кои со многу труд, знаење и упорност стигнаа до оваа важна пресвртница!

Нека стекнатото знаење биде темел за големи достигнувања, а вашата амбиција и упорност нека ве видат кон нови победи. Ви посакуваме многу успех, инспирација и исполнување на сите ваши планови и желби!🎓🌟

05/06/2026
Со особена чест и длабока почит беше одбележана 77-годишнината од основањето и патрониот ден на Универзитетот „Св. Кирил...
22/05/2026

Со особена чест и длабока почит беше одбележана 77-годишнината од основањето и патрониот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Во духот на традицијата, достоинството и академските вредности, пред споменикот на светите Кирил и Методиј беше положено свежо цвеќе како симбол на благодарност и почит кон делото и значењето на сесловенските просветители.

Свежо цвеќе положи претседателката на Факултетското студентско собрание Сабина Кочан, во состав со Универзитетското студентско собрание, оддавајќи почит кон темелите на знаењето, образованието и универзитетската традиција.

Овој свечен настан уште еднаш ја потврди важноста на единството, почитта и академскиот дух што со децении го негува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

✨ Малите гестови создаваат најголеми насмевки.✨Со многу љубов и хуманост ја започнуваме акцијата „Од срце за детските на...
13/05/2026

✨ Малите гестови создаваат најголеми насмевки.✨

Со многу љубов и хуманост ја започнуваме акцијата „Од срце за детските насмевки“ ❤️
Да подариме топлина, грижа и радост на децата од СОС Детско село.

👕 Донирај облека
💰 Или остави финансиска донација во кутијата поставена на влезот на факултетот.

📍 Канцеларија на Факултетско Студентско собрание
📅 14.05.2026 – 21.05.2026

Заедно можеме да направиме нечие детство посреќно. 🤍
#ОдСрцеЗаДетскитеНасмевки #ХуманитарнаАкција #СОСДетскоСело #ДонирајСоЉубов #ФССнаПФСКО

Со многу насмевки, знаење и убави спомени го заокруживме последното предавање по предметот Методика на воспитна работа.✨...
07/05/2026

Со многу насмевки, знаење и убави спомени го заокруживме последното предавање по предметот Методика на воспитна работа.✨
Чекор поблиску до професијата што се работи со срце. 🤍

Зошто да губиш време на патување кога можеш да имаш матичен лекар во Скопје?✔ Брз и лесен пристап до здравствена услуга✔...
06/04/2026

Зошто да губиш време на патување кога можеш да имаш матичен лекар во Скопје?
✔ Брз и лесен пристап до здравствена услуга
✔ Професионален и посветен медицински тим
✔ Локација во близина на Педагошкиот факултет
✔ Поддршка кога ти е најпотребна

Твоето здравје е важно — особено во студентските денови исполнети со обврски, испити и предизвици.

📍 Во близина на Педагошкиот факултет, спроти гимназијата „Георги Димитров“
📞 075 232 773

Избери сигурност. Избери достапност. Избери грижа.
Избери Ка Медика.

Добредојдени се сите заинтересирани студенти! 🎓

#ФСС #ПедагошкиФакултет #СтудентскиЖивот #ЗдравјеЗаСтуденти #КаМедика Скопје Студенти Здравје

27/03/2026

Краток осврт на денешното и воедно последно советување на тема: „Читањето во ерата на екраните – битката помеѓу алгоритмите и книгата“, одржано во амфитеатарот на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

По повод осум децении од излегувањето од печат на првото списание за деца на македонски јазик и првиот буквар на стандарден македонски јазик, Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во соработка со:
Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија,
Здружението на просветни работници на град Скопје,
Здружението на одделенски наставници „Учител“ и
Здружението на просветни работници на град Куманово,
со поддршка на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“, Просветно дело и редакцијата на „Детска радост“ – Скопје, на 25.03.2026 и 29.03.2026 година организираа советување.

Им благодариме на сите гости што одвоија време и нè почестија со својата присутност, како и на предавачите за нивните излагања и искрените совети насочени кон унапредување на воспитно-образовната работа. 📚✨

25/03/2026

Краток осврт од денешното советување на тема
„Читањето во ерата на екраните – битката помеѓу алгоритмите и книгата“,
одржано во амфитеатарот на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје. 📚✨

По повод осум децении од излегувањето од печат на првото списание за деца на македонски јазик и првиот буквар на стандарден македонски јазик, Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во соработка со:
• Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија
• Здружението на просветни работници на град Скопје
• Здружението на одделенски наставници „Учител“
• Здружението на просветни работници на град Куманово

со поддршка на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“, „Просветно дело“ и редакцијата на „Детска радост“ – Скопје, организира советување на 25.03.2026 и 29.03.2026 година.

Се гледаме во петок! 🎓📖

23/02/2026

Кој ви беше на вас најтежок и најлесен испит? Пишете во коментари☺️ #ФССПФСКО #испитнасесија #Педагошкифакултет

Address

ул. Дрезденска, бр: 56, Карпош
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Студентско Собрание - ПФСКО posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Студентско Собрание - ПФСКО:

Shortcuts

Share

Category