Македонска академија на науките и уметностите

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Македонска академија на науките и уметностите

Македонска академија на науките и уметностите Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Македонска академија на науките и уметностите, College & University, Skopje.

The Macedonian Academyof Sciences and Arts was established by the Macedonian Assembly on February the 2nd 1967 as the highest scientific, scholarly and artistic institution in the country with the aim of monitoring and stimulating the sciences and arts.

Со огромна чест и задоволство Ве известуваме дека на ден 7.7.2020г. во 10:30ч. на Платото пред МАНУ ќе се одржи настанот...
04/07/2020

Со огромна чест и задоволство Ве известуваме дека на ден 7.7.2020г. во 10:30ч. на Платото пред МАНУ ќе се одржи настанот:

„Промоција на четири изданија за македонскиот јазик“

Овој настан претставува соработка на МАНУ со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик.

Програмата вклучува:

Поздравно обраќање
акад. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ

ПРОМОЦИЈА
Колективна монографија:
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК – КОНТИНУИТЕТ ВО ПРОСТОР И ВРЕМЕ
акад. Катица Ќулавкова

Меѓународен зборник:
ПОГЛЕДИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
проф. д-р Снежана Велковска

Избор на македонски текстови:
МАКЕДОНСКА ХРЕСТОМАТИЈА
проф. д-р Димитар Пандев

Дијалектен атлас:
ЛИНГВИСТИЧКИ АТЛАС НА МАКЕДОНСКИТЕ ДИЈАЛЕКТИ (СПОРЕД МАТЕРИЈАЛИТЕ НА ОЛА)
доп. член Марјан Марковиќ



Изданијата кои ќе се промовираат се достапни онлајн на следниот линк:
http://manu.edu.mk/континуитет-на-македонскиот-јазик/

Академик Леонид Грчев зборува за 5Г и зрачната моќност на новите уреди. Кога зборуваме за зрачната моќност на антените, ...
08/06/2020

Академик Леонид Грчев зборува за 5Г и зрачната моќност на новите уреди. Кога зборуваме за зрачната моќност на антените, треба да знаеме дека се работи за моќност која се распределува во просторот. Тоа значи дека многу мал дел од таа моќност може да апсорбира човек кој е на вообичаено растојание од антената.

Грчев вели:
“Историјата покажува дека воведувањето нови технологии често било следено со страв. Луѓето се плашеле од првите автомобили; се плашеле од наизменичната струја. Постоел страв дека електричното осветлување го оштетува видот и го уништува здравиот сон. Животот во денешните општества е заснован на овие и на безброј други технологии што се воведени во последните стотина години. Притоа, основниот принцип на проектирање на уредите што ги применуваат технологиите е нивната безбедност и сигурност.

Прочитајте повеќе на:

03/05/2020 ПретходенНареден Академик Леонид Грчев за 5Г и зрачната моќност на новите уреди. Кога зборуваме за зрачната моќност на антените, треба да знаеме дека се работ...

Aкадeмик Катица Ќулавкова говори за македонскиот јазик, по повод ултимативните изјави на бугарските власти како и ставов...
02/06/2020

Aкадeмик Катица Ќулавкова говори за македонскиот јазик, по повод ултимативните изјави на бугарските власти како и ставовите на Бугарската академија на науките – според кои македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик.

Академик Ќулавкова истакнува дека станува збор за „напади кои се проблематични од научна гледна точка, од политичка гледна точка, од дипломатска гледна точка“, односно дека во таквиот развој на настаните „наша најголема одбрана е научната претстава за македонскиот јазик, неговото потекло, неговиот историски развиток и неговиот современ систем“.

Дополнително појаснува дека постоењето на јазикот не зависи од државните институции, односно дека тоа е научен факт.
„ Нема јазик кој е створен механички со одлука на нечија државна институција. Не можете да кодифицирате јазичен систем кој нема своја жива народна реч, свои говори, свои функционални стилови, своја јазична меморија, свој поглед на свет. Таков квазинаучен и недипломатски политички став на бугарските државни институции и на БАН е израз на еден еклатантен јазичен експанзионизам, втемелен врз начелото на ексклузивниот пристап кон културното наследство, а јазикот е без двоумење една од најважните одлики на културното наследство (и духовно, и материјално). Културното, а особено духовното наследство, не познава државни граници и во таа смисла може да се посматра како „споделено добро“.

Прочитајте повеќе на веб страницата на МАНУ.

Марјан Марковиќ, дописен член на МАНУ, пишува за моќта за адаптација на македонскиот јазик, и како токму тоа е клуч за д...
01/06/2020

Марјан Марковиќ, дописен член на МАНУ, пишува за моќта за адаптација на македонскиот јазик, и како токму тоа е клуч за долговековниот континуитет на македонскиот јазик.

Дел од неговите заклучоци:
“Современиот македонски јазик ни ги покажува тенденциите на забрзаната јазична еволуција користејќи ги сите можности што ги дава богатиот дијалектен корпус кој имал многувековна непречена усна традиција. Токму тој богат дијалектен корпус овозможува говорителите на современиот македонски јазик да изнаоѓаат решенија кои овозможуваат поеднозначна и непречена комуникација и меѓусебно разбирање. И во својот 'балкански' развој и во својот сегашен самостоен развој, македонскиот јазик ги користи сите овие средства со цел на што поеднозначенначин да ја артикулира концептуализацијата на современиот свет и да обезбеди појасна комуникација меѓу говорителите.

Затоа, можеме да кажеме дека клучот за континуитетот и опстанокот на македонскиот јазик е токму во неговата способност да се адаптира кон промените, да ги вгради во својот систем и со тоа да биде модел во пошироки рамки за тоа како еден јазик дури и во најнеповолни околности може да стане одржлив, еволутивен и иновативен комплексен адаптивен систем.”

Целата статија можете да ја погледнете на: http://manu.edu.mk/моќта-за-адаптација-клуч-за-долгове/

Академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ дава коментар за најновите превирања на релација Скопје-Софија околу јазикот...
19/05/2020

Академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ дава коментар за најновите превирања на релација Скопје-Софија околу јазикот. Oценува дека одредени слоеви во двете општества создаваат нетрпение и омраза.

Започнувајќи со мисловен експеримент: „Ако дрво падне на ненаселен остров, дали тоа ќе предизвика звук?", Коцарев вели:
“Во светот на науката, експериментот има два одговора, што зависи од тоа што е тоа звук.
- Ако одговорот е објективен, може да се покаже дека дрвото кое паѓа предизвикува звук.
- Ако одговорот е поврзан со нас (и затоа е субјективен), па под звук се подразбираат вибрациите кои се генерираат во нашиот нервен систем, тогаш, на пустиот остров, паѓањето дрво нема да произведе звук.”

Во истата насока, Коцарев објаснува:
“Во духот на овој одговор, и прашањето дали македонскиот јазик постои пред формирањето на македонската држава, има два одговори.

- Ако одговорот не зависи од нас, тогаш тој е потврден, не е возможно да се создаде јазик во еден момент, со актот на формирање на една национална држава. Македонскиот јазик постои од дамнина.
- Ако одговорот има субјективен карактер и зависи од перцепцијата на слушателот, тогаш тој ќе ги содржи, во зависност од слушателот, обете - и одречни/негативни, и афирмативни карактеристики.

Единствена разлика е во тоа што, во вториот случај, тоа создава нетрпение и омраза меѓу и онака блиските народи, за што се виновни првенствено определени слоеви на обете држави, македонската и бугарската.”

Прочитајте ја целосната статија на:
http://manu.edu.mk/македонскиот-јазик-во-време-и-простор/

Љупчо Коцарев, петседателот на МАНУ вели:"Во моделирање на која било физичка, биолошка и/или социјална појава треба секо...
11/04/2020

Љупчо Коцарев, петседателот на МАНУ вели:
"Во моделирање на која било физичка, биолошка и/или социјална појава треба секогаш да се имаат предвид неколку факти. Прво, моделите не даваат одговор на прашањето: какви ќе бидат анализираните појави во иднина, тие секогаш опишуваат низа можности (сценарија) и тие можности се многу чувствителни на почетните услови, параметрите на моделот и, во случај на епидемиолошки модели, на нашите постапки, мерки и преземените нефармацевтски интервенции."

За направеното истражување во центарот за компјутерски науки и информатички технологии, во соработка со м-р Петар Јовановски, Коцарев вели:
"Првичните резултати од SIR моделот се покажани на слика 1. Во моделот се внесени податоци до 8 април 2020 година и за 9 април моделот предвидува вкупно 669 заразени, додека според реалните податоци тој број изнесува 663. Според моделот, максималниот број на инфицирани се очекува да се случи во почеток на мај и тој број е околу 1100 инфицирани. Репродукцискиот број за Македонија, пресметан со моделот, изнесува 1,1. Уште еднаш би сакал да потенцирам дека ова се прелиминарни резултати и се однесуваат само на еден модел. Прелиминарните резултати на овој и другите модели, несомнено, укажуваат дека сме на добар пат во сузбивањето и намалувањето на епидемијата во нашата држава."

Прочитајте повеќе во целосното интервју.
👇

Во моделот се внесени податоци до 8 април 2020 година и за 9 април моделот предвидува вкупно 669 заразени, додека според реалните податоци тој број изнесува 663

Почитувани,Македонската академија на науките и уметностите има чест и задоволство да Be покани на отворањето на изложбат...
01/04/2019

Почитувани,

Македонската академија на науките и уметностите има чест и задоволство да Be покани на отворањето на изложбата

ЧЛЕНОВИ НА АНУБиХ - ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ

која ќе се одржи на 11 април 2019 година во 20 часот во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметносгите, бул. „Крсте Мисирков" бр. 2 – Скопје

Изложбата е организирана во рамките на меѓуакадемиската соработка на Македонската академија на науките и уметностите и Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина.

Изложбата ќе биде отворена до 22 април 2019 година.

11/04/2019 Претходен Почитувани, Македонската академија на науките и уметностите има чест и задоволство да Be покани на отворањето на изложбата ЧЛЕНОВИ НА АНУБиХ – ЛИКО...

25/10/2018

24/10/2018 ПретходенНареден Македонскиот поет, академик Влада Урошевиќ, ја доби највисоката награда за поезија „Златен витез“ на Деветтиот меѓународен книжевен фору....

10/10/2018

04/10/2018 ПретходенНареден Во периодот од 4 до 5 октомври 2018 година во Охрид, во организација на Македонската академија на науките и уметностите, а во соработка со Влада...

07/06/2018

07/06/2018 ПретходенНареден Македонската академија на науките и уметностите со жалење ја известува јавноста дека на 6 јуни 2018 година почина акад. Матеја Матевски, редов...

07/06/2018

06/06/2018 ПретходенНареден На 6 јуни (среда) 2018 година се одржа XIX Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите за избор на дописни членови на Ака...

31/03/2018

31/03/2018 Претходен Македонската академија на науките и уметностите со жалење ја известува јавноста дека на ­­­30 март 2018 година во Скопје, почина акад. Цветан Гроздано...

Address

Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Македонска академија на науките и уметностите posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Македонска академија на науките и уметностите:

Shortcuts

Share