28/05/2026
Во нашето училиште дел од наставниците и асистентите учествуваа на обука организирана од Хоризонталниот инструмент на ЕУ и Советот на Европа на тема "Зајакнување на активностите против трговијата со луѓе" во соработка со Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.
Со оваа обука се осврна внимание на свесност за трговијата со деца кај наставниот и стручен кадар во нашето училиште. Од овој проект најголем бенефит ќе имаат учениците. Тие преку наставата и слободните активности ќе слушаат низ игра за начините како да се заштитат и навремено да ги информираат родителите и наставниците за одредени несекојдневни и штетни однесувања на возрасни во нивната околина.