Филозофски факултет - Скопје

Филозофски факултет - Скопје

Share

Официјалната FB страница на Филозофскиот факултет - Скопје, првата високоoбразовна институција во Република Македонија. http://www.fzf.ukim.edu.mk

Филозофскиот факултет во Скопје, првата високошколска установа во современата историја на Македонија, бил основан по завршувањето на Првата светска војна, во 1920 година. Со неговото отвοрање биле поставени темелите на модерниот универзитетски живот во Република Македонија.
Најголемиот успех на оваа институција се генерациите млади луѓе кои своето образование ни го доверуваат нам и се носители на

01/06/2026

🎓 СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД АЛУМНИ ЗАЕДНИЦАТА НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

Филозофскиот факултет не е само место каде што се стекнуваат знаења – тој е заедница која ги поврзува генерациите студенти, професори и професионалци.

Центарот за кариера на Филозофскиот факултет работи на зајакнување на Алумни заедницата со цел да создаде простор за поврзување, размена на искуства, професионална соработка и поддршка на сегашните и идните студенти.

Доколку сте дипломирале на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ве покануваме да станете дел од нашата Алумни заедница.

📱 Скенирајте го QR кодот и пополнете ја пристапницата.

Заедно ја продолжуваме приказната на Филозофскиот факултет, ги зајакнуваме врските меѓу генерациите и создаваме нови можности за соработка, развој и успех.

#ФилозофскиФакултет #УКИМ #АлумниЗаедница #ЦентарЗаКариера #ФилозофскиСкопје #Алумни #ЗаедноРастеме

31/05/2026

🌱 ПОКАНА ЗА ОНЛАЈН ПРЕДАВАЊЕ

ЗЕЛЕНА ТРАНСФОРМАЦИЈА И ОПШТЕСТВЕНИТЕ НАУКИ

Климатските промени, одржливиот развој и зелената транзиција се меѓу најзначајните глобални предизвици на денешницата. Иако најчесто се поврзуваат со заштитата на животната средина, овие процеси имаат длабоки импликации врз социјалните политики, образованието, пазарот на трудот, човековите права и благосостојбата на заедниците.

Во тој контекст, општествените науки имаат значајна улога во разбирањето и управувањето со промените што ги носи зелената трансформација.

Центарот за кариера на Филозофскиот факултет при УКИМ ве поканува на онлајн предавање на тема:
„Зелена трансформација и општествените науки“

🎙️ Предавач:
Наташа Павиќевиќ Стојменовска, претседателка на Здружението на социјални работници на Македонија и член на алумни заедницата на Филозофскиот факултет при УКИМ.

📅 4 јуни 2026 година (четврток)
🕚 11:00 часот
💻 Zoom

На предавањето ќе стане збор за:
✅ Зелената трансформација и одржливиот развој;
✅ Влијанието на климатските промени врз општеството;
✅ Улогата на општествените науки во создавање одржливи заедници;
✅ Новите зелени вештини и компетенции на пазарот на трудот;
✅ Можностите за професионален развој во контекст на зелената транзиција.

🔗 Линк за приклучување:

https://us02web.zoom.us/j/81859719472?pwd=Trc7TzSGm2MwOZxd24waM2YTjacPSf.1

📌 Meeting ID: 818 5971 9472

Ги покануваме студентите, дипломците, професионалците и сите заинтересирани од областа на општествените науки да бидат дел од ова предавање и да се вклучат во дискусијата за иднината на одржливото и инклузивно општество.

Ве очекуваме!

Центар за кариера, Филозофски факултет – УКИМ Скопје🌱

Photos from Филозофски факултет - Скопје's post 28/05/2026

Во рамките на чествувањето на 80 години од основањето на Институтот за педагогија и одбележувањето на „Денови на педагогија“, на 27 мај 2026 година, студентското здружение на педагози „Педагогиум“ реализираше две работилници.

Работилниците беа посветени на теми значајни за воспитно-образовниот процес, со цел поттикнување дискусија, размена на идеи, меѓусебна соработка и активно вклучување на студентите и средношколците.

Настаните поминаа во позитивна, инспиративна и креативна атмосфера, исполнета со учење, интеракција и заедничко градење нови искуства.

Упатуваме искрена благодарност до сите учесници, професори, ученици и стручни соработници-педагози кои беа дел од овие активности и придонесоа за успешната реализација на работилниците. 💜✨

Photos from Филозофски факултет - Скопје's post 27/05/2026

Денес, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска оствари работна средба со колегите од Институтот за психологија при Филозофскиот факултет, во присуство на деканот проф. д-р Оливер Бакрески.

Средбата беше можност за отворена и конструктивна дискусија за актуелните состојби и предизвици во високото образование, како и за значењето на психолошката струка во современото општество. Посебен акцент беше ставен на потребата од континуирано унапредување на образовните процеси, поддршката на студентите и јакнењето на врската помеѓу академската заедница и институциите.

Во текот на разговорите беа разменети мислења и идеи за идни иницијативи, научно-истражувачка работа и можности за понатамошна соработка во насока на развој на квалитетно образование и стручна поддршка за младите.

Филозофскиот факултет и Институтот за психологија продолжуваат активно да придонесуваат во развојот на науката, образованието и професионалната практика, преку посветеност, соработка и вложување во идните генерации.

Photos from Филозофски факултет - Скопје's post 27/05/2026

🎓 Вчера студентите од Филозофски факултет – УКИМ ја прославија својата апсолвентска вечер — вечер исполнета со емоции, насмевки, музика, дружење и спомени кои ќе останат засекогаш. ✨

По години учење, предизвици, испити и заеднички моменти, оваа вечер беше симболично заокружување на едно важно животно поглавје и почеток на нови патишта, соништа и успеси.

Им посакуваме многу среќа, успех и инспирација на сите апсолвенти. Вратите на факултетот секогаш ќе останат отворени за вас и со радост ве очекуваме да бидете дел од нашата alumni заедница, да продолжиме да се поврзуваме, соработуваме и заеднички да ја градиме академската и професионалната приказна на Филозофски факултет – УКИМ. ❤️

Среќно, драги апсолвенти! 🎓✨

Photos from Филозофски факултет - Скопје's post 26/05/2026

Денес на Филозофскиот факултет беа свечено доделени дипломите на дипломираните студенти и магистрите на науки.

Им честитаме на сите дипломци и магистри за нивниот труд, посветеност и успех, и им посакуваме многу среќа, професионални достигнувања и личен напредок на нивниот понатамошен пат.

📸 Во продолжение можете да ги погледнете останатите фотографии од настанот на следниот линк:

🔗 https://drive.google.com/drive/folders/1U6BRufPr_0k-GhNZpshEBzFjh2h776xp
#ФилозофскиФакултет #УКИМ #Дипломирање #Магистри #ГордиНаНашитеСтуденти #НоваГенерацијаПрофесионалци 🎓✨

26/05/2026

Информација за Еразмус предавања: Проф. д-р Марко Арлоти, од Одделот за економски и општествени науки при Политехничкиот универзтет Марке во Италија, ќе оджи Еразмус предавања на Филозофскиот факултет. -27.05 во 12 часот, во предавална 16, на тема: Population ageing and long-term care policies: The Italian case;
- 28.05.2026 во 12.15, во предавална 16, на тема: The issue of care poverty in Italy: a territorial analysis.
Предавањата се од отворен тип, а ќе се одржат на англиски јазик. Добредојдени се сите кои имаат интерес за системите за долгорочна нега и поврзаноста меѓу сиромаштијата и негата.

24/05/2026

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, од името на Филозофскиот факултет упатуваме искрени честитки до сите студенти, професори, соработници и граѓани.

Делото на Светите Кирил и Методиј претставува еден од најзначајните темели на словенската писменост, образование и култура. Нивната мисија за ширење на знаењето, просветителството и духовните вредности оставила траен белег во историјата и продолжува да биде инспирација и денес.

Како академска заедница, горди сме што сме дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и што го продолжуваме патот на знаењето, образованието и научната мисла што го трасирале овие големи просветители.

Нека е честит 24 Мај – Денот на Светите Кирил и Методиј! 📚🎓🇲🇰

Споменот на Свети Кирил и Свети Методиј останува трајна инспирација за сите генерации.

22/05/2026

Со длабока тага ја примивме веста за прераното заминување на Марко Ѓорѓиевски (2005), студент на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје.

Марко беше на почетокот од својот академски пат, исполнет со планови, соништа и желба за знаење. Неговото заминување претставува голема загуба за неговото семејство, пријателите, колегите и академската заедница.

Во овие тешки моменти изразуваме искрено сочувство до неговите најблиски.

Нека почива во мир. 🕊️

Филозофски факултет – Скопје

Photos from Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје's post 22/05/2026
Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Address


Goce Delchev Boulevard 9A
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 20:00
Tuesday 09:00 - 20:00
Wednesday 09:00 - 20:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 07:00 - 20:00
Saturday 07:00 - 17:00