Училиште за Кинески јазик Nǐ Hǎo 你好

Училиште за Кинески јазик Nǐ Hǎo 你好 Прво училиште за кинески јазик Nǐ Hǎo 你好, нуди можност

Започнете со изучување на нов интересен и несекојдневен јазик, но многу перспективен за нашите простори. Бидете различни бидејќи кинескиот е различен од англискиот и германскиот.

Научете да цртате знаци, да читате и да се изразувате како кинезите. Запознајте се со далечната кинеска култура и писмо. И заминете во Кина барем со основно познавање на јазикот и културата.

Сега имате можност да го изучувате во новото училиште за кинески јазик Nǐ hǎo 你好 , а на лето и во Пекинг.

Училиштето ги нуди следниве услуги:

* Кинески курсеви за сите возрасти и нивоа

* Редовни курсеви

* Индивидуални часови

* Убрзани курсеви

* Бизнис кинески

* Часови по конверзација со професор од Кина

* Интерактивни часови со посета на кинеска амбасада и кинески центар "Конфуциј"

* Летни работилници во училиштето

* Летни курсеви во Пекинг, Кина

* Опремена училница по меѓународни стандарди, наставен план и програма

* Мали групи на слушатели (максимум 8)

* Сертификат за успешно завршено ниво

Воедно училиштето ви нуди и часови по италијански за сите возрасти и нивоа:

- Редовни курсеви
-Убрзани часови
- Групни и индивидуални курсеви
- Спремање за испити и тестови

Повелете од 15ти Септември!

15/09/2025

ТЕРМИНИТЕ за часовите по КИНЕСКИ за учебната 2025/26 се закажани!!!
Настава на далечина, на Тимс.
Почетен курс по кинески за деца од 12 до 16 год ВТОРНИК И ЧЕТВРТОК од 18ч до 19ч
Почетен курс по кинески за возрасни од 17год до 30 год ВТОРНИК И ЧЕТВРТОК од 21ч до 22ч
Повелете пријавете се 078-232-205 (вибер или во сандаче)

02/09/2025

Училиштето по кинески јазик после 4 години повторно прави уписи овој септември!!!
*Изучување на кинески мандарински јазик во целост (знаци, пишување, граматика, читање и конверзација)
Два пати седмично, осум пати во месецот, во времетраење од 60 мин.
*Термини за часови после 17ч во договор со групата
*Упис за почетен кинески, за ученици од средното училиште и возрасни групи.
*Часовите се оддржуваат на далечина на платформата Скајп.
Уписите траат до 14.09.2025!
Наставата почнува од 15ти, понеделник.
Побрзајте , пријавете се доколку сакате да го учите најзборуваниот јазик во светот!
078-232-205 Сузана (вибер или во сандаче)

中秋节快乐!
17/09/2024

中秋节快乐!

Среќен 10ти јубилеен роденден Ни Хао!生日快乐!Можеме да се пофалиме со успешна работа, посветеност и истрајност во овие 10 г...
21/06/2024

Среќен 10ти јубилеен роденден Ни Хао!
生日快乐!
Можеме да се пофалиме со успешна работа, посветеност и истрајност во овие 10 години.
Приватното училиште, прво и единствено во Македонија коешто го основавме во 2014 год заокружи 10 годони постоење и досега низ годините поминаа 135 студенти, ученици и возрасни со завршени основни, средни и високи степени на познавање на кинескиот јазик. Од нив 8 студенти се стипендисти коишто заминаа на студии во Кина и неколку посредништва за работа во Кина.

Училиштето брои тројца професори коишто посветено и трудољубиво ја промовираат кинеската култура, традиција и јазик во нашата држава.

Училиштето е акредитирано и признаено од Кинеската амбасада во Македонија и во блиска соработка како со Амбасадата, така и со Институтот Конфуциј. Редовно, секоја година освен со сертификатот за успешно завршен степен на познавање на кинескиот јазик, учениците по желба се акредитирани и со интернационалниот сертификат ХСК преку Институтот Конфуциј.

Јас, Сузана Недевска како негов основач и главен професор сум премногу горда на досегашните достигнувања, на вложениот труд на сите мои ученици и посебно благодарна на родителите во изборот и насоката што од дома им ја даваат на децата во истрајноста да изучуваат еден поинаков јазик којшто бара дисциплина и редовност.
Голема благодарност до Амбасадата на НР Кина, на моето стипендирано учење во Кина пред многу години и можноста да го совладам јазикот за да отворам можност за новоте генерации да имаат каде да учат кинески.
Нека ни е среќен роденденот и со повеќе сила, волја и знаење да напредуваме во наредните 10 години.
Се гледаме на уписи на 1ви септември, а дотогаш релаксиран распуст на сите ученици! :)

Новогодишна дружба со учениците од Ни Хао и Мартин Лао Ш新年快乐!万事如意!学习进步!
28/12/2022

Новогодишна дружба со учениците од Ни Хао и Мартин Лао Ш
新年快乐!万事如意!
学习进步!

01/10/2022
01/09/2022

Уписите за учебната 2022/23 година можат да започнат!

Повелете на кинески јазик со
* онлајн присуство за возрасните почетни групи
* физичко присуство за најмалите во училници во Карпош!

Часовите почнуваат на 19.09.2022 година!

Среќен почеток во новата учебна година!

Уписите се во тек!
078-232-205

Уште една успешно завршена учебна година 2021/2022Постигнати високи резултати на тестирањето и постигнат повисок степен ...
24/06/2022

Уште една успешно завршена учебна година 2021/2022
Постигнати високи резултати на тестирањето и постигнат повисок степен по кинески јазик. Поделени дипломи!
Голема благодарност до учениците за напорното учење и постигнатите резултати, голема благодарност до родителите за пожртвуваноста и помошта и огромна благодарност до учителите Мартин и Мими 老师 за посветеноста, заложбите и активностите во текот на целата година. Задоволство, чест и привилегија беше да соработуваме заедно.
Среќно и релаксирано лето и убав распуст на сите! До година со повеќе знаење!

15/03/2022

Повелете на пролетен-летен семестар од три месеци(април, мај и јуни) убрзан курс на изучување на кинески јазик.
* 8 часа месечно, 2 пати седмично во времетраење од 60 мин.
* група на средношколци и студенти
* онлајн настава на далечина на наша закупена училница на платформата Newrow
* 2500 ден месечна уплата (или 7000 ден со уплата со попуст за однапред платени 3 месеци)
Уписите се во тек!!!
078-232-205

Address

Улица Борис Сарафов, часови на далечина, платформа Newrow, онлај училница
Skopje
1000СКОПЈЕ

Opening Hours

Monday 14:00 - 21:00
Tuesday 14:00 - 21:00
Wednesday 14:00 - 21:00
Thursday 14:00 - 21:00
Friday 14:00 - 21:00
Saturday 14:00 - 21:00

Telephone

+38978232205

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Училиште за Кинески јазик Nǐ Hǎo 你好 posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Училиште за Кинески јазик Nǐ Hǎo 你好:

Shortcuts

Share

Category