Германскиот јазичен центар претставува едукативен центар специјализиран за германски јазик креиран според европските стандарди за квалитет и единствен од ваков вид во Македонија. Истиот е основан во август 2008 година. Наша мисија е создавање и одржување на нивото на висококвалитетни услуги на наставата на германски како странски јазик по највисоки професионални и етички стандарди. Нашата цел не
е само совладување на јазикот туку и стекнување на квалитетни алатки за комуникација во општеството во кое живееме. Нашиот едукативен центар специјализиран за германски јазик е препознатлив по високиот квалитет на услугите, врвни услови за изведување на наставата, широк асортиман на своите услуги, флексибилност во однос на крајните корисници и уникатни типови на настава. Наставата во нашиот центар е збогатена со дополнителни материјали одбрани да ги задоволат сите вкусови и потреби.Нашите простории се пријатни и модерни , а современата опрема и наставните помагала по Европски стандарди овозможуваат успешно совладување на јазикот. Ние ви нудиме пријателска и релаксирана атмосфера за работа со пристап преку кој учењето го претвораме во забава преку најразлични игри, песни, гледање филмови, натпревари, организирање претстави кои се особено интересни за најмладите слушатели се со цел да го засакаат јазикот.