30/03/2026
Учениците и Професорите тридневно теренско истражување во Охридско Поле 🎶
Со многу љубопитност и љубов кон традицијата, ќе истражуваме песни, обичаи и приказни од овој крај.
Ова теренско искуство за нас претставува значаен чекор во образованието, бидејќи ни овозможува практично да ги примениме нашите знаења, но и да развиеме уште поголема почит кон традицијата и културниот идентитет.
Охридско Поле, со својата богата историја и специфични обичаи, е наша инспирација за понатамошна работа и истражување ✨Преку средби со локалното население, ќе собираме автентични приказни, песни, обичаи и верувања – и ќе се обидеме да зачуваме дел од културното наследство што се пренесува од генерација на генерација ❤️
25/12/2025
🎶✨:
Импресиите од концертот сè уште не стивнуваат!
Прекрасна заедничка соработка со Центарот за турска култура „Јунус Емре“ и ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, во која учениците од насоката за традиционална музика и игра ја оживеаја магијата на сцената.
🎼💃 Повелете сите вие што не бевте во можност да присуствувате — погледнете и доживејте дел од оваа музичка магија!
27/11/2025
🌟 ГОЛЕМ УСПЕХ за нашите ученици! 🌟
На XIII Меѓународен натпревар „ Традициски состави и хармоника – Кавадарци“ Во дисциплина традициски народни состави - категорија Б, нашите талентирани млади уметници освоија:
🥇 Специјална награда!
🏆 ЛАУРЕАТ!✨
Под менторство на проф. м-р Христијан Николовски 👨🏫, нивниот труд, љубов и посветеност кон македонската инструментална традицијата блескаа! 💛
Нашите ѕвезди: ⭐
👧🏼 Каја Ристовска – 3та година
👧🏼 Искра Јакимовска – 3та година
👧🏼 Калина Антовска – 3та година
👦🏼 Никола Петковски – 4та година
👦🏼 Дамјан Огненовски – 3та година
👦🏼 Бојан Дрндаревски – 3та година
👦🏼 Христијан Саздовски – 3та година
👦🏼 Тале Јовановски – 1ва година
💫 Браво деца! Вашата музика носи светлина и инспирација! 🎵✨
16/10/2025
Денес учениците од Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ го започнаа повеќемесечниот проект во соработка со Турскиот културен центар „Јунус Емре“, насловен како „Две култури – еден ритам“.
Активностите започнаа во просториите на културниот центар „Јунус Емре“, каде што претставниците од училиштето беа топло пречекани од директорот на Центарот, Јунус Дилбер.
Првиот работен ден беше посветен на чалгиските инструменти – музички симболи што се среќаваат и во македонската и во турската традиција. Учениците имаа можност поблиску да се запознаат со нивната историја, улога и присутност во народните песни на двете култури – од минатото па сè до денес.
Проектот „Две култури – еден ритам“ ќе продолжи во наредниот период со низа тематски средби и работилници што ќе се одржуваат во периодот до Декември месец, а ќе опфаќаат различни заеднички елементи од музичкото и културното наследство на Македонија и Турција.
13/10/2025
🎶 Започнува проектот „Две култури – еден ритам“ 🎶
📅 Почеток: 15 октомври 2025 (среда)
ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Насока за традиционална музика и игра, воспостави соработка со Турскиот културен центар „Јунус Емре“ за реализација на проектот „Две култури – еден ритам“.
Овој проект претставува значаен чекор во унапредување на културната соработка и размена помеѓу двете земји, преку едукација, музички презентации, концерти и заеднички активности.
Преку серија работилници за чалгиска музика, песна и игра, учениците од насоката за традиционална музика и игра ќе имаат можност да ја продлабочат својата музичка едукација, да ги запознаат карактеристиките на чалгиската традиција, како и нејзините врски со македонската и турската културна историја.
„Две култури – еден ритам“ ја промовира идејата дека музиката е универзален јазик што ги спојува луѓето, ги негува заедничките вредности и го поттикнува взаемното почитување и пријателство.
18/09/2025
Од настанот: Парада на нациите, во организација на училиштето НОВА, нашите ученици блеснаа со своето знаеење и умешности во традиционалната македонска музика.
„Едно училиште, многу нации: Заедно ја славиме различноста
🌍✨ Вчера, нашето училиште оживеа во боите, знамињата и традициите на Парадата на нациите! Учениците и наставниците од нашето основно и пониско средно училиште гордо ги претставија своите националности додека парадираа низ кампусот, придружени од родители и ученици кои дојдоа да ги поддржат.
Врвот на денот беше незаборавниот настап на ученици од насоката за традиционална музика и игра од ДМБУЦ Илија Николовски -Луј, кои го оживеаја македонскиот дух со традиционални песни и ора, вклучувајќи ја и Копачката, заштитена од УНЕСКО како дел од светското нематеријално културно наследство. “
15/09/2025
🎶 Денешната работилница беше вистинско музичко патување!
Започнавме со солфеж и ритамички вежби (со целото тело во акција 💃🕺), се запознавме со инструментот канон како мост кон музичкиот систем на макамските созвучија кои ги освоија нашите ученици од насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје.
✨ Благодарение на д-р Рула Јарадат, денеска почувствувавме само едно зрнце од богатото музичко искуство и знаење на арапската музика – и беше магично! 🌍🎵