Приватни часови за основци / Privatni casovi za osnovci

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Приватни часови за основци / Privatni casovi za osnovci

Приватни часови за основци / Privatni casovi za osnovci Дипломиран воспитувач за предучилишна педагогија и одделенска настава работи со вашите деца -
МАТЕМАТИКА, БИОЛОГИЈА, ХЕМИЈА, МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Работа со деца кои имаат проблеми со совладување на училишниот материјал, преку детални објаснувања, стекнување на работни навики и самостојно размислување. Инсистирам на работа со детето во живо, а не преку онлајн платформи, бидејќи сметам дека онлајн наставата не може да ги даде посакуваните резултати. На инсистирање на родители, се сложувам и на онлајн настава.

Колку чини еден термин?Доколку клиентот инсистира на фиксна рамка од 1 час=60 мин, цената е 600 денариИнаку, доколку се ...
16/04/2024

Колку чини еден термин?

Доколку клиентот инсистира на фиксна рамка од 1 час=60 мин, цената е 600 денари

Инаку, доколку се плаќа по термин, цената на комплетниот термин до 150 мин е 1000 денари.

Доколку часовите се одвиваат кај вас, дополнителни 100 денари за превоз (важи за територија на град Скопје)

Каде се одвива наставата?Во договор со клиентите или кај вас или кај нас. Во крајни и премногу ретки случаи (на инсистир...
15/04/2024

Каде се одвива наставата?

Во договор со клиентите или кај вас или кај нас.

Во крајни и премногу ретки случаи (на инсистирање на родители) онлајн

15/04/2024

Кои се термините за часови?

Најчесто се договара термин кој најмногу им одговара на клиентите. Или претпладне (доколку детето е попладне на училиште, или попладне.

Ние работиме најмногу 2 термини во текот на еден ден, (еден претпладневен и еден попладневен термин), како би можел наставникот да биде константно посветен на Вашето дете.

Дали може да се комбинираат предмети во еден термин?Секако. Иако не препорачуваме повеќе од 2 предмети во 1 термин. Вие ...
15/04/2024

Дали може да се комбинираат предмети во еден термин?

Секако. Иако не препорачуваме повеќе од 2 предмети во 1 термин. Вие го плаќате терминот, како поминато време во учење и совладување на училишна материја на Вашето дете со професионален кадар. Терминот трае пократко од предвиденото само во случај на одбивање на детето да продолжи со работа поради умор или немање концентрација за работа.

Колку време трае часот? Минимум 60 мин - максимум 150 мин. Зависи од ученикот.Овде не работиме со фиксно време, туку оно...
15/04/2024

Колку време трае часот?

Минимум 60 мин - максимум 150 мин. Зависи од ученикот.

Овде не работиме со фиксно време, туку онолку колку му е потребно на ученикот да ја совлада одредена материја.

Времетраењето на терминот го одредуваме според концентрацијата на ученикот и ретко гледаме во часовникот.

Минимално се работи 60 мин (најчесто со деца до 5то одделение поради задржувањето на концентрацијата.

Со деца од 6то до 9то одделение најчесто се искористува максимално терминот од 2,5 часа.

Address

Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 21:00
Tuesday 09:00 - 21:00
Wednesday 09:00 - 21:00
Thursday 09:00 - 21:00
Friday 09:00 - 21:00
Saturday 10:00 - 12:30
18:00 - 21:00

Telephone

+38977995595

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Приватни часови за основци / Privatni casovi za osnovci posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Приватни часови за основци / Privatni casovi za osnovci:

Shortcuts

Share