18/05/2026
Во соработка помеѓу Македонската Медицинска Студентска Асоцијација (ММСА) и AMBOSS, студентите по општа медицина од 1 до 5 година на Медицинскиот факултет – Скопје добиваат БЕСПЛАТЕН пристап до една од водечките платформи за медицинско учење и клиничка подготовка.
Пристапот е достапен до 30 јуни 2026 година, со можност за продолжување.
Активирајте го вашиот пристап на линкот:
https://www.amboss.com/int/int-campus-access/ukim-1
Учете попаметно, не потешко.
14/05/2026
Со голема чест и задоволство,
Македонската Медицинска Студентска Асоцијација присуствуваше на отворањето на Народната канцеларија на претседателката Н.Е Гордана Сиљановска-Давкова. 🇲🇰
Веруваме дека ваквите иницијативи претставуваат важен чекор кон поголема поврзаност меѓу институциите и младите, како и поттик за дијалог, соработка и активно учество на младите во општеството.
03/05/2026
Овогодишниот EuRegMe беше одлична платформа за професионален развој, вмрежување со колеги од целиот континент и размена на искуства од областа на јавното здравје, медицинската едукација и размени.
Овие сознанија ќе ни бидат од непроценливо значење за унапредување на работата на нашата асоцијација на локално ниво.
Посветени сме на градење посилна и поповрзана медицинска заедница во Европа. 🇲🇰🌍
21/04/2026
Колку често размислуваш зошто токму одредени содржини ти се појавуваат онлајн❓
Како начините на кои се информираме влијаат на тоа што мислиме и чувствуваме❓
Дали сакаш подобро да разбереш како алгоритмите го обликуваат твоето онлајн искуство❓
Оваа обука е наменета за млади (22-30 години од Скопје) што сакаат да мислат критички, да препознаваат манипулации и да изградат личен „штит“ против лажни вести и алгоритамски замки.
🚀 Што ќе добиеш:
▪️ Вештини за препознавање дезинформации и манипулативни техники
▪️ Подлабоко разбирање на алгоритмите и вештачката интелигенција
▪️ Емоционална и психолошка отпорност при дигитален притисок
▪️ Можност да ја споделиш својата идеја и по обуката да ја реализираш преку младинска иницијатива со реална поддршка
🧩 Што те очекува:
👉🏼 анализи на вистински примери од TikTok, Instagram и YouTube
👉🏼 групна работа, симулации и улоги
👉🏼 длабинско истражување на „лажни вести“ и deepfake примери
👉🏼 зајакнување на критичкото размислување и одговорно онлајн однесување
🔗 Пријави се веднаш: https://forms.gle/5C5U2rGfT6ec3Qts8
⌛ Бројот на места е ограничен, местата се пополнуваат по редослед на пријавување.
14/04/2026
Нашата делегација на свеченото отворање на во Прага 🇲🇰
10/04/2026
Делегацијата на ММСА заедно со највредниот член во тимот Lynxy, со полна пареа и големи амбиции заминува за Прага на 🇨🇿🇲🇰
Гордо ја претставуваме ММСА и македонските студенти по медицина на европската сцена!
27/12/2025
Meet the National Committee of the Macedonian Medical Students' Association