17/05/2026
На 9.5.2026 учениците од III-6 и III-7 ОХ-А подрачје од СУГС „Георги Димитров“ - Скопје на симулација на судење одржана на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, организирана од ЕЛСА Северна Македонија, се ставија во улогите на оштетен, обвинител, обвинет, адвокат, судија, сведок и вештак.
Честитки до идните носители на правосудството за феноменалниот перформанс.
Ментори: Александар Давидовски, професор по предметот Вовед во правото и Директорот за академски активности Димитар Георгиев.
06/05/2026
Кој даночен модел е поправеден? Кој поттикнува економски раст? Кој систем нуди поголема правна сигурност и поефикасна примена? Кои се правните импликации на различните даночни системи - од нивната примена, до ризиците од злоупотреба?
Придружете ни се на динамична дебата со професорот Александар Стојков, професорката Елена Нешовска Ќосева и Претседателот на Здружението на даночни советници на Македонија Павле Гацов, каде ќе се соочат различни перспективи и аргументи за едно од најважните економско-правни прашања денес.
📍 Нова ННС
📅 7.5.2026
⏰ 14:00
22/04/2026
📢 Кариерна можност во право!
👩⚖️👨⚖️ Кои се тие:
Адвокатското друштво Папазоски и Мишев е основано и регистрирано во Адвокатската Kомора, во согласност со Законот за адвокатура;
Адвокатското друштво спаѓа во Топ 5 македонски адвокатски друштва и е рангирано како едно од најдобрите адвокатско друштво од страна на меѓународните ранкинг агенции Chambers and Partners, IFLR1000 и Legal500;
Адвокатското друштво Папазоски и Мишев има силен и стручен тим составен од 12 искусни адвокати специјализирани во посебни области од деловното право и 2 соработници.
🎯 Што бараат:
• Дипломиран правник или магистер по правни науки со стекнати 300 кредити според Европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС) за стекнување услови за полагање на правосуден испит;
• Без работно искуство;
• Добро познавање на англиски јазик и работа со компјутери.
💼 Што нудат:
• Професионална, динамична и пријатна работна околина во строгиот центар на градот, во новиот ГРАНД бизнис центар;
• Програма за личен и професионален развој и професионална надградба во областа на деловното право;
• Месечен надомест;
• Можност за вработување;
• Можност за интернационални ангажмани и можности за работа во други регионални канцеларии.
📩 Доколку сте заинтересирани:
Сите заинтересирани кандидати треба да аплицираат на [email protected] најдоцна до 6 мај 2026 година.
⚠️ Апликациите испратени по пошта, или на нивната е-mail адреса нема да бидат земени во предвид.
📍 Адвокатско друштво Папазоски и Мишев
ул. Мирче Ацев бр.3, Гранд Бизнис Центар 8ми кат, Скопје, Северна Македонија
📞 Тел: +389 (2) 3140 940
📠 Факс: +389 (2) 3116 525
17/04/2026
Подготвени за дебата?
ELSA & Центар за студентска дебата организираат дебата на тема:
Построги критериуми = подобро образование?
Обезбеди си место,пријави се преку линкот во bio.
27/02/2026
📢 Организирана посета на Уставниот суд на Република Северна Македонија
Со цел продлабочување на практичното знаење и директно запознавање со уставно-судската практика, организираме посета на Уставен суд на Република Северна Македонија.
🗓 05 март (среда)
⏰ 10:00 часот
Во рамки на посетата, студентите ќе имаат можност за средба и разговор со Д-р Дарко Костадиновски,
каде ќе се дискутира за улогата на Судот, постапките за оценување на уставност и законитост, како и практичните предизвици во уставно-судската работа.
Ова е одлична можност за:
• директна комуникација со носител на уставно-судска функција
• поставување прашања
• продлабочување на академското и практичното знаење
📌 Пријавувањето се врши преку формс (линк во био)
⏳ Бројот на места е ограничен.
24/02/2026
Успешно реализирана панел дискусија на тема Safe City-како основен столб во јавната безбедност. Благодарност до нашите говорници за стручните осврти и до присутните за активното учество и квалитетната дебата.
20/02/2026
⚖️20 Февруари - Светски ден на социјалната правда
По повод Светскиот ден на социјалната правда, ја истакнуваме важноста на создавање општество засновано на еднаквост, достоинство и почитување на човековите права.
Социјалната правда претставува темел на владеењето на правото и предуслов за одржлив мир и развој. Таа подразбира еднаков пристап до образование, правда и економски можности, како и активна борба против дискриминацијата и нееднаквоста.
Како идни правници и активни чинители во општеството, имаме одговорност да придонесеме кон градење поправеден и поинклузивен свет.
#СоцијалнаПравда
20/02/2026
📌 Агенда за настанот „SAFE CITY – Основен столб во јавната безбедност и унапредување на безбедноста во сообраќајот“
По претходната најава, ви ја споделуваме официјалната агенда за настанот што ќе се одржи на 24.02.2026 година во 17:00 часот, во Читалната на Правниот факултет.
Настанот ќе биде посветен на улогата на концептот „Safe City“ во јакнењето на јавната безбедност и унапредувањето на безбедноста во сообраќајот, со осврт на правните и практичните аспекти.
Пријавување на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf9joNVx_4R1Dq0d9C1atRZrvJ6jEvo5rpu2hrkCHfGJY99aQ/viewform?fbclid=IwVERDUAQD2dJleHRuA2FlbQIxMABzcnRjBmFwcF9pZAwzNTA2ODU1MzE3MjgAAR6NIuYm42o6ev4rJPULZ5OD3y6XKgg_vxYS2CjUV2SqpqtKA8_0uBVU3BcUmw_aem_ds8LDu5GRYGKtyQKFV9jnA
Ве очекуваме!
12/02/2026
📢 ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА: SAFE CITY – како основен столб во јавната безбедност и унапредување на безбедноста во сообраќајот
Европското здружение на студентите по право во соработка со АМСМ (Авто-мото сојуз на Македонија) ве поканува на панел-дискусија посветена на концептот Safe City како современ механизам за зајакнување на јавната безбедност и подобрување на безбедноста во сообраќајот.
Во услови на динамични општествени и технолошки промени, прашањето на безбедноста станува приоритет од највисок јавен интерес. Примената на интегрирани системи, паметни технологии и координирани институционални политики претставува клучен чекор кон создавање побезбедни урбани средини и поефикасен сообраќаен систем.
На настанот ќе учествуваат истакнати професори и експерти од областа на правото, безбедноста и управувањето, кои ќе понудат сеопфатна правна и институционална анализа, како и практични согледувања за примената на концептот Safe City во Република Македонија.
🗓 24 февруари 2026 година
🕔 17:00 часот
📍 Читална на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
Настанот е отворен за студенти, академската заедница и сите заинтересирани кои сакаат да придонесат кон развој на побезбедно и одржливо општество.!
Пријавете се на следниот линк!
https://forms.gle/828sPzF1RJFKNmmj7
Ве очекуваме!