25/10/2024
https://www.facebook.com/100063957942414/posts/985430993598823/?app=fbl
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ООУ „Ацо Шопов“, School, radisanska, Skopje.
23/10/2024
Честит празник.
22/10/2024
Реализирана еднодневна екскурзија во Сарај за учениците од I -IX одделение.
Ученичката Галина Циганска од Vа одделение освои Il награда - сребрен медал на ТРЕТАТА МАЛА МАКЕДОНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2024 година на која учество земаа повеќе од 70 ученици од Македонија, а истата се одржа на 15.09.2024 година на Машинскиот факултет во Скопје во организација на Армаганка. Честитки за освоената награда и успех во натамошните натпреварувања!
16/10/2024
На 14 октомври, по повод "Денот на менталното здравје" , се одржа работилница и предавање посветено на важноста на менталното здравје. Настанот беше организиран со цел да се подигне свеста за менталното здравје и да се обезбедат корисни информации и алатки за справување со стресот и анксиозноста.
Работилницата беше водена од експерти на Црвениот крст во областа на менталното здравје, кои споделија свои искуства и совети за подобрување на менталната благосостојба. Учениците имаа можност да учествуваат во интерактивни сесии и да поставуваат прашања.
На крајот од настанот, сите учесници добија благодарници од ПХВ - Промоција на хумани вредности, како признание за нивното учество и поддршка.
16/10/2024
Хуманитарна акција по повод недела за борба против гладта во нашето училиште.
11/10/2024
10/10/2024
Време и место : 10.10. 2024 , Европска куќа Скопје Завршна стрип изложба, во склоп на грантот„All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!".На истата се изложени најдобрите стрип дела од тематскиот стрип конкурсот за ученици, како и делата од стрип работилницата во склоп на истиот проект.Доделени се Сертификати , Дипломи и Каталози за најуспешните , сите учесници, менторите и училиштата од Скопје .Честитки за сите .
Благодарност до сите инволвирани во проектот посебно до Стрип центар на Македонија -Велес и канцеларијата на ОБСЕ.
10/10/2024
Светски ден на менталното здравје
Денес по повод денот на менталното здравје учениците од одделенска настава учествуваа во одбележувањето преку низа работилници за емоции , додека учениците од предметна настава поделија пораки на случајните минувачи со цел да се покрене свесноста за менталното здравје.
08/10/2024
ЈОВАНА КОСТОВСКА Е УЧЕНИЧКА ВО 8 в одд ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ
ТАА ОДЛИЧНО НЕ ПРЕСТАВИ НА СКОПСКИОТ МАРАТОН
И посакуваме многу успеси и понатаму 😀
13/09/2024
Денес во нашето училиште се одржа натпревар со спортски и забавен карактер ШУТ НА КОШ ОД РАЗЛИЧНИ ПОЗИЦИИ.
Силите ги измерија 15 екипи со ученици од IX одд.
И секако за најдобрите имаше пехар :)