Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Faculty of Pharmacy, UKIM - Skopje, College & University, Majka Tereza 47, Skopje.
Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје е највисоката македонска образовна, научна и здравствена институција од областа на фармацијата. Факулетот е основан 1977 година и се наоѓа во рамки на Клиничкиот Центар во Скопје. УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ
Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје е највисока о
бразовна, научна и здравствена институција од областа на фармацијата во Република Македонија. Лоциран е во центарот на Скопје во склоп на Клинички центар – Мајка Тереза (медицински универзитетски кампус) и се простира на вкупна површина од 3000 m2 во кои се сместени 5 институти, 7 центри, 11 лаборатории, 3 предавални, е-библиотека и административен оддел.
Основан е во 1977 година, како резултат на извршените анализи и урврдениот дефицит на фармацевтски кадри во Република Македонија, а за потребите на здравствената дејност, фармацевтско-козметичката индустрија и другите општествени потреби. Одлуката за основање на факултетот е донесена на ден 4.4.1977 година од Универзитетскиот совет на Универзитетот „Кирил и Методиј”, кога е формирана и работната група од еминентни професори и стопански работници кои го изготвија елаборатот за општествено-економската оправданост за основање на Фармацевтски факултет и за отворање на студии по фармација во земјата. Факултетот официјално почнува со работа во ноември 1977 година кога е запишана првата генерација студенти. Првата струдиска програма беше во траење од четири години и по завршувањето се стекнуваше звање дипломиран фармацевт.
Во текот на 40-годишното постоење, Факултетот развил богата дејност во повеќе области, особено во наставно-образовната дејност, во научноистражувачката работа и во стручно-апликативната дејност.
Денес, наставно-образовниот процес на Факултетот, во додипломската настава се одвива во рамките на две студиски програми, петгодишни студии за стекнување звање магистер по фармација и тригодишни студии за дипломирани лабораториски биоинженери. Во постдипломската настава активни се 11 програми од втор циклус студии, 8 програми од специјалистички студии од областите на здравствените специјализации и една програма од трет циклус – докторски студии. Воспоставени се високи критериуми за квалитет и едукативни стандарди во студиските програми, предметните содржини, методите на учење и трансфер на знаење, и евалуацијата на стекнатото знење и вештини, компарабилни со оние на врвните европски и светски институции од областа. Факултетот е членка на Европската асоцијација на факултетите по фармација, што му овозможува будно следење на новите трендови во фармацевтската едукација и вложување напори да се биде во чекор со времето и да се одговори на потребите од создавање квалификувани фармацевтски кадри, обучени и оспособени за работа во сите сфери на фармацевтската дејност, усогласено со Европската директива за признавање на квалификации на регулирани професии.
Како високообразовна институција која претендира да биде препознатлива во европски и во светски рамки, длабоко е вкоренето сознанието дека квалитетната научноистражувачка дејност е база за креирање квалитетна наставно-образовна дејност. Токму затоа, од самите почетоци на своето дејствување, Факултетот се залагал за развој и унапредување на научноистражувачката дејност како мерка на успешноста и квалитетот на високообразовната едукација што ја спроведува. Консолидирањето на Факултетот, проширувањето на неговиот кадровски потенцијал, и воспоставувањето на повисоки универзитетски стандарди, доведе до збогатување на научноистражувачка дејност на Факултетот, потврдена преку разни видови научни резултати. Тие можат да се согледаат преку презентациите пред домашната и пред светската научна јавност во форма на статии, монографии, предавања и други форми на научна комуникација.
На Фармацевтскиот факултет до сега се изработени голем број научно истражувачки проекти, од кои речиси половина се меѓународни, од програмата ТЕМПУС ФАРЕ, програмата ТУБИТАК, НАТО програмата Наука за мир, СЕЕ.ЕРА и СЕЕ.ЕРА нет плус, COST акциите, програмите финансирани од UNESCO, како и билатералите остварени со институциите од Словенија, Србија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Австрија, Италија, Грција и др. Во моментот на Факултетот се активни 14 проекти, 6 стручно-апликативни, 3 национални и 5 меѓународни, од програмата Хоризон 2020, СОSТ акцијата БМ 1206, и билатералните проекти со Австрискиот институт за скрининг на лекови (ADSI), со Универзитетот од Црна Гора и со Интернационалниот центар за генетско инжинерство и биотехнологија, од Трст, Италија.
Високо квалитетна научноистражувачка работа во голем дел се реализира во соработка со институциите од надвор. Во оваа сфера, меѓународната соработка и учеството на билатерални, регионални и друг вид на меѓународни проекти секогаш бил императив за факултетот и за наставно-научниот кадар. Со зголемување на наставно-научниот потенцијал и кадровското екипирање низ годините, и со подигањето на материјално-техничките пеформаси, Факултетот стануваше рамноправен партнер на институциите од странство во реализирање на взаемно корисна соработка. Таа соработка се уште се остварува низ разни форми, преку студиски престои на наставници и соработници, работа на научно-истражувачки проекти, заедничко учество на стручно-научни манифестации, изготвување публикации, размена на студенти и други форми.
Активното и суштински значајното присуство во науката, овозможува и квалитетна стручно-апликативната дејност, која на Факултетот е значително развиена, со потенцијал и капацитет за понатамошно проширување и унапредување. Во оваа смисла, факултетот е активен и присутен во општеството преку работата која се изведува во стручно-апликатвите центри на факултетот. За Фармацевтскиот факултет е значајна, стручната и експертската работа која се спроведува за потребите на: Агенцијата за лекови и медицински средства, Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за здравство на РМ, Фармацевтската комора на РМ, Македонското фармацевтско друштво, како и за другите стопански и друг вид субјекти во државата.
04/05/2026
Драги студенти,
Со големо задоволство најавуваме работилница ,,Кариерен пат на еден фармацевт”. 👩🎓👩🔬
Ве покануваме да ни се придружите на “Кариера без граници: од студент во Италија до создавање вредност дома”! 📈👩⚕️💊
Катерина Аџиска Јованоска е дипломиран фармацевт на Универзитетот во Ферара, Италија,
денес генерален директор на Фитофарм, Скопје.
Ве очекуваме на ново кариерно патување, 🛣️🇮🇹🇲🇰
кариерни искуства и совети 😉
27/04/2026
Пронајдок од Фармацевтскиот факултет при УКИМ добитник на признанието „Патент на годината за 2025“
🎓Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со особено задоволство информира дека пронајдокот „Кумарин-1,2,3-триазол-изатин хибридни молекули и нивна примена“, на пронаоѓачите проф. д-р Ана Поцева Пановска и доц. д-р Александар Димковски, го доби признанието „Патент на годината за 2025“, кое го доделува Државниот завод за индустриска сопственост.
🔬Ова признание претставува значајна потврда за научно-истражувачката работа на Факултетот и за потенцијалот на академските истражувања да создаваат иновативни решенија со практична примена. Пронајдокот се однесува на нови хибридни молекули со фармаколошка активност, развиени во областа на медицинската хемија, со потенцијална примена во понатамошни истражувања поврзани со невродегенеративни состојби.
Признанието „Патент на годината“ претставува дополнителен поттик за унапредување на иновациската култура, заштитата на интелектуалната сопственост и развојот на применетото знаење во академската средина.
💊 Фармацевтскиот факултет ја поздравува оваа иницијатива на Државниот завод за индустриска сопственост, која придонесува кон афирмација на иновативноста, патентната заштита и научно-истражувачката работа во земјата, и останува посветен на развојот на врвна наука, иновации и знаење со потенцијал за општествена и практична вредност.
23/04/2026
ПРВ ПАТЕНТ ОД ФАРМАЦЕВТСКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ УКИМ ВО ОБЛАСТА НА МЕДИЦИНСКАТА ХЕМИЈА
💊 Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со особена гордост информира за значаен научно-истражувачки успех, добивање на првиот патент на Факултетот во областа на медицинската хемија, кој воедно претставува и прв патент на УКИМ во оваа област.
Патентот со наслов „Кумарин-1,2,3-триазол-изатин хибридни молекули и нивна примена“ се однесува на развој на нови хибридни хемиски соединенија со потенцијална примена во третман на невродегенеративни заболувања, вклучително и Алцхајмерова болест. Развиените соединенија делуваат како инхибитори на ацетилхолинестераза и бутирилхолинестераза, ензими кои имаат клучна улога во регулацијата на невротрансмитерот ацетилхолин.
🔬Пронајдокот се базира на современ пристап во медицинската хемија односно дизајн на мулти-таргет молекули, кои овозможуваат истовремено делување на повеќе биолошки цели. Овој концепт е особено значаен во развојот на нови терапии за комплексни заболувања како што се невродегенеративните болести.
Пронајдокот е резултат на научно-истражувачката работа на проф. д-р Ана Поцева Пановска и доц. д-р Александар Димковски, реализирана во рамки на истражувачките активности на Фармацевтскиот факултет.
🎓Со овој успех, Фармацевтскиот факултет ја потврдува својата посветеност кон развој на врвна наука, иновации и создавање на знаење со потенцијална практична примена. Воедно, овој патент претставува значаен чекор кон зајакнување на научно-истражувачкиот капацитет и интернационалната препознатливост на Факултетот и Универзитетот.
Фармацевтскиот факултет и понатаму ќе продолжи активно да вложува во научно-истражувачка работа и развој на иновативни решенија кои придонесуваат кон унапредување на здравството и квалитетот на живот.
17/04/2026
07/04/2026
Денес на УКИМ-Фармацевтски факултет се одржа промоција на новата генерација дипломирани студенти кои на нашиот факултет дипломираа во 2025 година. Уште еднаш на сите наши колешки и колеги на кои денес им беа врачени дипломите им посакуваме многу успех во професионалниот живот а на сите наши колешки и колеги здравствени работници им го честитаме Светскиот ден на здравјето.
06/04/2026
Реализација на уште еден започнат проект на УКИМ-Фармацевтски факултет. Денес на Фармацевтски факултет ја промовиравме Електронска база за информации за лекови-ИНФОЛЕК. На реализација на овој проект тимот на Националниот Фармакоинформативен Центар работеше во изминатите 3 години. Оваа дигитална платформа претставува интерактивна, интуитивна, корисник-прифатлива платформа која има достапни ажурирани информации за механизам на дејство на лековите, индикации, контраиндикации, лек-лек и лек-храна интеракции, дозирање, употреба во бременост и доење, несакани ефекти и правилна употреба на лекови. Во овој момент во базата се опфатени 985 генерики/3474 лекови.
25/03/2026
На наше огромно задоволство денес во посета на УКИМ - Фармацевтски факултет беше Амбасадорот на Австрија неговата екселенција г-дин Мартин Памер.
На средбата Амбасадорот беше информиран за тековните активности кои се реализираат на нашиот факултет, за идните планови и особено за одличната соработка која УКИМ - Фармацевтски факултет ја има со научни институции од Австрија.
_______________
It was our great pleasure to welcome today to the Faculty of Pharmacy at Ss. Cyril and Methodius University in Skopje the Ambassador of the Republic of Austria, His Excellency Mr. Martin Pammer.
During the meeting, the Ambassador was thoroughly informed about the ongoing activities at the Faculty, as well as its strategic directions and future development plans. Particular emphasis was placed on the excellent and continuous cooperation that the Faculty maintains with renowned scientific and academic institutions from the Republic of Austria.
The meeting represents an important step towards further strengthening academic and scientific collaboration, as well as enhancing the international visibility of the Faculty.
20/02/2026
Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје е највисока образовна, научна и здравствена институција од областа на фармацијата во Република Македонија. Лоциран е во центарот на Скопје во склоп на Клинички центар – Мајка Тереза (медицински универзитетски кампус).
Наставно-образовниот процес на Факултетот, во додипломската настава се одвива во рамките на три студиски програми, петгодишни студии за стекнување звање магистер по фармација, тригодишни студии за дипломирани лабораториски биоинженери и тригодишни студии за дипломирани диететичари/диетотерапевти.
Во постдипломската настава активни се 11 програми од втор циклус студии, 9 програми од специјалистички студии од областите на здравствените специјализации и една програма од трет циклус – докторски студии.
Воспоставени се високи критериуми за квалитет и едукативни стандарди во студиските програми, предметните содржини, методите на учење и трансфер на знаење, и евалуацијата на стекнатото знење и вештини, компарабилни со оние на врвните европски и светски институции од областа.
Факултетот е членка на Европската асоцијација на факултетите по фармација, што му овозможува будно следење на новите трендови во фармацевтската едукација и вложување напори да се биде во чекор со времето и да се одговори на потребите од создавање квалификувани фармацевтски кадри, обучени и оспособени за работа во сите сфери на фармацевтската дејност, усогласено со Европската директива за признавање на квалификации на регулирани професии.
📅 Се гледаме на 27 и 28 февруари во Скопје Сити Мол!
08/02/2026
Магистерски студии од областа на Здравствен менаџмент и фармакоекономија наменети за фармацевтите и другите дипломирани стручњаци од подрачјата на биомедицинските, здравствените, економските и правните науки.
Mултидисциплинарен пристап за стекнување на научни и стручни познавања од областа на здравствениот менаџмент, рационалниот фармацевтски менаџмент, фармакоекономија, снабдување со лекови, менаџирање на терапија со лекови, здравствен информативен менаџмент, фармацевтска грижа, финансирање и одржливост на здравствени системи, менаџерски принципи на здравствени професии и дополнителни познавања од дисциплините фармаковигиланца, интелектуална сопственост и фармацевтско право, заштита на права на пациентите, етика и здравствена дејност, комуникциски вештини.
24/12/2025
Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?