Институт за семејни студии - Institute of Family Studies

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Институт за семејни студии - Institute of Family Studies

Институт за семејни студии - Institute of Family Studies Институт за семејни студии - Institute of Family Studies

Главната мисија на Институт за семејни студии при Филозофскиот факултет во Скопје е да го проучи семејството од сите негови аспекти, да ги истражи сите чинители на влијание врз семејството и да образува квалитетни кадри кои ќе работат на подобрување на квалитетот на живот преку остварување, интеграција, примена и ширење на знаењето за животниот циклус, човековиот развој, односите, семејствата и заедниците и нивното значење во поширок социјален контекст.

📍 Виена, Австрија | ICSHE 2026Минатата недела проф. д-р Ирена Авировиќ Бундалевска, проф. д-р Ангелка Кескинова и Елена ...
17/06/2026

📍 Виена, Австрија | ICSHE 2026

Минатата недела проф. д-р Ирена Авировиќ Бундалевска, проф. д-р Ангелка Кескинова и Елена Чекова од Институтот за семејни студии учествуваа на 12-тата Меѓународна конференција за општествени науки, хуманистика и образование (ICSHE 2026), каде проф. Авировиќ Бундалевска го презентираше трудот: „From Reactive Intervention to Preventive Policy: The Institutional Positioning of Family Education“.

Конференцијата беше одлична можност за размена на идеи, нови академски контакти и претставување на истражувањата од областа на семејните студии пред меѓународна публика.

🇲🇰 Македонија се соочува со сериозни демографски и семејни предизвици. Намалениот наталитет, падот на бројот на нови бра...
04/06/2026

🇲🇰 Македонија се соочува со сериозни демографски и семејни предизвици. Намалениот наталитет, падот на бројот на нови бракови и порастот на разводите не се само статистички показатели, туку одраз на подлабоки општествени промени.

📰 Во интервју за Skopjeinfo, проф. д-р Ирена Авировиќ Бундалевска ги анализира причините за демографскиот пад во Македонија и промените во семејниот живот. Економската несигурност, миграциите, одложувањето на бракот и родителството, како и промените во животните приоритети, се само дел од факторите што влијаат врз современото семејство.

🔗 Прочитајте го целото интервју на линкот: https://skopjeinfo.mk/sje-pomalku-bebinja-i-novi-brakovi-sje-povekje-razvodi-koi-se-prichinite-za-padot-na-makedonskoto

#ИнститутЗаСемејниСтудии #Семејство #СемејниСтудии

📌Семејнологот Христина Тодоровска одржа информативна работилница во рамки на проектот „NextGen Harm Reduction“  на НВО Х...
03/06/2026

📌Семејнологот Христина Тодоровска одржа информативна работилница во рамки на проектот „NextGen Harm Reduction“ на НВО ХОПС.
Работилницата беше насочена кон информирање за новите психоактивни супстанции, намалување штети и промоцијата на платформата за самоедукација развиена во рамки на проектот.

❗Благодарност до студентите за нивното активно учество

24/05/2026
📚 Во духот на одбележувањето на Меѓународниот ден на семејството, беше промовиран 8-от број на студентското списание VOX...
16/05/2026

📚 Во духот на одбележувањето на Меѓународниот ден на семејството, беше промовиран 8-от број на студентското списание VOX, кое претставува простор за студентска креативност, критичко размислување и академско изразување. ✨

Новиот број на списанието е резултат на трудот, ентузијазмот и посветеноста на студентите, кои преку своите текстови и идеи придонесуваат кон збогатување на студентскиот и академскиот живот на Институтот за семејни студии. 📝

Посебна благодарност упатуваме до главните уредници Марија Цветкова и Сара Маркоска за нивната посветеност, организација и вложен труд во успешната реализација на ова издание. 👏

Им посакуваме уште многу успешни броеви, инспиративни содржини и понатамошен развој на студентскиот глас преку VOX! 🌟

#СтудентскоСписание #ДенНаСемејството #ИнститутЗаСемејниСтудии #СтудентскаКреативност

📌Меѓународниот ден на семејството го одбележавме со работилница.Студентите имаа можност да учествуваат на интерактивна р...
15/05/2026

📌Меѓународниот ден на семејството го одбележавме со работилница.
Студентите имаа можност да учествуваат на интерактивна работилница на тема „Резилиентност во семејството“, реализирана од страна на Институт Алтернатива.

Работилницата отвори значајни прашања поврзани со семејната отпорност, справувањето со предизвици и важноста на поддршката и поврзаноста во семејните односи. Преку дискусија и практични активности, студентите имаа можност да стекнат нови знаења и перспективи за улогата на резилиентноста во современото семејство. 🌱

Изразуваме искрена благодарност до Институт Алтернатива за успешната реализација на работилницата, посветеноста и инспиративната соработка. Се надеваме дека ова е само почеток на уште многу заеднички активности и партнерства во насока на унапредување на семејната поддршка и едукација. 🤝✨

#ДенНаСемејството #15Мај #Резилиентност #Семејство #ИнститутЗаСемејниСтудии #Соработка

👨‍👩‍👧‍👦 По повод 15 Мај – Меѓународниот ден на семејството, Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет денес...
15/05/2026

👨‍👩‍👧‍👦 По повод 15 Мај – Меѓународниот ден на семејството, Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет денес реализираше креативна и едукативна работилница со ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и Интернационалното француско училиште ЕФИС.

Преку игра, цртање, разговор и заеднички активности, децата имаа можност да ги споделат своите размислувања за семејството, љубовта, поддршката и заедништвото – вредности кои претставуваат темел на секое здраво општество. ❤️

Благодарност до учениците, наставниците и сите вклучени за прекрасната енергија, насмевките и искрените пораки кои уште еднаш нè потсетија колку е важно да го негуваме семејството и меѓусебната поврзаност. 🌍✨

#ДенНаСемејството #15Мај #Семејство #ИнститутЗаСемејниСтудии #ФилозофскиФакултет

Во пресрет на Меѓународниот ден на семејството 🎉
14/05/2026

Во пресрет на Меѓународниот ден на семејството 🎉

👨‍👩‍👧‍👦 По повод 15 Мај – Меѓународниот ден на семејството, Институтот за семејни студии и Факултетското студентско собр...
13/05/2026

👨‍👩‍👧‍👦 По повод 15 Мај – Меѓународниот ден на семејството, Институтот за семејни студии и Факултетското студентско собрание при Филозофскиот факултет организираат низа активности посветени на семејството, заедништвото и резилиентноста.

📅 15.05.2026
📍 Филозофски факултет – Скопје

✨ Во рамките на програмата ќе се реализираат:
🎨 Работилница со ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и Француското интернационално училиште ЕФИС на тема „Јас и моето семејство“
💡 Студентска работилница на тема „Резилиентност во семејството“ во соработка со групацијата „Алтернатива“
📖 Промоција на новиот број на студентското списание „VOX“

Семејството е местото каде започнуваат поддршката, љубовта и чувството на припадност. Да го одбележиме денот посветен на неговата важност за секој поединец и за општеството. 💙

#МеѓународенДенНаСемејството #Семејство #ИнститутЗаСемејниСтудии #ФилозофскиФакултет #Студенти #Резилиентност #15Мај

🎓👏 Честитки за Емилија Смилеска – нашиот нов дипломиран семејнолог!Ти посакуваме многу успех и професионални достигнувањ...
12/05/2026

🎓👏 Честитки за Емилија Смилеска – нашиот нов дипломиран семејнолог!
Ти посакуваме многу успех и професионални достигнувања 📚

Address

Goce Delchev Blvd. 9A
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Институт за семејни студии - Institute of Family Studies posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category