Да научиме - центар за странски јазици и едукација

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Да научиме - центар за странски јазици и едукација

Да научиме - центар за странски јазици и едукација "Да научиме" oрганизира настава по странски јазици и организира летни јазични курсеви во Берлин, Барс

Едукативен центар " Да научиме" oрганизира настава по странски јазици по: германски, француски, шпански, италијански, турски, руски, грчки, словенечки и албански јазик.
Летни јазични курсеви во Берлин, Барселона и Реџо ди Калабрија
[email protected]
071/638997

🧪🏆 Даниел Христов – уште една наша успешна приказна!Со огромна гордост го споделуваме успехот на Даниел Христов еден од ...
11/08/2026

🧪🏆 Даниел Христов – уште една наша успешна приказна!

Со огромна гордост го споделуваме успехот на Даниел Христов еден од нашите кандидати кој успеа да биде примен на повеќе престижни универзитети во Европа и Англија. 🇪🇺🇬🇧

Дел од универзитетите на кои доби прием се:

🎓 University of Groningen
🎓 University of Debrecen – со целосна стипендија преку Stipendium Hungaricum
🎓 University of Manchester
🎓 University of Bristol
🎓 King’s College London
🎓 University of Linz

По внимателно разгледување на сите можности, Даниел ја донесе својата одлука – да биде дел од King’s, каде што ќе го продолжи своето образование и ќе го следи својот сон во областа на хемијата. 🧪🔬

И најубавиот дел? ❤️
Своето образование ќе го продолжи со целосна стипендија! 🎓✨

Ова е доказ дека со знаење, посветеност, амбиција и вистинска поддршка, најголемите светски универзитети се достижни.

👏 Честитки Даниел!
Горди сме на твојот успех и ти посакуваме уште многу освоени цели и успеси во иднина!

Твојот успех е наша гордост. ❤️

🎓🇮🇹 11/11 ELIGIBLE ЗА DiSCo LAZIO СТИПЕНДИЈА! 🇮🇹Горди сме што 11 од 11 наши студенти се прогласени за eligible за регион...
10/08/2026

🎓🇮🇹 11/11 ELIGIBLE ЗА DiSCo LAZIO СТИПЕНДИЈА! 🇮🇹

Горди сме што 11 од 11 наши студенти се прогласени за eligible за регионалната стипендија DiSCo Lazio! ❤️

Но, што всушност претставува DiSCo Lazio?

🇮🇹 DiSCo Lazio е регионалната институција на регионот Лацио која обезбедува финансиска и социјална поддршка за студентите кои студираат на универзитетите во Рим и регионот Лацио.

🎓 Што може да опфати стипендијата?

💰 Финансиска поддршка – годишен паричен износ за студентите кои ги исполнуваат условите.

🏠 Сместување – можност за место во студентски домови, согласно условите и расположливите места.

🍝 Бесплатни или субвенционирани оброци – студентите можат да добиваат оброци во универзитетските/студентските мензи.

📚 Поддршка за студентскиот живот – мерки за олеснување на трошоците поврзани со студирањето и животот во Рим.

✨ DiSCo Lazio не е само стипендија – туку цел пакет студентска поддршка кој може значително да ги намали трошоците за студирање и живот во Рим.

📩 Сакаш да студираш во Рим и да аплицираш за DiSCo Lazio?

Ако планираш студии во странство, контактирај не'.

Повеќе од патување – незаборавно искуство! ✨🇮🇹Нашата последна дестинација од летната јазична програма беше прекрасниот Б...
01/08/2026

Повеќе од патување – незаборавно искуство! ✨🇮🇹

Нашата последна дестинација од летната јазична програма беше прекрасниот Бари, град кој нè воодушеви со својата историја, култура и медитерански шарм. Ги истражувавме старите улички на Бари Векија, ја посетивме Базиликата „Свети Никола" и уживавме во автентичната италијанска атмосфера и вкусната локална храна.

Со оваа посета ја заокруживме нашата летна јазична авантура, исполнета со нови знаења, пријателства, насмевки и спомени што ќе ги паметиме долго.

Се гледаме во некоја следна авантура.

Максимално ги користиме последните денови од нашата летна јазична програма во Реџо Калабрија исполнети со насмевки, нови...
30/07/2026

Максимално ги користиме последните денови од нашата летна јазична програма во Реџо Калабрија исполнети со насмевки, нови пријателства, многу учење и уште повеќе незаборавни моменти. ☀️📚💛

Секој ден го живееме со полна енергија и се трудиме да го направиме посебен, затоа што најубавите летни спомени се создаваат токму сега.

И додека ги броиме последните денови од ова прекрасно лето, веќе почнуваме да ги броиме деновите до следното. 🌊✨

До нови авантури, нови знаења и уште едно незаборавно лето! 💙

🌍 Од наш кандидат – до Oxford! 🎓Со огромна гордост го споделуваме успехот на Филип Попов, еден од нашите кандидати, кој ...
27/07/2026

🌍 Од наш кандидат – до Oxford! 🎓

Со огромна гордост го споделуваме успехот на Филип Попов, еден од нашите кандидати, кој со својата посветеност, амбиција и талент направи извонреден чекор кон својата иднина.

Филип доби 100% стипендија за студирање на ESADE 🇪🇸, каде што го продолжува своето образование во областа на Business Administratkon & Artificial Intelligence – програма која ги поврзува бизнисот, технологијата и вештачката интелигенција. ESADE официјално нуди стипендии кои можат да покријат до 100% од школарината.

Но приказната не застанува тука. 🌟

Филип, заедно со своите колеги Mar Servia и Fernando Negrón, беше дел од глобалното финале на Map the System во Oxford, каде што го презентираа своето истражување за ризикот од поплави и отпорноста на крајбрежните региони долж медитеранскиот брег на Шпанија.

Филип, горди сме што бевме дел од твојот пат. Ова е само почеток! 🚀

И забавите се дел од нашата летна јазична програма во Реџо Калабрија ♥︎
25/07/2026

И забавите се дел од нашата летна јазична програма во Реџо Калабрија ♥︎

Денес ги посетивме малите калабрежански посебни градови Пентедатило и Галичано. Уживавме во калбрежанска вечера и калабр...
24/07/2026

Денес ги посетивме малите калабрежански посебни градови Пентедатило и Галичано. Уживавме во калбрежанска вечера и калабрежански танци.

Еднодневна ексурзија - вулкан Етна и бисерот на Сицилија - Таормина
19/07/2026

Еднодневна ексурзија - вулкан Етна и бисерот на Сицилија - Таормина

17/07/2026

Денес ја посетивме плажата Zambrone, која е прогласена за една од најубавите плажи во Европа

11/07/2026

Целодневна екскурзија во Пицо и Тропеа

Address

Улица " Стив Наумов" 15 2/8
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 11:00 - 22:00
Tuesday 11:00 - 22:00
Wednesday 11:00 - 22:00
Thursday 11:00 - 22:00
Friday 11:00 - 22:00
Saturday 10:00 - 17:00
Sunday 10:00 - 17:00

Telephone

+38971638997

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Да научиме - центар за странски јазици и едукација posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Да научиме - центар за странски јазици и едукација:

Shortcuts

Share

Category