КАРЕВ - Медиумски клуб

КАРЕВ - Медиумски клуб Училиштен медиумски клуб на СУГС гимн. „Никола Карев“

📣КАРЕВСКИ ОТВОРЕН ДЕН 🧪📖📐📝🏆🎤🎨
22/05/2026

📣КАРЕВСКИ ОТВОРЕН ДЕН 🧪📖📐📝🏆🎤🎨

Заедничка хумана мисија на ученици од  СУГС „Никола Карев“ и ООУ „Емин Дураку“ 🌏💞📌Младите волонтери од СУГС ,,Никола Кар...
19/05/2026

Заедничка хумана мисија на ученици од СУГС „Никола Карев“ и ООУ „Емин Дураку“ 🌏💞
📌Младите волонтери од СУГС ,,Никола Карев" од прва година се вклучијa во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која од целата земја 1200 младинци на возраст од 13 до 17 години во групи изработуваат мали проекти за придонес и добробит во заедницата. Преку програмата, во ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 41 ученик на македонски јазик и 16 ученици на албански јазик.
👉Во продолжение го претставуваме заедничкиот интеркултурен проект на учениците од ООУ „Емин Дураку“ и СУГС „Никола Карев“:
👉Проект за промоција на различности
✅вклучени 8 младинки од 1 година
✅реализирани 10 состаноци на Тимот на проектот
✅работилница за готвење
✅работилница за учење на албански, македонски, англиски јазик
✅заедничка средба за дружење, забава и музика
✅специјални гости – жителка од Америка и жителка од Гана
✅промоција на различности
Продолжуваме да бидеме промотори на заедиштвото, толеранцијата и свет полн со можности за сите, без разлика на националност, јазик, култура , боја на кожа и слично . 🫶🫶🏽🫶🏿

09/05/2026

❤️Дел од рецитал на поемата ,,КОЧАНИ-наша непромолчена болка" изведена од учениците:
Јана Которчевиќ и Андреј Кордоски
Ментор професор по македонски јазик и литература Билјана Костова

🎗️🕯️Каревци на одбележувањее на 81 годишнина од победата над фашизмот со поемата ,,КОЧАНИ- наша непремолчена болка“9 Мај...
09/05/2026

🎗️🕯️Каревци на одбележувањее на 81 годишнина од победата над фашизмот со поемата ,,КОЧАНИ- наша непремолчена болка“
9 Мај е значаен датум во македонската повоена историја, датум со кој се оддава почит на сите паднати борци во борбата за слобода. Пред споменикот на Првиот скопски партизански одред ,во организација на Сојузот на борци на Карпош, се одржа пригодна програма во која учествуваа многу ученици кои прочитаа свои творби по повод 9 Мај- Ден на ослободување на Европа од фашизмот и окупацијата. Нашето училиште беше претставено со читање на поемата ,,Кочани – наша непремолчена бока“ во име на младите жртви кои ги изгубија своите животи во трагедијата на 16 март 2025. Во нивна чест , учениците Јана Которчевиќ и Андреј Кордоски од 3 година ја доловија силната и тажна емоција преку рецитал на поемата за што добија голем аплауз од присутните и пофални зборови од авторот.
Ви благодариме драги ученици за вашиот ангажман и почит кон вредностите од НОБ
СФ/СН
ментор проф. Билјана Костова

07/05/2026

Учениците: Магдалена Костовска,Јане Миленов и Горјан Павлоски настапија со две песни од Петре М.Андреевски- ,,Има денови" и ,,Лицето на зборовите”📚

📝На 5 мај, денот кога ја славиме важноста и континуитетот на нашиот мајчин јазик, учениците од прва година, под менторст...
07/05/2026

📝На 5 мај, денот кога ја славиме важноста и континуитетот на нашиот мајчин јазик, учениците од прва година, под менторство на професорката по македонски јазик и литература Билјана Костова, реализираа едукативна посета на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.
Оваа посета беше организирана со цел учениците одблизу да се запознаат со институцијата која е чувар на македонскиот јазичен идентитет и центар на научната мисла за нашиот збор.

Учениците: Магдалена Костовска,Јане Миленов и Горјан Павлоски настапија со две песни од Петре М.Андреевски- ,,Има денови" и ,,Лицето на зборовите”📚

Да го чуваме и негуваме македонскиот јазик
#пишувајнакирилица

🏫За нашиот патрон Никола КаревНекои луѓе не се мерат по годините што ги живееле, туку по идеите за кои биле подготвени д...
27/04/2026

🏫За нашиот патрон Никола Карев
Некои луѓе не се мерат по годините што ги живееле, туку по идеите за кои биле подготвени да умрат.
​На денешен ден во 1905 година, во нерамна битка кај кочанското село Рајчани, загина Никола Карев. Имаше само 27 години.
​Но, Карев не беше обичен револуционер со пушка во раката. Тој беше учител. Визионер кој сфати дека вистинската слобода не се гради само со барут, туку со свест и обединување. Како претседател на Крушевската Република и водечка мисла зад Крушевскиот манифест, тој испиша лекција по демократија среде најмрачниот период на Балканот. Создаде идеја за република на рамноправни граѓани, обединети против тиранијата, без разлика на вера или нација.
​Крушевската Република траеше само 10 дена. Но, идеалот на Карев стана темелот на македонската државност и преживеа повеќе од еден век.
​Денес не се потсетуваме само на историски датум. Се потсетуваме на вистинските вредности врз кои треба да почива едно општество. Борбата за достоинство, рамноправност и слобода е лекција која учителот ни ја остави засекогаш.
​Вечна му слава!🏫

🦸‍♀️На 22 април - 54 суперхерои  во СУГС ,,Никола Карев“🩸👉 Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во соработк...
24/04/2026

🦸‍♀️На 22 април - 54 суперхерои во СУГС ,,Никола Карев“🩸
👉 Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина реализираше крводарителска акција во СУГС ,,Никола Карев“ на 22 .4. 2026 г.
👉 Својата општествена одговорност ја покажаа 54 ученици и вработени кои ја посетија акцијата, даруваа крв и со тоа помогнаа да се спасат нечии животи.
👏 Благодарност до сите крводарители кои ја покажаа својата хуманост, како и до училиштето за поддршката и соработката во реализацијата на оваа значајна активност.
❤️ Дарувај крв – спаси живот!❤️
Одговорен наставник за активностите на Црвениот крст - Билјана Костова

📌На ден 25.03.2026 година, учениците членови на Мировниот клуб при СУГС „Никола Карев“ присуствуваа на проекција на доку...
25/03/2026

📌На ден 25.03.2026 година, учениците членови на Мировниот клуб при СУГС „Никола Карев“ присуствуваа на проекција на документарен филм во организација на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Настанот беше збогатен со присуство на претставници од Министерство за образование и наука на Северна Македонија и Биро за развој на образованието, што му даде дополнителна институционална и општествена тежина.

Овој настан претставуваше значајна едукативна и воспитна активност, насочена кон развој на свеста за мир, толеранција и човекови права кај младите.

Мировниот клуб при училиштето, како прв ваков клуб од ваков тип, активно придонесува кон промовирање на вредностите на ненасилство, дијалог и меѓусебно почитување. Присуството на вакви културно-образовни настани ја зајакнува улогата на учениците како носители на позитивни општествени промени.

По завршувањето на проекцијата, беа доделени сертификати на учениците од СУГС „Никола Карев“ како признание за нивното учество, ангажман и посветеност во активностите на Мировниот клуб.

Овој настан остави силен впечаток кај учениците и претставува поттик за понатамошно активно вклучување во активности кои придонесуваат кон градење на похумано и поправедно општество.

Координатор на Мировен клуб:
проф. м-р Елвира З. Мустафа

Address

Ул. „Никола Русински“ ББ
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when КАРЕВ - Медиумски клуб posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to КАРЕВ - Медиумски клуб:

Shortcuts

Share

Category