“УЗУН“ Музичко студио - естрадна школа

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • “УЗУН“ Музичко студио - естрадна школа

“УЗУН“ Музичко студио - естрадна школа УЗУН Школа за гитара и естрадно пеење. ( UZUN Skola za gitara i estradno peenje. )

Музичко студио и естрадна школа УЗУН организира курсеви за гитара, естрадно пеење, компонирање и аранжирање. ( Muzicko studio UZUN organizira kursevi za gitara, estradno peenje, komponiranje i aranziranje. )

04/05/2026

Гоце фест во спомен на Јанко Узунов - Македонче соколе во изведба на Жаки со мала поддршка од Јанка Узунова 🥰❤️😍.

15/02/2026

На денешен ден е роден Јанко Узунов, големиот македонски кант автор и пејач кој зад себе остави огромен број на песни, композиции, аранжмани, инструментални обработки, книги за гитара, ученици кои продолжуваат да ја практикуваат и сакаат музиката. Неговото дело последниве години е опишано во неколку книги на познати македонски музиколози, доделени му се повеќе награди од областа на музиката, а неговото име го доби и една од најубавите концертни сали во Македонија каде се одржува и најзначајниот фолк фестивал Фолк фест Валандово! Вечен спомен и вечна слава!

24/08/2025

Единаесет години од упокојувањето на мојот сакан татко Јанко Узунов, сега веќе и дедо на малата Јанка Узунова, која не дочека да ја запознае, но затоа пак таа го запознава секојдневно преку неговите песни, снимки од концерти, гостувања во емисии, фотографии, неговите гитари и домот кој ни го остави. Неизмерно ни недостига во семејството со своето присуство, советите, хуморот, грижата и помошта која ни ја пружаше во секоја неприлика. Големиот македонски кант автор и пејач зад себе остави огромен број на песни, композиции, аранжмани, инструментални обработки, книги за гитара, ученици кои продолжуваат да ја практикуваат и сакаат музиката. Неговото дело последниве години е опишано во неколку книги на познати македонски музиколози а минатата година беше издадена и книга за неговиот живот „Јанко Узунов - тој сиот беше музика“ од Валентина Ѓоргиевска Парго, доделени му се повеќе награди од областа на музиката, беа огранизирани повеќе концерти во негова чест, а неговото име го доби и една од најубавите концертни сали во Македонија каде се одржува и најзначајниот фолк фестивал Фолк фест Валандово! Имаше пребогат и преплоден живот, заслужува споменот да му трае и Македонија која ја сакаше неизмерно да се сеќава на него. Нека почива во мир и нека му се вечни споменот и славата! ❤❤❤

Честит празник републико, слава на Илинденската и Гоцевата Македонија!
02/08/2025

Честит празник републико, слава на Илинденската и Гоцевата Македонија!

Јанко Узунов - Развивај Малеш планино

На денешен ден е роден Јанко Узунов, големиот македонски кант автор и пејач кој зад себе остави огромен број на песни, к...
15/02/2025

На денешен ден е роден Јанко Узунов, големиот македонски кант автор и пејач кој зад себе остави огромен број на песни, композиции, аранжмани, инструментални обработки, книги за гитара, ученици кои продолжуваат да ја практикуваат и сакаат музиката. Неговото дело последниве години е опишано во неколку книги на познати македонски музиколози, доделени му се повеќе награди од областа на музиката, а неговото име го доби и една од најубавите концертни сали во Македонија каде се одржува и најзначајниот фолк фестивал Фолк фест Валандово! Вечен спомен и вечна слава!

За најголемиот великан на Македонија, првата песна која Јанко Узунов ја напиша во животот на свои 14 години.
04/02/2025

За најголемиот великан на Македонија, првата песна која Јанко Узунов ја напиша во животот на свои 14 години.

#гоцеделчев #јанкоузунов

Среќен празник Скопје!
13/11/2024

Среќен празник Скопје!

Песна за Скопје - Јанко Узунов

Голем поздрав до мојата најголема обожавателка! 💎 Милена Димитриевска Узунова
09/10/2024

Голем поздрав до мојата најголема обожавателка! 💎 Милена Димитриевска Узунова

24/08/2024

Денес се наврши една деценија од упокојувањето на мојот сакан татко Јанко Узунов, сега веќе и дедо на малата Јанка Узунова, која не дочека да ја запознае, но затоа пак таа го запознава секојдневно преку неговите песни, снимки од концерти, гостувања во емисии, фотографии, неговите гитари и домот кој ни го остави. Неизмерно ни недостига во семејството со своето присуство, советите, хуморот, грижата и помошта која ни ја пружаше во секоја неприлика. Големиот македонски кант автор и пејач зад себе остави огромен број на песни, композиции, аранжмани, инструментални обработки, книги за гитара, ученици кои продолжуваат да ја практикуваат и сакаат музиката. Неговото дело последниве години е опишано во неколку книги на познати македонски музиколози а оваа година беше издадена и книга за неговиот живот „Јанко Узунов - тој сиот беше музика“ од Валентина Ѓоргиевска Парго, доделени му се повеќе награди од областа на музиката, беа огранизирани повеќе концерти во негова чест, а неговото име го доби и една од најубавите концертни сали во Македонија каде се одржува и најзначајниот фолк фестивал Фолк фест Валандово! Имаше пребогат и преплоден живот, заслужува споменот да му трае и Македонија која ја сакаше неизмерно да се сеќава на него. Нека почива во мир и нека му се вечни споменот и славата! ❤❤❤

Address

Улица “Скоевска“ бр. 25 А , населба Радишани
Skopje
1123

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when “УЗУН“ Музичко студио - естрадна школа posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category