Симпозион

Симпозион

Share

Симпозион — внимателно одбрано знаење.
Стручна едукација | Консалтинг | Преведување и толкување | Тим билдинг | Интелектуални услуги.

Симпозион е визба на внимателно одбрано знаење. Произлегува од пресекот на долгогодишното искуство и експертиза на соработниците во одредени професионални области, како и од ентузијазмот и посветеноста на темелна и инвентивна испорака на интелектуални услуги. Симпозион е, пред сè, посветен на обезбедување исклучително квалитетна едукација и консалтинг во специфични професонални области, изработка

Photos from Симпозион's post 25/05/2026

Со успешно реализираната тридневна стручна работилница, Симпозион ја заокружи својата пролетна едукативна сезона, потврдувајќи уште еднаш дека внимателно осмислената стручна агенда, високата експертиза на предавачите, практичната ориентација во едукативниот пристап и квалитетната организација на процесот пренесуваат знаења, искуства и вредности кои оставаат траен позитивен отпечаток во натамошното професионалното работење.

Особено сме горди што, веќе цела деценија, илјадници учесници од различни професионални области ја препознаваат вредноста и уникатноста на пристапот на Симпозион и ни ја доверуваат одговорноста за сопствената стручна едукација и професионален развој. Голем број институции, компании и индивидуални учесници остануваат наши долгогодишни соработници токму поради максималната посветеност, темелност и лојалност со која ги осмислуваме, подготвуваме и реализираме програмите, ги избираме времето, местото, темите и експертите.

Прочитајте повеќе во официјалната објава:

https://simpozion.mk/odlicno-zaokruzena-proletna-sezona-2026/

Photos from Симпозион's post 24/05/2026

СИМПОЗИОН
10 години — внимателно одбрано знаење

SYMPOSION
𝐶𝑎𝑟𝑒𝑓𝑢𝑙𝑙𝑦 𝑠𝑒𝑙𝑒𝑐𝑡𝑒𝑑 𝑘𝑛𝑜𝑤𝑙𝑒𝑑𝑔𝑒

Стручна едукација | Консалтинг | Преведување и толкување | Тим билдинг | Интелектуални услуги.

Тим билдинг - Симпозион 06/05/2026

Тим билдинг - Симпозион Професионалната организација и реализација на тим билдинг програми, корпоративни настани, едукативни патувања и специјализирани тимски работилници, внимателно п...

Градење тимски капацитети за Агенцијата за цивилно воздухопловство на РСМ во Струга, Вевчани и Охрид - Симпозион 05/05/2026

Богатата и внимателно осмислена програма беше остварена во Струга, Охрид и Вевчани и ги поврза професионалниот развој, дружбата и учењето преку искуство, тимската динамика и културните доживувања.

Централен дел на тридневната програма претставуваа интерактивните работилници и тематските сесии посветени на организациската култура и вредности, тимската соработка и комуникација, како и етиката и управувањето со конфликти. Преку низа практични вежби, групни активности и пленарни дискусии, учесниците имаа можност да ги унапредат комуникациските и организациските вештини, да ја зајакнат меѓусебната доверба и да развијат нови модели на соработка и заедничко решавање предизвици.

Професионалната организација и реализација на тим билдинг програми, корпоративни настани, едукативни патувања и специјализирани тимски работилници е една од главните области на Симпозион и Travel TODAY. Внимателно приспособени на потребите, профилот и целите на секој колектив овие настани водат кон подобрена комуникација, поголема доверба, посилна тимска поврзаност, долгорочен организациски развој и повишени перформанси во тимското функционирање. Прочитајте повеќе во официјалната објава.

Градење тимски капацитети за Агенцијата за цивилно воздухопловство на РСМ во Струга, Вевчани и Охрид - Симпозион Во периодот од 3 до 5 април 2026 година, во организација на Симпозион и со целосна логистичка поддршка од туристичката агенција Travel Today, беше исклучително успешно реал....

03/05/2026

Една од главните области на Симпозион и Travel TODAY е професионалната организација и реализација на тим билдинг програми, корпоративни настани, едукативни патувања и специјализирани тимски работилници, внимателно приспособени на потребите, профилот и целите на секој колектив од јавниот, приватниот и невладиниот сектор.

Прочитајте повеќе за можностите за соработка во официјалната објава:

https://simpozion.mk/uslugi/team-building/

27/04/2026

Со реализацијата на тридневната стручна работилница „Новини во јавните набавки во 2026 и практични искуства за справување со предизвиците“, оценета со пофални коментари и рекордно високи оценки, Симпозион успешно запиша уште еден исклучителен едукативен настан во своето професионално портфолио, потврдувајќи го континуитетот на внимателно градените програми што ги обединуваат водечка експертиза на едукативната агенда и искуството на квалитетно организирано патување.

По успешно заокружениот априлски едукативен блок, следниот настан на нашата мајска програма е стручната работилница „Одговорно работење во јавниот сектор — Одлуки, ризици, процеси, документација и правна рамка“. Потсетуваме дека од 8 до 11 мај во Прага ќе се реализира тридневната богата програма на овој настан со внимателно разработена едукативна агенда, посветена на актуелни и суштински прашања за јавниот сектор. Преостанати се уште неколку слободни места — ги повикуваме заинтересираните колеги да се пријават за учество и да нè контактираат за сите потребни дополнителни информации.

https://simpozion.mk/uspesna-praska-rabotilnica-rekordno-visoki-ocenki/

Photos from Симпозион's post 15/03/2026
Имплементирање систем за управување со енергија и обврски од Законот за енергетска ефикасност | 2 април во винарија Queen Maria, Демир Капија - 12/03/2026

Стручната работилница „Имплементирање систем за управување со енергија, за пониски трошоци на компаниите и исполнување на обврските од Законот за енергетска ефикасност“ ќе ја реализираме на 2 април (четврток) во винаријата „Queen Maria“ (Демир Капија) со важната цел да ги пренесеме — преку практични примери — придобивките од системскиот пристап во управувањето со енергија, да ги објасниме структурата и моделите за следење на потрошувачката на енергија и да ги рационализираме трошоците за енергија преку развој на компетенциите и свесноста на вработените.

ПОВИКОТ ЗА УЧЕСТВО и можноста за ПРИЈАВУВАЊЕ се сега ОТВОРЕНИ. Сите материјали за информирање и пријавување се достапни во официјалната објава.

Имплементирање систем за управување со енергија и обврски од Законот за енергетска ефикасност | 2 април во винарија Queen Maria, Демир Капија - Стручната работилница која претстои на нашата едукативна агенда ја организираме со важната цел да ги пренесеме — преку практични примери — придобивките од систе....

01/03/2026

📍 Сè уште има ограничен број места за учество на тридневната стручна работилница во ПРАГА. Искористете ја можноста за ПРИЈАВУВАЊЕ на преостанатите места.

✅ „Новини во јавните набавки во 2026 и практични искуства за справување со предизвиците“

🗓 24—27 април 2026 — Прага, Чешка.

https://simpozion.mk/javni-nabavki-tridnevna-strucna-rabotilnica-praga-april/

☝️ Овде се достапни сите материјали за целосно информирање и пријавување учество.

🎯 За сите прашања во врска со работилниците и богатата програма на патувањето, контактирајте нѐ на 📩 [email protected] или на 📞 078 271 576.

25/02/2026

✅ „Податоците се вредност: Интегрирана заштита на личните податоци и сајбер безбедност — од закон до практична примена“

🗓 24 март 2026 📍Винарија „Queen Maria“, Демир Капија

🎯 Работилницата сеопфатно ќе ги запознае учесниците со правилата за заштита на личните податоци согласно Законот за заштита на личните податоци, со посебен акцент на Правилникот за безбедност на обработката на личните податоци, како и со правилата за безбедност на мрежните и информациските системи утврдени во Законот за безбедност на мрежните и информациските системи. Подготовката на методологија за процена на ризик, спроведувањето проценка по процеси и предложените мерки за намалување на ризиците и улогата на офицерот за заштита на личните податоци и офицерот за сајбер-безбедност, како и практичните примери за функционален систем — ова се темите во фокус на стручниот едукативен настан.

👇 Сите материјали за информирање и пријавување се достапни во официјалната објава.
https://simpozion.mk/licni-podatoci-integrirana-zastina-cyber-bezbednost-24-mart-villa-maria/

☑️ За сите дополнителни прашања и потребни информации во врска со работилницата, слободно контактирајте нè на 📩 [email protected] или на 📞 078 271 576.

Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Address


Skopje
1000