11/12/2019
ОД ПРАКТИКАНТ ДО ПРОФЕСИОНАЛЕЦ, со ХТЦА – Тренинг центарот Академик!
Ако си млад, амбициозен, веруваш во практична работа и си заинтересиран за кариера во областа на кулинарството – ОВА Е ТВОЈОТ МОМЕНТ!
Пријави се за 12-неделна темелна обука за готвач/готвач помошник водена од еден од најеминентните македонски угостители, шеф Влатко Огненовски. Со нас, освен врвни вештини, добиваш и можност за непосредно вработување во професионална кујна, веднаш по завршување на обуката.
Испрати кратка биографија и мотивационо писмо на [email protected] најдоцна до 21.12.2019 и очекувај го нашиот повик.
Бројот на учесници е ограничен. Доколку има повеќе заинтересирани кандидати ќе бидат спроведени дополнителни интервјуа и селекција од страна на предавачот. Кандидатите кои успешно го поминале процесот на селекција ќе бидат телефонски и/или електронски известени за датумот на почеток на обуката.