ООУ„Наум Охридски“ Булачани

ООУ„Наум Охридски“ Булачани Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ООУ„Наум Охридски“ Булачани, Elementary School, Булачани, Црешево, Раштак, Skopje.

Училиште во кое се прашува и анализира, се мисли и се создава, каде се развиваат индивидуалните и колективните способности на сите субјекти.

ДОБАР УЧЕНИК - УСПЕШЕН ЧОВЕК

На 10.09.2026 година, во Биотехнолошката лабораторија во СУГС „Марија Кири Склодовска“ во Скопје, се одржа работилница в...
13/09/2026

На 10.09.2026 година, во Биотехнолошката лабораторија во СУГС „Марија Кири Склодовска“ во Скопје, се одржа работилница во рамки на проектот „Проширување и одржливост на Мрежата за искуствено учење“, организирана од Еколошкото друштво (МЕД).

Од нашето училиште учествуваа 10 ученици од VIII и IX одделение, кои ги изучуваат предметите биологија и хемија, под менторство на Катерина Трифунова Лозановски, наставник по биологија и хемија.

Учениците имаа можност преку практични активности да се запознаат со методот на искуствено учење и неговата примена во наставата. Особено значајна беше и посетата од студенти од Цирих, со кои учениците имаа можност да разменат искуства и знаења.

Работилницата беше успешно реализирана и претставуваше корисно и интересно искуство за учениците, поттикнувајќи ја нивната љубопитност, практичното учење и интересот за природните науки.

08/09/2026

Среќен празник татковино🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Со голема радост нашите првачиња го одбележаа 8 Септември-Денот на независноста на нашата татковина.Со своите вешти рачи...
08/09/2026

Со голема радост нашите првачиња го одбележаа 8 Септември-Денот на независноста на нашата татковина.Со своите вешти рачиња го изработија знамето и покажаа дека љубовта и почитта кон татковината се негуваат од мали нозе.
Нека ни е честит Денот на независноста на Македонија! 🇲🇰

07/09/2026

🇲🇰 СЕКОЈ ПОНЕДЕЛНИК НАСТАВАТА ЌЕ ЗАПОЧНУВА СО ИНТОНИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА!

🎶 Секој понеделник, наставата во основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе започнува со интонирање на химната на Република Македонија.

🇲🇰 Химната не е само песна. Таа е симбол на нашата слобода, државност, историја и на жртвата на генерациите што се бореле за самостојна и независна Македонија.

📚 Преку образованието ги градиме знаењето и иднината на децата, но истовремено ги учиме да ја почитуваат својата татковина, нејзините национални симболи и вредностите што нè обединуваат како народ.

❤️ Љубовта кон Македонија се создава и негува уште од најмала возраст – во семејството, во училиштето и во секојдневниот живот.

🤝 Со оваа одлука градиме чувство на припадност, заедништво, достоинство и почит кон државата.

☀️ Нека секој нов почеток на учебната седмица биде исполнет со гордост, почит и љубов кон нашата единствена татковина!

🇲🇰 МАКЕДОНИЈА Е СÈ ШТО ИМАМЕ!

#Продолжуваме

🌿 Здрав почеток на новата учебна година!📚🍀🍀🍀Со почетокот на учебната година, да се потсетиме дека здравјето и безбедност...
04/09/2026

🌿 Здрав почеток на новата учебна година!📚🍀🍀🍀

Со почетокот на учебната година, да се потсетиме дека здравјето и безбедноста на нашите ученици се заедничка грижа.

Редовното миење на рацете, проветрувањето на просториите, личната хигиена и одговорното однесување се мали навики што прават голема разлика.

Среќен и здрав почеток на учебната година 🍀🍀🍀

01/09/2026
🎒🌟 ДОБРЕДОЈДОВТЕ, ПРВАЧИЊА! 🌟🎒Денес во ООУ „Наум Охридски“ со многу радост и насмевки ги пречекавме нашите најмали учени...
01/09/2026

🎒🌟 ДОБРЕДОЈДОВТЕ, ПРВАЧИЊА! 🌟🎒

Денес во ООУ „Наум Охридски“ со многу радост и насмевки ги пречекавме нашите најмали ученици – првачињата! 🥰📚

Со свечена приредба, песнички, весели моменти и топло добредојде им посакавме успешен почеток на едно ново и прекрасно патување – патувањето низ светот на знаењето. ✏️📖✨

Нека училишните денови им бидат исполнети со љубопитност, нови пријателства, многу знаење и безброј причини за насмевка. 🌈❤️

Среќен почеток, драги првачиња!

Подготвени за прием на првачињата❤️🍀❤️
01/09/2026

Подготвени за прием на првачињата❤️🍀❤️

31/08/2026

Почитувани родители и драги ученици,

На само еден ден пред почетокот на новата учебна година, сакаме да Ве потсетиме дека за време на наставниот процес, на учениците не им е дозволено да поседуваат и користат мобилни телефони и други електронски уреди.

Ова не е воведено без причина. Денес мобилниот телефон е дел од нашето секојдневие, но во училницата неговото присуство често значи помалку внимание, помала концентрација и потешко следење на наставата. Самото ѕвонење, известување или потребата да се провери телефонот може да го прекине вниманието на ученикот, но и да го наруши текот на часот за целата паралелка.

Кога мобилните телефони не се присутни во училницата, учениците имаат можност полесно да се концентрираат, активно да учествуваат во наставата, да поставуваат прашања, да разговараат и соработуваат со своите соученици, а наставниците можат непречено да го реализираат наставниот процес.

На тој начин создаваме средина во која часот е посветен на она што е најважно – учењето, вниманието, комуникацијата и развивањето на знаења и вештини.

Затоа, Ве повикувам заеднички да го почитуваме ова правило уште од првиот ден. Со поддршката од родителите и одговорниот однос на учениците, можеме да создадеме училиште во кое времето поминато на час навистина ќе биде време за учење, дружење и напредок.

Ви благодариме за разбирањето и соработката.

Да започнеме со внимание, почит и желба за знаење.

#Продолжуваме

Address

Булачани, Црешево, Раштак
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ„Наум Охридски“ Булачани posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share