Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје

Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје Welcome to the official page of the Faculty of Agricultural Sciences and Food - Skopje, Ss. Cyril and Methodius in Skopje, .

Welcome to the official page of Faculty of Agricultural Sciences and Food - Skopje, part of the University of Ss. This page is for current and future students, alumni, staff and those interested in FASF

Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје потпиша Меморандум за соработка со Македонски Дестилерии – Ракиџии, со ...
17/09/2026

Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје потпиша Меморандум за соработка со Македонски Дестилерии – Ракиџии, со цел унапредување на научно-истражувачката, едукативната и практичната работа во областа на производството на јаки алкохолни пијалоци.

Соработката предвидува размена на знаења и искуства, поддршка во научно-истражувачки активности, лабораториски анализи и стручни советодавни услуги, како и можности за практична работа на студентите во процесите на производство и дестилација.

Со овој чекор се отвора простор за заеднички активности и понатамошно поврзување на академската заедница со практиката.

‼️ Денес, 10.09.2026 година, и во петок, 11.09.2026 година, е вториот рок за пријавување на Факултетот за земјоделски на...
10/09/2026

‼️ Денес, 10.09.2026 година, и во петок, 11.09.2026 година, е вториот рок за пријавување на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје! 🎓

🌱 Ако размислуваш за својата иднина, сега е вистинскиот момент да го направиш првиот чекор. Избери современо образование, практични знаења и професија со иднина!

На Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје ќе стекнеш современи знаења, практични вештини и искуство што ќе те подготват за успешна кариера. Светот секогаш ќе има потреба од стручни кадри кои произведуваат квалитетна, безбедна и одржлива храна. Денес, земјоделството сè повеќе се потпира на дигитализацијата и вештачката интелигенција – а токму тоа е дел од образованието што го нуди ФЗНХ.

✅ Современо образование со фокус на квалитетна и безбедна храна
✅ Искусен и посветен наставен кадар
✅ Атрактивни и современи студиски програми
🆕 Дигитално земјоделство – нова студиска програма што создава инженери за земјоделството на иднината преку примена на современи дигитални технологии
✅ 6 амфитеатри, 30 предавални и 50 лаборатории (од кои 7 акредитирани)
✅ 74 хектари сопствено опитно поле за практична настава и истражувања
✅ Соработка со повеќе од 200 компании од агро-прехранбениот сектор
✅ Практична работа и можности за ЕРАЗМУС+ мобилности
✅ Државни стипендии до 18.000 денари месечно за најдобрите студенти

🎓 Инвестирај во својата иднина. Избери образование што создава знаење, отвора можности и те подготвува за професиите на иднината.

‼️📌 Вториот рок за пријавување е денес и утре!
👉 www.fznh.ukim.edu.mk

💚 Ве очекуваме!

#ФЗНХ #УКИМ #СтудирајНаФЗНХ #ТвојатаИднинаПочнуваТука #ВторРок

Деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје при УКИМ во Скопје, проф. д-р Миле Маркоски, по покана од г....
09/09/2026

Деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје при УКИМ во Скопје, проф. д-р Миле Маркоски, по покана од г. Светозар Јаневски, присуствуваше на традиционалниот Дипломатски гроздобер 🇲🇰🇪🇺🇺🇸🇨🇳, организиран од Винарската визба „Тиквеш“, на кој присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Борче Серафимовски.

Настан исполнет со традиција, винска култура и дружење, во чест на македонското вино. 🍷🇲🇰

Учеството на вакви настани е можност за зајакнување на соработката, размена на искуства и афирмација на македонските вредности, потенцијали и достигнувања. 🤝

🔥🌾 GEO-ADAPT Summer School: Geospatial Information for Wildfire Monitoring and Risk Assessment Лајбниц институтот IAMO (...
09/09/2026

🔥🌾 GEO-ADAPT Summer School: Geospatial Information for Wildfire Monitoring and Risk Assessment

Лајбниц институтот IAMO (Германија) во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје (ФЗНХ) организира летната школа со наслов „GEO-ADAPT Summer School: Geospatial Information for Wildfire Monitoring and Risk Assessment". Работилницата се одржува од 6 до 12 септември 2026 година, во Конгресниот центар на УКИМ на Охридското Езеро.

👥 Учество земаат млади истражувачи и стручњаци од целиот Западен Балкан, кои низ предавања, практична работа со сателитски податоци и теренска посета на НП Галичица ги надградуваат своите знаења за следење на пожарите.

🌍 Пожарите секоја година зафаќаат големи површини пасишта и земјоделски посеви, нанесувајќи сериозни штети на руралните заедници низ регионот. Настанот ја нагласува важноста на раната детекција на пожари, како и потребата од ефикасно справување и менаџирање со пожарите преку регионална соработка и современи геопросторни технологии.

📍 Скопје – Охрид, Северна Македонија
🗓️ 6–12 септември 2026

#ФЗНХ #ЗападенБалкан #Пожари #РураленРазвој #Земјоделство

08/09/2026
‼️ Вториот рок за пријавување на Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје е во тек! 🎓🌱 Ако размислуваш за својата ...
07/09/2026

‼️ Вториот рок за пријавување на Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје е во тек! 🎓

🌱 Ако размислуваш за својата иднина, сега е вистинскиот момент да го направиш првиот чекор. Избери современо образование, практични знаења и професија со иднина!

На Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје ќе стекнеш современи знаења, практични вештини и искуство што ќе те подготват за успешна кариера. Светот секогаш ќе има потреба од стручни кадри кои произведуваат квалитетна, безбедна и одржлива храна. Денес, земјоделството сè повеќе се потпира на дигитализацијата и вештачката интелигенција – а токму тоа е дел од образованието што го нуди ФЗНХ.

✅ Современо образование со фокус на квалитетна и безбедна храна

✅ Искусен и посветен наставен кадар

✅ Атрактивни и современи студиски програми

🆕 Дигитално земјоделство – нова студиска програма што создава инженери за земјоделството на иднината преку примена на современи дигитални технологии

✅ 6 амфитеатри, 30 предавални и 50 лаборатории (од кои 7 акредитирани)

✅ 74 хектари сопствено опитно поле за практична настава и истражувања

✅ Соработка со повеќе од 200 компании од агро-прехранбениот сектор

✅ Практична работа и можности за ЕРАЗМУС+ мобилности

✅ Државни стипендии до 18.000 денари месечно за најдобрите студенти

🎓 Инвестирај во својата иднина. Избери образование што создава знаење, отвора можности и те подготвува за професиите на иднината.

‼️📌 Вториот рок за пријавување е во тек!

👉 www.fznh.ukim.edu.mk

💚 Ве очекуваме!

#ФЗНХ #УКИМ #СтудирајНаФЗНХ #ТвојатаИднинаПочнуваТука #ВторРок

Со особена гордост го споделуваме успехот на студентката Марија Симоновска од Факултетот за земјоделски науки и храна – ...
04/09/2026

Со особена гордост го споделуваме успехот на студентката Марија Симоновска од Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, добитник на престижното признание „Инженерски прстен 2026“.

„Инженерски прстен“ е едно од најзначајните признанија за најуспешните дипломирани инженери во земјата и претставува симбол на знаење, труд, посветеност и професионалност.

🎓 Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје упатува искрени честитки до Марија Симоновска за ова значајно признание, со желби за многу нови успеси, професионални достигнувања и остварувања во нејзиниот понатамошен развој!

Горди сме на нашите студенти! 💚

Меѓународна научно-стручна работилница „Tropilaelaps напредува кон Европа“Од 1 до 5 септември, во Охрид ќе се одржи меѓу...
31/08/2026

Меѓународна научно-стручна работилница „Tropilaelaps напредува кон Европа“

Од 1 до 5 септември, во Охрид ќе се одржи меѓународна научно-стручна работилница посветена на паразитот Tropilaelaps, една од најсериозните закани за европското и светското пчеларство.

Настанот го организираат Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје (Македонија) и Универзитетот во Вирцбург (Германија), во соработка со Македонската академија на науките и уметностите, а со целосна поддршка од DAAD - Deutscher Akademischer Austauschdienst. Раководители на овој проект се проф. д-р Ricarda Schiener и проф. д-р Александар Узунов.

Ќе учествуваат експерти и претставници на пчеларите од Македонија, Германија, Турција, Грција, Велика Британија, Хрватска, Србија, Унгарија, Босна и Херцеговина и Косово.

Со организацијата на еден од првите вакви настани, Лабораторијата за биологија и селекција на медоносни пчели од Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје ја потврдува својата подготвеност навремено да ја информира пчеларската јавност и активно да ги следи современите светски научни текови.

Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје и НЈСК Холдинг потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува...
25/08/2026

Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје и НЈСК Холдинг потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува партнерство насочено кон поврзување на образованието, науката и стопанството. 🌱

Соработката ќе опфати:
🔹 развој на заеднички проекти и истражувања
🔹 размена на знаења и искуства
🔹 примена на современи технологии и иновативни решенија
🔹 вклучување на студенти и млади истражувачи
🔹 поврзување на научните сознанија со практиката

Посебен фокус ќе биде ставен на развојот и примената на научно засновани методи и современи технологии во земјоделското производство, како и на поврзувањето на земјоделските науки со фармацијата и фармацевтската индустрија.

„Веруваме дека ова партнерство ќе отвори нови можности за практична примена на знаењата, развој на иновативни решенија и професионален развој на нашите студенти и млади истражувачи“, истакна проф. д-р Миле Маркоски, декан на ФЗНХ – Скопје.

🌱 Заедно создаваме знаење, поттикнуваме иновации и градиме нови можности за иднината!

🎓 Стипендии за студентска извонредност 2026/2027 🎓Имаш одличен успех и амбиција за личен и професионален развој? Оваа мо...
24/08/2026

🎓 Стипендии за студентска извонредност 2026/2027 🎓

Имаш одличен успех и амбиција за личен и професионален развој? Оваа можност е за тебе! 🌟

Фондацијата „Атанас Близнакоф“ објавува повик за доделување на 50 стипендии за студентска извонредност на редовни студенти запишани на прв циклус студии при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје:
🎓 40 стипендии за студенти од сите факултети во состав на УКИМ - Скопје.
🌱 10 дополнителни стипендии за студенти кои ќе се запишат на определени факултети, меѓу кои и Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.

Овие стипендии се наменети за мотивирани студенти кои сакаат да се образуваат и да придонесат во областите на земјоделството, производството на храна, ветерина, шумарството, екологијата, екоинженерингот, природните науки, циркуларната економија, одржливиот развој и сродни области.

Предност ќе имаат кандидати кои:
• имаат практично искуство или семејна поврзаност со земјоделство и производство на храна;
• учествувале на работилници, проекти или натпревари од областа на земјоделството, екологијата, преработката на храна или природните науки;
• во мотивацискиот есеј јасно ја изразуваат својата намера за запишување на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.

💰 Износ на стипендијата: 2.500 $ годишно
📅 Рок за аплицирање: 31 август 2026 година

✅ Услови за аплицирање:
• редовен студент во прва година на УКИМ;
• завршено средно образование со просек најмалку 4,0;
• државјанин на Република Северна Македонија;
• семеен приход кој не го надминува утврдениот праг;
• да не е корисник на друга стипендија повисока од 6.000 денари месечно.

📝 За повеќе информации и аплицирање:
https://e-scholarship.macedonia2025.com/ #/home

Address

16-ta Makedonska Brigada Br. 3 Улица 16-та Македонска бригада бр. 3
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје:

Share