Факултетско студентско собрание на Фармацевтски факултет

Факултетско студентско собрание на Фармацевтски факултет

Share

Macedonian Pharmaceutical Students’ Association- MPSA

MPSA is internally recognized as Student Parl

Photos from Факултетско студентско собрание на Фармацевтски факултет's post 15/05/2026

✨ Со големо задоволство споделуваме дека денес успешно се одржа работилницата „Кариерен пат на еден фармацевт“ — уште еден настан посветен на инспирација, учење и отворање нови хоризонти за нашите студенти.

👩‍⚕️💊 Во рамки на предавањето „Кариера без граници: од студент во Италија до создавање вредност дома“, имавме чест да ја угостиме Катерина Аџиска Јованоска — дипломиран фармацевт на Универзитетот во Ферара, Италија, а денес генерален директор на Фитофарм.

📚 Преку својата инспиративна приказна, таа ни го доближи својот професионален пат — од студентските денови и предизвиците на студирањето во странство, до градењето успешна кариера и создавање вредност во сопствената држава.

🙏 Искрено ѝ благодариме на нашата гостинка за издвоеното време, отвореноста и инспирацијата што ја сподели со нас, како и на сите студенти кои со своето присуство и активност придонесоа овој настан да биде уште едно успешно кариерно патување.

🤝 Посебна благодарност до Центарот за кариера за поддршката и организацијата на овој настан.

04/05/2026

Драги студенти,

Со големо задоволство најавуваме работилница ,,Кариерен пат на еден фармацевт”. 👩‍🎓👩‍🔬

Ве покануваме да ни се придружите на “Кариера без граници: од студент во Италија до создавање вредност дома”! 📈👩‍⚕️💊

Катерина Аџиска Јованоска е дипломиран фармацевт на Универзитетот во Ферара, Италија,
денес генерален директор на Фитофарм, Скопје.

▪︎ Датум: 15.05.2026
▪︎ Место: предавална 2 на ФФ
▪︎ Време: 11:00 часот

Ве очекуваме на ново кариерно патување, 🛣️🇮🇹🇲🇰
кариерни искуства и совети 😉

Photos from Факултетско студентско собрание на Фармацевтски факултет's post 04/03/2026

🇪🇺✨ На 26 февруари во Европскиот парламент во Брисел се одржа EPSA Annual Reception 2026!

🎯 Тема:
Health Literacy Starts Here: Why Pharmaceutical Education Matters!

Студенти од Фармацевтскиот факултет при УКИМ беа дел од овој престижен настан и ја претставуваа нашата академска заедница на европска сцена 💊🎓

🗣️📚 Во деновите околу настанот беа одржани инспиративни предавања и интерактивни работилници, меѓу кои и "Professional Visit – European Association of Hospital Pharmacists", кои овозможија нови знаења, вмрежување и професионален раст 🤝🏥

Настанот уште еднаш ја истакна важноста на современото фармацевтско образование и улогата на идните фармацевти во градење посилен и поодржлив европски здравствен систем 🌍🔬

Photos from Факултетско студентско собрание на Фармацевтски факултет's post 28/12/2025

ССФМ беше особено активен во изминатиот период, а доказ за тоа е уште еден успешно реализиран проект во низата! 🧪

Успешно ја остваривме Twinnet соработката меѓу нашиот сојуз и сојузот на студенти по фармација од Ниш – NiPSA.

Размената во Скопје се одржа во периодот од 27.11 до 1.12, а во текот на овие денови студентите имаа можност да се запознаат со различни аспекти од фармацевтската професија – инструментална анализа, фитохемија, аптекарска пракса и многу повеќе.

Голема благодарност до Фармацевтски факултет Скопје, Еурофарм аптеки, Алкалоид АД Скопје - Билка и Недканн Македонија 💚

2025 навистина беше успешна година за ССФМ и се надеваме дека ќе продолжиме во иста насока и во 2026! 🎉

Photos from Факултетско студентско собрание на Фармацевтски факултет's post 12/12/2025

📣 Денес на Фармацевтскиот факултет се одржа Отворениот ден, каде што сите заинтересирани посетители имаа можност да се запознаат поблиску со студиските програми, лабораториите, научно-истражувачката работа и студентскиот живот на нашиот факултет.

🔬 Настанот беше успешно реализиран со извонредна посетеност. Повеќе од 120 средношколци учествуваа на интерактивните активности, демонстрациите и разговорите со студентите и професорите, при што одблиску се запознаа со значењето и убавината на фармацијата како професија.

❤️ Голема благодарност до сите ученици и идни колеги што ни се придружија денес.

Photos from Факултетско студентско собрание на Фармацевтски факултет's post 07/12/2025

🎓✨ Со голема радост го прославивме Меѓународниот ден на студентите како дел од заедничкиот настан на УКИM. За нас, ова беше прекрасна можност да ја приближиме фармацијата до сите заинтересирани посетители.

💊 На нашиот штанд студентите од Фармацевтскиот факултет претставија дел од она што го учиме, од практичните вежби до основите на лабораториската работа. Преку разговори, демонстрации и интерактивни активности, им покажавме како изгледа студирањето на фармација одвнатре.

🔬 На настанот беше презентиран и научниот истражувачки труд на тема:
“Компаративна студија на составот на етерични масла од различни видови борови и смреки во Македонија, со посебен осврт на Pinus heldreichii - балкански ендемит.”

🧪 Средношколците и студентите имаа можност да прашаат сѐ што ги интересира, а ние со задоволство споделивме искуства, насоки и совети за идните фармацевти.

❤️ Голема благодарност до сите што нѐ посетија и ни дадоа дополнителна поддршка.

Photos from Факултетско студентско собрание на Фармацевтски факултет's post 07/12/2025

Учење, инспирација и нови перспективи! 💡

Со вас ги споделуваме впечатоците од 70-тото EPSA Генерално Собрание кое се одржа во периодот 19-23 ноември во Саламанка, Шпанија 🇪🇸

Јована, Нина, Александар, Андреа, Хурмете, Анастазија и Анастасија зедоа активно учество на овој настан и достојно го претставија ССФМ 👩🏻‍🔬🔬

И додека ги сумираме сите впечатоци и сѐ уште уживаме во сеќавањата под топлото шпанско сонце ☀️ и магичната EPSA атмосфера, веќе ве подготвуваме за следниот конгрес во Бидгошч, Полска 🇵🇱

Сите информации и линк за пријавување најдете ги во нашиот highlights - отворени повици!

До следна дружба,
Ваше ССФМ

27/09/2025

Драги бруцоши,

⚕️Со големо задоволство ве покануваме на ориентацискиот ден на Фармацевтски факултет со цел да се запознаете подорбо со студирањето почнувајќи од програмата која сте ја одбрале, средината во која ќе студирате, просториите и секој аспект од вашиот академски живот. 🎓🎓🎓

📍Ориентацискиот ден ќе се реализира на 01.10.2025 година со почеток од ⏰️15:00 до 16:00 часот во просториите на Фармацевтскиот факултет. 📍

Група на студенти ќе се погрижи да добиете практични совети со кои вашите студии ќе бидат значително олеснети во секој сегмент.
📚 Стоиме на располагање во било кое време за вас се додека се прилагодите на новата академска средина. 🧪🧬

✨️ Ви посакуваме успешен почеток и се гледаме во среда! ✨️

19/09/2025

🎯 Од студент до вработен за само 48 часа!
🚀 RE – Hackathon: 48 Hours to MedRep
📍 Локација: Netaville Coworking Space
📅 Датум: 26.09.2025 | 11:00 – 15:00
👩‍🎓👨‍🎓 Дали си студент на крај од студии на Фармацевтски, Медицински или Стоматолошки факултет?
🚗 Ако си активен возач со амбиција за кариера во маркетинг и продажба во фармацевтска индустрија?
✨ Имаш енергија, афинитет и желба да се издвоиш?
Те повикуваме на Хакатон предизвик каде за 48 часа ќе поминеш пат од студент до понуда за работа на позиција:
👉 Медицински претставник во Реплек.
🎤 Те очекуваат:
•Тимска работа на реални предизвици
•Pitch Yourself – претстави се во 120 секунди!
•Поддршка од ментори – од Реплек
•Нетворкинг, сертификати и welcome пакет
🌟 Со изборот на најдобрите, веднаш следи вклучување во Replek Academy – уникатна програма за развој на идни медицински претставници.
💡 Ова е твојата шанса да бидеш дел од фармацевтска приказна која остава трага.
📲 Аплицирај веднаш на [email protected]
(paperclip)Тел: 075 / 397- 518

19/09/2025

🎯 Од студент до вработен за само 48 часа!

🚀 RE – Hackathon: 48 Hours to MedRep

📍 Локација: Netaville Coworking Space

📅 Датум: 26.09.2025 | 11:00 – 15:00

👩‍🎓👨‍🎓 Дали си студент на крај од студии на Фармацевтски, Медицински или Стоматолошки факултет?

🚗 Ако си активен возач со амбиција за кариера во маркетинг и продажба во фармацевтска индустрија?
✨ Имаш енергија, афинитет и желба да се издвоиш?

Те повикуваме на Хакатон предизвик каде за 48 часа ќе поминеш пат од студент до понуда за работа на позиција:
👉 Медицински претставник во Реплек.

🎤 Те очекуваат:
-Тимска работа на реални предизвици
-Pitch Yourself – претстави се во 120 секунди!
-Поддршка од ментори – од Реплек
-Нетворкинг, сертификати и welcome пакет

🌟 Со изборот на најдобрите, со вработувањето веднаш следи вклучување во Replek Academy – уникатна програма за развој на идни медицински претставници.

💡 Ова е твојата шанса да бидеш дел од фармацевтска приказна која остава трага.

📲 Аплицирај веднаш на

[email protected] Тел: 075 397 518

Photos from Факултетско студентско собрание на Фармацевтски факултет's post 09/05/2025

Во одлична и опуштена атмосфера ја реализиравме првата работилница oд серијалот "Кариерен пат на еден алумни". 👩🏼‍🎓⚕️

Имавме можност да научиме нови вештини, размениме идеи и да уживаме во продуктивна и инспиративна комуникација во врска со кариерниот пат. 🌼

Голема благодарност до сите учесници и нашиот алумни Маја Стефкова како и Центарот за кариера при Фармацевтскиот факултет што придонесоа ова искуство да биде толку позитивно.

Со нетрпение ги очекуваме следните активности! 🍀✨️

Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Website

Address


St. Majka Tereza No. 17
Skopje
1000