22/06/2026
📣 По речиси две децении работа на домашниот и регионалниот пазар, Агенција Рејтинг започнува ново поглавје преку партнерство со лондонската истражувачка компанија Latenta.
Станува збор за стратешко партнерство преку кое Рејтинг ќе ги нуди своите комуникациски услуги и експертиза на меѓународни клиенти, додека пак на клиентите во Македонија и регионот за прв пат ќе им ги понуди напредните истражувачки методологии и алатки на Latenta.
Оваа соработка за македонскиот и регионалниот пазар значи воведување на напредна бихевиорална наука во истражувањата - методологија која Latenta веќе ја применува за над 80 глобални брендови во повеќе од 34 земји низ Европа, Африка и Азија.
Преку комбинација на бихејвиорална психологија, маркетинг наука и вештачка интелигенција, Latenta гради прецизни профили на одлучување, вклучувајќи ги скриените вредности, мотивите, уверувањата, стравовите и надежите кои навистина определуваат зошто некој купува, гласа или останува лојален.
За компаниите, институциите и организациите тоа значи подлабоки увиди за нивните потрошувачи, подобро позиционирање на брендовите, попрецизни стратегии и поквалитетни деловни одлуки.
Горди сме што преку ова партнерство најдобрите светски практики во истражувањата стануваат достапни и на нашиот пазар, додека истовремено македонското комуникациско знаење и искуство добиваат можност да бидат дел од глобални проекти.