СИМБИОТИКА - Институт за индивидуален и организациски развој

СИМБИОТИКА - Институт за индивидуален и организациски развој

Share

Ние ги развиваме индивидуите и организациите за да пос

Основач и претседател е проф. д-р Лазар Ѓуров

ВРЕДНОСТИТЕ на Институтот за индивидуален и организациски развој СИМБИОТИКА се:

1- ние веруваме дека човекот е во постојана еволуција и развој.

2- ние веруваме дека секоја индивидуа и организација поседува неограничени потенцијали да биде успешна, да ги остварува своите поставени цели, а истовремено да функционира со внатрешна хармонија и среќа.

3-

01/05/2026

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК ВРЕДНИ ЛУЃЕ!

Честитки до сите кои секој ден чесно, посветено, трудољубиво, искрено и упорно ги извршуваат своите работни задачи и придонесуваат кон заедничкиот успех.

Благодарност за подготвеноста да се вложи време, енергија и знаење за да се создаваат добри резултати.

Посебна благодарност до нашите вработени, кои тоа го прават секој ден. Искрено сме среќни што заедно ја градиме СИМБИОТИКА како препознаен, релевантен и квалитетен партнер во поддршката на развојот на компаниите.

Апел до работодавачите: постојано да ги преиспитуваме условите и поддршката што ја даваме. Да бараме начини да ги цениме и поддржуваме вработените, бидејќи без добра синергија нема долгорочност, континуиран успех и заедничка иднина.

Да вложуваме во поддршка на вредните луѓе, затоа што тие го движат целиот тим напред.
Надоместокот е важен и треба да биде фер и соодветен на придонесот и резултатите. Но подеднакво важни се и условите за работа, односот, можностите за развој и чувството на препознаеност и ценетост.

Да се трудиме повеќе за вработените да бидат задоволни, мотивирани и посветени.

СРЕЌЕН 1 МАЈ! ✊️💪🎉

Нека биде посреќен од претходниот, а мотивирачки за следниот да го дочекаме со барем +35% напредок - во резултати, во надомест, во посветеност, во среќа, во тимска работа и во заедништво. 🚀

12/04/2026

Честит празник 🎉
Христос воскресна!
Навистина воскресна!

11/03/2026

📢 Оглас за вработување: Консултант за учење и развој (Learning & Development Consultant)
Дали сакаш да бидеш дел од тим кој со љубов, посветеност и експертиза работи на развој на луѓе и организации?
Институт Симбиотика ве поканува да станете дел од нашиот тим!

Институт Симбиотика повеќе од 10 години успешно работи на пазарот на развој на човечки ресурси.
Наша мисија е да обезбедиме целосна поддршка за развој на индивидуите и организациите – да им помогнеме да станат поорганизирани, поуспешни и посреќни.
✔ Го јакнеме лидерството
✔ Креираме услови за креативно и синергично тимско работење
✔ Ги оспособуваме вработените за соочување со предизвици и зголемување на работниот перформанс

Нашето портфолио зборува за нас:
➡️ Над 1000 индивидуи поминале низ наши обуки и работилници
➡️ Реализирани програми во повеќе од 40 компании (домашни и интернационални), граѓански организации, државни институции и амбасади

Ќе имате можност активно да учествувате во:
🟢 Подготовка на едукативни програми, вежби и материјали за курсеви и обуки на темите: лидерство, менаџмент, тимска работа, емоционална интелигенција, ефективна комуникација, трансформација на конфликти, преговарање, продажба, менаџмент на време, ефективно водење на состаноци, оценување и развој на вработени, мотивација на вработени и сл.
🟢 Истражување и анализа на потребите за развој кај вработени
🟢 Организација и реализација на тимбилдинзи
🟢 Реализација на програми за организациска култура
🟢 Одржување комуникација и давање поддршка на наши клиенти
🟢 Подготовка на содржини за настани и кампањи за промоција на услугите на Симбиотика

👤 Кои се соодветни профили за оваа работна позиција: психолози, педагози, едуцирани во областа на човечки ресурси и сл.

🎯 Бараме личност која е на возраст до 29 години бидејќи вработувањето е во рамки на програма која се реализира со Агенција за вработување и го има тој критериум.

Ако имаш вештини во подготовка на содржини за интерактивни онлајн програми за учење (instructional design), вклучувајќи активности, сценарија и практични вежби, ќе се смета за предност.

📩 Доколку се препознаваш во оваа улога, испрати ни го твоето CV и кратко мотивациско писмо.
Стани дел од тим кој креира вистинска разлика во развојот на луѓето и организациите! ✨

Ги очекуваме вашите пријави до 20.3.2026 до 16:30 часот.

Институт Симбиотика: Само преку развој до успех и среќа!
simbiotika.mk
[email protected]

#вравотуваме #ПрвИзборЗаРазвој

04/03/2026

Од идеја и план, до реализација и енергија на терен со вашиот тим. ✨

Контактирајте нè на [email protected] за целосна организација на вашето следно тимбилдинг искуство. 🚀

#ПрвИзборЗаРазвој #ПрвИзборЗаТимбилдинг #тимбилдинг #развој #успех #среќа

13/02/2026

🔔 Потсетник | 24.02.2026
Во организација на Стопанската комора на Македонија, ќе се одржи еднодневен интерактивен семинар за развојна организациска култура.

📍 Локација: Стопанска комора на С. Македонија, сала 3 – 3-ти кат
🕘 Фокус: што во пракса значи „развоен“ начин на работа и како се гради култура каде луѓето учат, преземаат иницијатива и се подобруваат континуирано.

Ќе зборуваме (и ќе вежбаме) за:
• фиксeн vs. развоен mindset
• психолошка безбедност
• грешки: казна или учење
• фидбек што носи развој
• јасни очекувања и критериуми за успех

🎯 Што добивате: алатки и конкретни чекори што може веднаш да се применат во тим – за поголема ангажираност и подобар перформанс.

👥 За кого: директори/топ менаџмент, менаџери и тим лидери, HR & L&D, и компании во раст/промени.
🎓 Предавач: проф. д-р Лазар Ѓуров

📌 Пријава на линкот:
https://www.mchamber.mk/mk/home/nastaniinfo/312

03/02/2026

На 24.02.2026, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен интерактивен семинар на тема создавање развојна организациска култура – како да изградиме компанија во која вработените и лидерите се отворени за учење, развој и континуирано подобрување.

Во време на постојани промени и повисоки очекувања, организациската култура директно влијае на ангажираноста, перформансот, односот кон грешките, иницијативата и подготвеноста за промени. Семинарот е практичен и интерактивен, со конкретни примери и вежби – со фокус на тоа како да препознаеме и промениме модели што го блокираат растот и како да создадеме развоен начин на размислување во тимовите.

✅ По завршување на семинарот, учесниците ќе можат да:
објаснат што е развојна организациска култура и како се разликува од „фиксен“ mindset
препознаат однесувања и практики што го поттикнуваат или блокираат развојот
разберат како лидерските реакции на грешки, фидбек и промени ја обликуваат културата
применат конкретни начини за охрабрување учење, иницијатива и подобрување
постават јасни очекувања и да дефинираат први практични чекори за примена во својот тим

🧩 Клучни теми:
фиксен vs. развоен начин на размислување
психолошка безбедност како основа за развој
лидерството како двигател на културата
перформанс менаџмент и евалуација
грешки: казна или учење
фидбек како развојна алатка
усогласување цели, очекувања и критериуми за успех
пренос на културата во секојдневната работа

👥 Наменето за: сопственици/директори и топ менаџмент, менаџери и тим лидери, HR и L&D професионалци, како и компании во раст, трансформација или организациски промени.

🎓 Предавач: Проф. д-р Лазар Ѓуров, основач и претседател на нашиот Институт СИМБИОТИКА, универзитетски професор и консултант со долгогодишно искуство во организациски развој, лидерство и организациска култура.

☕ За учесниците е обезбедено: работен материјал (електронски), ручек, кафе и освежување, и сертификат за присуство.

📌 Пријавување најдоцна до 26.02.2026 на линкот:

https://www.mchamber.mk/mk/home/nastaniinfo/312

ДА СИ КАЖЕМЕ - Лазар Ѓуров - Како да останеме мотивирани во постигнување на целите 22/01/2026

🎥Кога се зборува за периодот по Нова година, често се отвора темата за „нов почеток“ – но и прашањата: како реално да си поставиме цели, како да останеме мотивирани и што нè сопира да истраеме до крај. Тема што е од исклучително значење за личниот развој, во секоја сфера од животот.

Во интервју за емисијата „Да си кажеме“ на Утринска на Телма телевизија, Лазар Ѓуров зборува зошто е важно да се поставуваат цели, како да се одржи мотивацијата и истрајноста, и кои се најчестите причини зошто луѓето се откажуваат – било да станува збор за спортски, професионални или лични цели.

▶️ Погледнете го интервјуто на линкот:

ДА СИ КАЖЕМЕ - Лазар Ѓуров - Како да останеме мотивирани во постигнување на целите Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

01/01/2026

#ПрвИзборЗаРазвој #ПрвИзборЗаТимбилдинг
#тимбилдинг #развој #успех #среќа

Photos from СИМБИОТИКА - Институт за индивидуален и организациски развој's post 30/12/2025

Дојде на ред и нашиот тимбилдинг! 😄🏔️

Поминавме два дена во Маврово во наш ритам и динамика - низ тимски игри, забава и дружба, но и со простор за рефлексија каде искрено се „чекиравме“ како тим.

Низ активностите работевме на координација, доверба и поддршка, а низ рефлексијата си ги кажавме работите што ни одат добро, што сакаме да подобриме и што ни е важно во начинот на кој функционираме заедно. 🤝

Посебно вредно беше планирањето за наредната година: си ги подредивме приоритетите, го усогласивме правецот и си поставивме јасни чекори за да бидеме уште пофокусирани и поефикасни.

И секако, не изостана ни делот за уживање. 🎉

Cozy атмосфера, пеење покрај каминот и размена на подароци - моменти што ќе ги паметиме. 🥂✨

Во новата година, се враќаме со нова енергија, уште пофокусирани и спремни за идните предизвици. 🌱💪

#ПрвИзборЗаРазвој #ПрвИзборЗаТимбилдинг #тимбилдинг #развој #успех #среќа

Интервју со Лазар Ѓуров од инститиут „Симбиотика“ 24/12/2025

Кога се зборува за развој на компаниите, често се отвораат прашања за поголема ефикасност, начинот на кој функционираат тимовите и каков лидерски пристап најдобро ги поддржува луѓето и резултатите во организациите денес.

Во интервју за Телма Телевизија, со Лазар Ѓуров се отвори темата за бизнис дијагностика – како пристап што помага да се идентификуваат клучните предизвици, да се постават јасни насоки за подобрување и да се работи на организациска култура, стабилни тимови и одржлив раст.

▶️ Погледнете го целото интервју:

Интервју со Лазар Ѓуров од инститиут „Симбиотика“ Како до поголема продуктивност на вработените и градење на посилни лидерски капацитети кои директно влијаат врз успехот, стабилноста и развојот на секоја фир...

Интервју: Зголемување на продуктивноста преку поефикасно управување со човечките ресурси 11/12/2025

🎥 Зголемувањето на продуктивноста на вработените е резултат на ефективно работење со човечките ресурси, јасни системи и процедури, квалитетно лидерство и препознавање на трудот и потенцијалот на луѓето.

Во емисијата „Gjurmët – Hapat e zhvillimit“, нашиот Лазар Ѓуров зборуваше за продуктивноста на вработените низ призма на улогата на HR, јасните очекувања и структури, лидерството како фактор што ја поттикнува мотивацијата, вложувањето во обуки и знаење, фидбекот и создавањето средина во која вработените чувствуваат смисла, припадност и придонес кон развојот на компанијата.

▶️ Погледнете го интервјуто тука:

Интервју: Зголемување на продуктивноста преку поефикасно управување со човечките ресурси Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Address


Skopje
1000